ДСЗИ: Заболените од Ковид-19 да не се лекуваат дома без документ од матичниот лекар


Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) со апел до граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување. Директорката на инспекторатот д-р Ирина Бухова вели дека апелот го упатуваат со […]

Заев: Решение со Бугарија е можно, ако се сака од двете страни


 Премиерот Зоран Заев денеска повтори дека ниту тој, ниту ЕУ добила гаранции од Бугарија за деблокирање на процесот за членство на земјава во Унијата, потенцирајќи сепак дека работните групи продолжуваат да работат и оти е можно да се најде решение доколку двете страни тоа го сакаат. -Гаранции  од Бугарија не добивме за време на словенското […]

Во дуалните паралелки одбрале да учат 1.400 ученици


Зајакнување на учењето преку работа и поврзување на образованието со бизнис-заедницата, усвојување вештини што му се потребни на пазарот на трудот со што ќе се зголеми вработиливоста, како и реформи на компетенциите на Центарот за стручно образование и обука (ЦСОО) беа главни цели на тригодишниот регионален проект „Училиштата се среќаваат со компаниите“ во кој беа […]

Заев: Претседател Албанец ќе биде избран кога сите граѓани ќе бидат подготвени да гласаат за него


Премиерот Зоран Заев вели дека нема ништо против претседател на државата да биде Албанец и оти би сакал да го дочека тоа, но нагласи дека за тоа да се реализира потребна е поддршка не само од Албанците кои живеат во земјата туку и од останатото неалбанско население, бидејќи како што рече, претседател се избира на […]

За Шилегов, загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје


Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје и тоа е добра вест за скопјани. Официјалните бројки покажуваат нешто многу поразлично од тоа што го покажувале пред 4 години односно може да се забележи дека просечната вредност на ПМ честички на метар кубен е намален речиси за двојно. Ако во 2016 година сме имале 71,9 микрограми […]

На Клиниката за кардиологија изведени први процедури на аблација на преткоморна фибрилација


Министерството за здравство денеска соопшти дека во периодот од 7 до 8 октомври овој месец, на Универзитетската клиника за кардиологија, првпат во земјава со стопроцентна успешност беа направени процедури на радиофреквентна аблација на преткоморна фибрилација со помош на 3Д мапинг систем од страна на експерти аритмолози-електрофизиолози. Медицинскиот термин преткоморната фибрилација (ПФ), всушност претставува аритмија која […]

Интервју со Христо Кондовски: Битола ја замислувам како велеград


Од овој град со неверојатни природни предиспозиции, мора да направиме место кое  граѓаните нема да сакаат да го напуштат. Битола ќе ја засакаме уште повеќе, вели во интервју за „Независен“, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Христо Кондовски   Анета Блажевска БИТОЛА – Вредната конзулска историја на Битола треба да биде спакувана во убава сегашност и […]

Доделени наградите на најдобрите дипломирани студенти на УКИМ


Дваесет и двајца најдобри дипломирани студенти од учебната 2018/19, и исто толку од учебната 2019/20 година денеска добија пофалници и пригодни награди за остварениот успех. Исто така, и десет студенти од редовни студии од завршниот семестар во прв циклус студии, кои покажаа особени резултати во студиите, од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на […]

ДИЖС: Во „Дрисла“ се горел опасен отпад иако нема соодветна инсталација


В.Д. директорот на Инспекторатот за животна средина Сретен Стојковски денеска информира дека откако е дојден на функција, издадени се решенија за забрана на прием и третман на 26 видови на опасен отпад во ЈП „Дрисла“, поради непоседување на соодветни инсталации. – Во овој период се изречени решенија на ЈП за депонирање на комунален отпад „Дрисла“ […]

Вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 2,8 милиони евра


Вакцинацијата ги намалила трошоците за хоспитализација за 170,8 милиони денари или 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот, покажува најновиот бриф на „Finance Think“. Вакцинацијата, според проценките, ја намалила хоспитализацијата помеѓу 37,9 и 46,5 проценти и спречила да се заразат дополнително околу 14.500 луѓе или 148 повеќе новозаразени на ден […]

Нов скок на цената на нафтените деривати


Нафтените деривати од полноќ поскапуваат од два до два ипол денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 поскапуваат за два денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 75,5 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по […]

„Златен глобус 2022“ ќе има, ама без телевизиски пренос


САД – Телевизискиот оператор „Ен-би-си“ соопшти дека, нема да го емитува „Златен глобус 2022 година“, поради зголемениот притисок од филмските работници врз Холивудската асоцијација на странски новинари (ХФПА), којашто е организатор на свеченоста. Се шпекулира дека доделувањето може да има форма на прес -конференција како што тоа го направија за време на штрајкот на писателите […]

Кој е кандидатот на Левица кого премиерот го прати на психијатар?


Носителот на советничката листа на Левица во Прилеп, Иван Јованоски, е активистот кој го блокираше приодот до Могилата на непобедените и му дофрлаше навреди на премиерот Зоран Заев. Наводно, немал намера да коментира ништо, но „не можел да се воздржи од присуството на владината делегација“.   „Тоа што го кажав беше чист револт. Метафорички кажано, […]

За изборите, лични карти ќе се издаваат и во сабота и во недела


Во пресрет на претстојните локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври 2021 година, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10.2021 година ќе работат на […]

Италијанец почина за време на лов во близина на Попова Шапка


Италијанец починал додека бил на лов во атарот на Попова Шапка. Тој починал на едно од ловиштата на Шар Планина додека бил во потрага по дивеч вчера околу 9 часот. – Вчера околу 9.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Ловиште Јеловјане-3“, во атар на Попова Шапка, починал Р.Б.(64) од Италија, […]

Царовска: Скринингот го координира Министерството за здравство – не се знае кога ќе почне


 Нема информации кога ќе почне скринингот на 8.200 ученици во основните и средните училишта, што од Министерството за здравство беше најавен за почетокот на оваа недела.  Преку регистарот во Е-дневник по случаен избор тие треба да бидат тестирани на Ковид-19, со согласност од нивните родители, за да се се добијат податоци дали има пренесување на […]

Студено време со врнежи од дожд и снег


Утре попладне во западните делови ќе има појава на локален дожд. Во текот на ноќта од запад со зголемената облачност врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а на југот ќе бидат пообилни, информира УХМР. Пообилни врнежи ќе има и в четврток, кога поради спуштање на студена воздушна маса, на планините, особено во […]

Германската компанија „Впд“ ќе гради ветерен парк кај Куманово за 500 милиони евра


Паркот на ветерни електрани што ќе го гради германската компанија „Впд“ ќе има моќност од дури 415 мегавати. Ова најголемата директна инвестиција во Македонија по независноста. За споредба, трите блока на РЕК „Битола“, кои користат јаглен, имаат моќност од близу 700 мегавати   Во Македонија наскоро ќе почне изградбата на 415 мегаватна ветерна електрана на […]

Се преврте возило на „Словенечка“, повредени тројца


На 12.10.2021 во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Словенија“ во близина на крстосницата со ул.„Македонска Косовска бригада“ и бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(47) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката […]

Пинк е најслушана пејачка во 21 век во Британија , по неа следат Мадона и Кети Пери


Англија- Пинк (42) е прогласена за  најслушана пејачка во 21 век во Велика Британија, во табелата составена од компанијата за лиценцирање музика PPL. Рангирањето e направено во однос на пуштање музика и податоци за емитување од британските радио станици и телевизиски канали. Според бројките, Пинк се пушта повеќе од Адел, Бијонсе, Ријана, Лејди Гага и […]