Сообраќајот на патот Дебар-Маврово Ростуше по една лента поради свлечиште


Сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента поради свлечиште. Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор […]

Фумио Кишида: Отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима не може да се одложи


Новиот јапонски премиер Фумио Кишида рече дека отстранувањето на отпадните води од нуклеарната централа Фукушима, оштетена во 2011 година за време на земјотрес и цунами, не може да се одложи и покрај загриженоста на локалното население. Во говорот за време на неговата прва посета на објектот откако ја презеде функцијата, премиерот Кишида рече дека неговата […]

Изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал и премиера на документарецот „Aretha Franklin: Amazing Grace“


Пред почетокот на овогодишниот 40. Скопски џез фестивал, што ќе се одржи од 20 до 24 октомври, вечерва во 19 часот, како програма плус во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе биде отворена изложба на плакати на Скопскиот џез фестивал насловена „Complicate Simply“. По отворањето на изложбата во Киното Фросина во МКЦ […]

Отворање изложба ,,Raffaelo Opera Omnia“ во Археолошкиот музеј


Изложбата „Raffaelo: Opera Omnia“ од утре ќе биде отворена за посетители во Археолошкиот музеј. Македонската јавност од вторник до недела, од 10 до 18 часот, ќе има можност да погледне 14 дела од најпознатите портрети на Рафаело Санти. Оваа изложба е во соработка со Италијанската амбасада и на неа ќе бидат изложени 14 дела, портрети […]

Денови на руската наука во МАНУ


Од денеска до 21 октомври ќе се одржат Денови на руската наука, во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Амбасадата на Руската Федерација во Северна Македонија и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Охрид. Свеченото отворање ќе се одржи во МАНУ, а како што најавија организаторите, во рамки на настанот ќе се […]

Шанса за Центар: Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме


Групата избирачи „Шанса за Центар”, кои учествуваа со своја листа на кандидати за советници во Општина Центар, објавија дека според досега објавените резултати, ќе имаат тројца советници. „Со еден советник бевме гласни, а сега со тројца ќе грмиме. Во советот е моќта и ние ќе бидеме вашиот глас и вашата сила таму.“, објавија тие на […]

Почнуваат отворените денови на Институтот за македонски јазик


Манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик јазик „Крсте Мисирков“ почнува денеска. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Институтот. Денеска е свеченото отворање, а настанот ќе трае шест дена до 22 октомври. На денешното свечено отворање поздравни обраќања ќе имаат Елена Јованова-Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје и […]

Заев е уверен дека СДСМ и коалицијата ќе имаат повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на СДСМ Зоран Заев ги оцени вечерва локалните избори како демократски, фер, слободни и европски. Обраќајки се до јавноста тој рече дека „СДСМ и Коалицијата победуваат во прв круг или имаат сериозно водство и влез во втор круг пред ВМРО-ДПМНЕ во повеќе од 30 општини во земјава. „Најдоброто победува и води пред ВМРО-ДПМНЕ во […]

Костадин Костадинов прогласи победа во Струмица со над 4.000 гласови повеќе


Кандидатот за градоначалник на Општина Струмица, Костадин Костадинов, прогласи победа на локалните избори со над 4.000 гласови повеќе од против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Жан Дрвошанов од над 80 проценти обработени податоци. Испративме порака до сите како да се може да се води кампања  и да се победат избори со над 4 илјади  гласови разлика без […]

(Видео) Мицкоски: Денес се слуша гласот на промените


– Ова е победа на младите, старите, жените, атеистите, муслиманите, на буквално сите. Победи народот, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција на партијата. Според него, ова е победа на хероите и денес се слуша гласот на промените. – Ова е и одговорност, нема да ве разочараваме и изневериме. Сѐ што кажав во кампањава […]

Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус на излезност


Во Општина Центар Жупа во првиот круг од локалните избори не е избран нов градоначалник, бидејќи не е обезбеден потребниот цензус на излезност од една третина од вкупно запишаните гласачи во единствениот избирачки список, потврди за МИА, претседателот на ОИК, Неџип Илјаз. „Право на глас во оваа печалбарска општина имаа 7.317 а го остварија 25 […]

Во Куманово ќе има втор круг, Максим против Оливер


 Независниот кандидат за градоначалник од иницијативата „За наше Куманово“, Максим Димитриевски, вечерва заедно со приврзаниците од градскиот плоштад најави дека влегува во вториот круг од локалните избори 2021. Тој кажа дека води пред останатите кандидати, според обработените податоци.   – Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност. […]

Николовски: СДСМ победува во Град Скопје


Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, го повика ВМРО-ДПМНЕ да не шири лажна еуфорија, бидејќи изборите не се арена за навивање туку натпревар за обезбедување подобар живот на граѓаните. Притоа, Николовски објави дека кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петре Шилегов, води во Скопје и дека очекуваат негова победа. Исто така, тој објави дека СДСМ победува  или […]

ДИК: Шилегов води пред Арсовска во Скопје


Според првичните бројки што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница, во трката за градоначалник на Град Скопје води кандидатот на СДСМ Петре Шилегов, пред независната кандидатка, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска. До 22:40 часот во системот на ДИК се обработени податоци од општините Сарај, Центар, Карпош, Чаир, Кисела Вода и Гази Баба, […]

Три лица загинаа во САД, полицаец се бранел од напад со нож


Најмлаку тројца се убиени во инцидент во Арканзас, САД, кога полицаец пукал бранејќи се од напад со нож, соопшти Полицијата. Меѓутоа, тие не изнесоа повеќе детали за тоа што точно се случило, ниту за начинот на кој луѓето се убиени и што довело до тоа полицаец од Форт Смит да пука од пиштол, пренесе АП. […]

СДСМ: Во Битола ќе има втор круг


Од СДСМ велат дека битката е изедначена и дека за избор на градоначалник во Битола ќе има втор круг.    „Во моментот имаме податоци за помалку од половина од изборачките места во Битола и според нив нашиот кандидат Христо Кондовски е изедначен со противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно во Битола ќе имаме втор круг кога Битола […]

Земјотрес од 5 степени во Албанија


Силен земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, регистриран е во соседна Албанија. Земјотресот бил почувствуван во 22.13 часот, на 53 километри северозападно до главниот град Тирана. Потресот се случил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почуваствуван по целиот брег на Албанија, но и во соседна Црна Гора. M5.0 #earthquake (#tërmet) strikes 54 […]

ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Битола


Во исчекување на официјалните податоци од ДИК, ОК на ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Битола. На вечерашната прес-конференција од вкупно 170 избирачки места и обработени 68 избирачки места во аналитичкиот центар на партијата, од партијата рекоа дека има разлика од 1.600 гласови во полза на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ. Односно 6.400 гласови за кандидатот на СДСМ, […]

Ахмети тврди дека водат во Тетово, Билал Касами дека победил


  На изборите се покажа демократска култура, а изборите се рефлексија на една држава и со тоа овој процес помина во најдобар можен ред и сакам да им честитам на сите учесници, кажа претседателот на ДУИ, Али Ахмети. -Сакам да им честитам на сите членови на ДУИ за оваа победа и тоа после онаа од […]