Културен настан „80 години од првиот истрел – култура и уметност =непокор”


По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, Министерството за култура организира прослава „80 години од првиот истрел – култура и уметност =непокор”. Настанот ќе се одржи на 18 октомври (понеделник) во 20 часот во дворот на Министерството за култура. Настанот и бројот на гостите ќе биде во согласност со протоколите за заштита од Ковид 19.

Првични резултати во Косово: Во 19 општини избран градоначалник во прв круг


По преброени повеќе од половина од гласачките ливчиња, резултатите укажуваат дека во Косово се избрани градоначалници на 19 општини уште во првиот круг, пишува Коссев. Од досега објавените резултати на веб -страницата на Централната изборна комисија, Дечани, Качаник, Јужна Митровица, Лепосавиќ, Липљан, Ново Брдо, Обилиќ, Пеќ, Србица, Штрпце, Сува Река, Урошевац, Зубин Поток, Звечан, Генерал […]

Забавува растот на кинеската економија


Во третиот квартал од 2021 година, кинеската економија забележа најбавен раст во последната година од 4,9 проценти, поради проблеми со дефицитот на електрична енергија, проблеми во синџирот на снабдување и големиот потрес на домашниот пазар на недвижности, соопшти Националната завод за статистика (NBS). – Заздравувањето на домашната економија сè уште е нестабилно и нерамномерно, рече портпаролот на НБС, Фу Лингви, на брифинг […]

Истражување на ЦЕПЕР: Потрошувачите во Централна Европа сè почесто користат безготовинско плаќање


Потрошувачите во пет земји од Централна Европа, вклучително и Словенија, од почетокот на пандемијата на Ковид-19 почесто користат безготовинско плаќање, покажува истражувањето на Центарот ЦЕПЕР. Електронското плаќање е најпопуларно во Словенија, каде што мнозинството испитаници потврдија дека бараат од трговците да понудат барем еден облик на безготовинско плаќање, јави СТА. Во Словенија, Словачка, Чешка, Унгарија […]

Форд со голема инвестиција во Велика Британија


Автомобилскиот гигант Форд ќе инвестира 230 милиони фунти (315 милиони долари) во една од своите фабрики во Велика Британија за производство на компоненти на електрични возила, што ќе даде огромен поттик за автомобилската индустрија, јави ДПА. Компанијата соопшти дека фабриката во Хејлвуд на Мерсисајд, во близина на Ливерпул, ќе се „трансформира“ за да изработува електрични […]

Шест болници одбиле да примат пациентка во Софија


  Шест болници во Софија, Бугарија, одбиле да примат пациентка која имала тежок облик на Ковид-19, заради што возилото на итната помош три часа кружело низ градот, јавува „Новините“. Жената, која била приклучена на кислород, примена е дури во седмата болница, наведува бугарскиот портал. Како што велат од итната служба, тие работат на граница на […]

Гафови на светски лидери при „исклучен” микрофон


Не се случува тоа често, но јавноста понекогаш добива можност да дознае што навистина мислат светските големци еден за друг. „Политико“ ги разгледува случаите што се појавија на насловните страници, сведочејќи дека светската елита не е имуна на озборувањето „зад грб“, но пред несреќно вклучен микофон… Елизабета Втора: Овие луѓе „не прават ништо“ за климата […]

(Видео) Во поплавите на југот на Индија загинаа најмалку 24 лица


  Најмалку 24 луѓе загинаа во поплавите на југот на Индија. Подрачјето го погодија силни дождови, што предизвикаизлевање на реките. Меѓ загинатите има и пет деца, а се стравува дека бројот ан смртни случаи може да расте со оглед на тоа што многумина се бводат како исчезнати. #HADROps #KeralaFloods Indian Air Force medium lift helicopters […]

Строгите рестриктивни мерки во Оукленд остануваат во сила уште две недели


Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн соопшти дека заклучувањето во најголемиот град во земјата, Оукленд, ќе остане во сила уште две недели. – Нема да има промени во рестриктивните мерки воведени во Оукленд пред повеќе од два месеци, рече Ардерн на прес-конференција и нагласи дека рестриктивните мерки во Оукленд се најстрогите меѓу земјите на Организацијата […]

Во Охрид сепак ќе има втор круг


Ноќеска изгледаше дека неочекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот кандидат за градоначалник е дефинитивна, но резултатите на Државната узборна комисија покажуваат дека таму сепак ќе се оди во втор круг. Според пребрени 100 отсто од гласовите, Кирил Пецаков освоил 48,54 отсто од гласовите (14.380), а кандидатот на СДСМ, сегашниот градоначалник, Константин Георгиевски, 42,95 проценти […]

Кина тестирала нова хиперсонична ракета


Кина во август тестирала нова хиперсонична ракета, јави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на неколку извори. Ракетата со нуклеарен капацитет кружела над Земјата во ниска орбита пред да забрза кон својата цел, „демонстрирајќи напредни вселенски способности што ги изненадија САД“, велат изворите. Три извори запознаени со разузнавачки извештаи за Фајненшл Тајмс изјавиле дека ракетата ја промашила […]

Синоќешниот земјотрес во Албанија, почувствуван во цела западна Македонија


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерта на 17 октомври во 22 часот и 13 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 147 km западно од Скопје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4,8 […]

Фејсбук ќе создаде 10.000 работни места во ЕУ заради создавање на т.н. мета-вселена


Фејсбук најави дека во наредните години ќе отвори 10.000 нови работни места во ЕУ за висококвалификувани професионалци кои ќе помогнат во изградбата на „мета-вселена“, јави ДПА. Создавањето паралелен дигитален свет е сон на основачот на Фејсбук Марк Закерберг. Компанијата работи со други партнери за да развијат „нова фаза на меѓусебно поврзани виртуелни искуства користејќи технологии […]

Во Португалија, практично, не остана никој за вакцинирање


Португалскиот здравствен систем беше пред колапс. Болниците во главниот град Лисабон беа преполни, а властите апелираа до сите што може да се лекуваат дома. Во последната недела од јануари, речиси 2.000 луѓе починаа во нов бран на коронавирусот. Програмата за вакцинација во оваа земја беше скоро непостоечка, па владата се обрати до вицеадмиралот Енрике Гувеја […]

Локални избори: Партиите не ги чекаат официјалните резултати – сите се чувствуваат победници


Во очекување на официјалните резултати на Државната изборна комисија, најголемите политички партии ввеќе прогласија победа по првиот круг на Локалните избори што се одржаа вчера. Најмногу слави опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ велат дека по завршување на вториот круг ќе имаат повеќе градоначалници од главниот политички конкурент, прославуваат и ДУИ и Алијанса на Албанците кои велат […]

Од почетокот на пандемијата со корона вирусот се заразиле повеќе од 240 милиони луѓе ширум светот


Најмалку 4.891.684 луѓе починале од корона вирусот, а 240.314.450 се заразиле од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, САД се најтешко погодената земја по бројот на смртни случаи и заразени со 724.153 смртни случаи и 44.916.462 заразени. По САД, најтешко погодени земји се Бразил со 603.152 смртни случаи и 21.638.726 заразени, Индија со 452.124 смртни случаи […]

Скандинавски авиокомпании укинуваат задолжително носење маски на летови меѓу Данска, Норвешка и Шведска


Четири скандинавски авиокомпании од денеска го укинаа барањето за носење маски за време на летовите меѓу Данска, Норвешка и Шведска, јави ДПА, истакнувајќи дека нивото на вакцинација во земјите од регионот е меѓу највисоките во светот. Скандинавските авиокомпании (SAS), Norwegian, Flyr и Wideroe ги укинуваат своите строги барања за носење маски за време на летовите. […]

Нормализиран сообраќајот на патот Дебар-Маврово Ростуше


Нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на регионалниот пат Дебар-Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвиваше наизменично по една коловозна лента поради свлечиште, кое е санирано.

Во ново пукање на универзитет во Луизијана, едно лице е убиено, а седум се повредени


Едно лице е убиено, а седум други се повредени во пукање на Универзитетот Грамблинг во Луизијана. Тоа е втор таков фатален инцидент во кампусот за помалку од една недела, соопшти универзитетот. Еден од повредените е студент на универзитет, додека другите не се, објави универзитетот на Твитер. Пукањето се случи вчера, околу еден часот по полноќ. […]

Средба на шефовите на дипломатиите од ЕУ – тема и Западен Балкан


Министрите за надворешни работи од земјите-членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за односите со Западен Балкан, во контекст на средбата помеѓу високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и лидерите од регионот во ОН. Според српската агенција Бета тие „ќе разговараат и за ситуацијата во северно Косово“, се наведува во подготвителната […]