Инструментите од Планот за забрзан економски раст ќе донесат 12 милијарди евра инвестиции во наредните пет години


Инвестициите имаат значајна улога во заздравување на економијата и постигнувањето на повисоки стапки на раст. За таа цел со Планот за забрзан економски раст што го подготви Министерството за финансии, а вчера беше усвоен од Владата, се обезбедува координиран пристап на јавниот и на приватниот сектор како начин за проширување на опфатот на опциите за […]

Нов црн рекорд во Русија од ковид, во Полска случаите одат забрзано нагоре


Русија постави уште еден нов рекорд за дневни смртни случаи од ковид – 1.123. Со тоа официјалниот број на загинати во државата е 233.898, иако има големи соменвања дека тој број не е точен. Независната анализа на прекумерните смртни случаи во Русија за време на пандемијата на „Москва тајмс“ го одреди вкупниот број на смртни […]

Радев го прекршил Уставот зошто именувал министер со двојно државјанство


    Бугарскиот претседател Румен Радев го прекршил Уставот на земјата кога на 10 мај годинава го назначи Кирил Петков за министер за економија во преодната влада. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова денеска го одлучи Уставниот суд на Бугарија. Одлуката е донесена речиси едногласно, бидејќи само еден судија ја прифати одлуката […]

За две недели бројот на новозаразени во Хрватска се зголемил за 100 отсто


Во последните 24 часа се регистрирани 4.571 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска, а бројот на активни случаи е 20.645, информира Националниот штаб за цивилна заштита. Повеќе нови инфекции имало само на 10 декември, кога биле пријавени 4.620 случаи. Во моментов 1.207 пациенти се во болница, од кои 153 се на респиратор. […]

Модата ќе доминира во Ист гејт мол: Кои нови брендови доаѓаат во Македонија?


Покрај машката колекција Hugo Boss пристига и женската колекција, Mango во Ист гејт мол , ќе биде со со двојно засилување: машка и детска колекција, а Zara се проширува со Zara Home… Како нација која тера мода, а не трпи критики за мода, која сака да се дотерува, а ретко почитува дрес-код, која се жали […]

„Мајкрософт“ со рекорден квартален профит од над 20 милијарди долари, приходите се зголемија за 22 отсто


За првпат досега, американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ оствари квартален профит од над 20 милијарди долари, а истовремено приходите на компанијата се зголемија за 22 отсто, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите. Нето добивката на Мајкрософт во кварталот јули-септември, односно во првиот квартал од фискалната година на компанијата, изнесува 20,5 милијарди долари, што е за 4,0 милијарди […]

За Јотова Договорот за добрососедство не е добар


Договорот за добрососедство не е добар документ. Премногу е општ, рамковен и не се спроведува, изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова, која заедно со претседателот Румен Радев имаше средба во Софија со претставници на бугарските организации во Македонија. „Само една година откако претседателот Румен Радев го постави прашањето за правата на македонските Бугари на европска маса, […]

Погба ги прекина преговорите со Манчестер јунајтед за продолжување на договорот


Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба ги прекина преговорите за продолжување на договорот, објави „ЕСПН“. Договорот на играчот е пресметан до летото 2022 година. Манчестер јунајтед сака што поскоро да го обнови договорот со Французинот за да не си замине бесплатно на крајот од сезоната. Претходно беше објавено дека по натпреварот со […]

ДИК го повлече спорното упатство за изборите


Државната изборна комисија на денешната сдница ја поништи предложената измена на упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња во пресрет на вториот круг од локалните избори. Предложената измената, која сега е поништена,  предвидуваше за важечки да се сметаат и гласачките ливчиња без печат, во ситуации кога е направен  пропуст од страна на избирачкиот одбор. Во […]

Бугарски „Труд“: Бугарка вербално линчувана во Скопје


Бугарскиот весник „Труд“ објавува денес дека „Бугарка е вербално линчувана во Скопје“, анализирајќи го случајот со кандидатката за градоначалник Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ. „Дали е лошо да си Бугарин во Македонија? Од тонот и сугестиите на официјалната прес-конференција на владејачката партија СДСМ на Зоран Заев во Северна Македонија, тоа е лоша работа“, […]

Арсовска: Не поседувам бугарско државјанство и никогаш не сум го носела името Даниела


Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска денес ги негираше тврдењата дека е бугарски државјанин. „Јас во целост ги негирав овие наводи и морам да кажам дека не само скопјани, туку и цела Македонија знае и верува дека луѓето кои што ги продадоа македонските национални интереси сега, два дена пред изборите излегуваат со наводи […]

Македонскиот земјоделско-прехранбен систем има потреба од дополнителни реформи за да биде конкурентен и отпорен на сите предизвици


Неопходни се нови политики, правила и модел што ќе овозможат одржлив развој на македонското земјоделство и прехранбена индустрија. Новиот систем треба да биде прилагоден на спецификите, локалните услови и потребите на секторот, но истовремено треба да ги вгради искуствата и позитивните практики од водечките светски развиени земјоделски системи, каков што е италијанскиот. Истовремено, новиот систем […]

Времено ангажираните во скопските јавни претпријатија ќе добијат траен работен однос


За „чаршиските муабети“ дека ВМРО-ДПМНЕ и АА веќе ги делат јавните скопски препријатија доколку кандидатката Данела Арсовска стане градоначалник на Скопје, актуелниот градоначалник на градот и кандидат на СДСМ за нов мандат, Петре Шилегов вели дека тоа се луѓе кои што немаат грижа за градот. -Тие гледаат на Скопје како политички плен, а не како […]

Во продажба билетите за јубилејниот 20. ОФФ-Фест


Влезниците за јубилејното 20. издание на традиционалниот ОФФ-Фест, што годинава ќе се одржи од 9 до 13 ноември, се веќе достапни (во строго ограничен број) на билетарницата на НОБ и на mktickets.mk.  Фестивалот годинава е сочинет од 5 концертни настапи и еден документарен филм. ОФФ-Фест 2021 ќе го отвори, на 9 ноември (вторник), извонредното португалско/шпанско дуо Lina_Raül Refree, коешто испорачува […]

Радев се сретна со претставници на здруженија на Бугари од Македонија


Претседателот на Бугарија Румен Радев во Претседателството прими делегација на бугарската заедница во Македонија, составена од претставници на политичката партија Граѓанско-демократска унија, здруженијата Центар за култура „Иван Михаилов“ од Битола, „Трибина“ од Прилеп, Македонска – бугарско пријателство од Скопје, „Коридор 8“ – Скопје, „Интеракција“ – Охрид и „Единство“ од  Кочани. Ова е прва средба на […]

Кампања до политичко истребување за градската фотелја


Освен бугарскиот пасош и бугарската лична карта, СДСМ објави денес бројни документи од кои се гледа менаџерскиот капацитет на кандидатката за градоначалник Данела Арсовска, имотната состојба и направените долгови. Од ВМРО-ДПМНЕ пак возвратија со исто толку долг список за наводна злоупотреба од актуелниот градоначалник во врска со концертот на Дино Мерлин.    „Почесната конзулка на […]

Во Лондон рочиште на кое САД повторно бараат екстрадиција на Асанж


Англија– Во Лондон денеска почнува дводневното рочиште на кое американската влада повторно ќе бара екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, за да му се суди за обвинение за шпионажа.   Во јануари, судија на понискиот суд во Лондон го одби американското барање за екстрадиција на Асанж, поради објавувањето илјадници тајни воени документи преку Викиликс […]

Клоп е главен кандидат за тренер на Барселона


 Барселона сака да го види првиот човек на Ливерпул Јирген Клоп како главен тренер, објави „Sport.es“. Во каталонскиот клуб се уверени дека актуелниот нивни тренер, Роналд Куман, следната година ќе го напушти тимот. Меѓу кандидатите за негова замена е и екс-фудбалерот на Барса, Чави. Барселона засега нема официјална понуда до Клоп. Според изворот, се размислува […]

Нови ковид протоколи за влез во Данска и Италија


Данска и Италија со нови Ковид протоколи за македонските државјани. Со најновата одлука на данските власти во оваа земја ќе можат да се влезе со валиден ЕУ дигитален сертификат кој вклучува потврда за вакцинација (вакцини одобрени од ЕМА)/потврда за закрепнување (не постара од 12 месеци) или негативен ПЦР тест.  Во Италија, пак, македонските граѓани не ќе […]

СДСМ објави и бугарска лична карта на Данела Арсовска


На денешната прес-конференција на Славјанка Петровска од СДСМ објави  фотографија од личната карта на Данела Арсовска издадена во Бугарија. Од фотографијата се гледа дека е издадена во 2017 година, непосредно по крвавите настани во македонскиот Парламент. -Личната карта е издадена на 5-ти мај 2017 година, само една недела после крвавиот 27-ми април и упадот во […]