Нов црн рекорд во Русија од ковид, во Полска случаите одат забрзано нагоре


Русија постави уште еден нов рекорд за дневни смртни случаи од ковид – 1.123. Со тоа официјалниот број на загинати во државата е 233.898, иако има големи соменвања дека тој број не е точен. Независната анализа на прекумерните смртни случаи во Русија за време на пандемијата на „Москва тајмс“ го одреди вкупниот број на смртни случаи на 660.000. Русија, исто така, пријави 36.582 нови случаи на корона вирус.

Москва ќе воведе нови ограничувања од утре, а следната недела владата наложи еднонеделен платен одмор за сите работници кои не се неопходни. Околу една третина од возрасните Руси имале барем една доза од четирите вакцини достапни во земјата.

Полското министерство за здравство објави дека имало 8.361 нови случаи во претходните 24 часа. Тоа е голем пораст во однос на 6.265 регистрирани претходниот ден. Властите, исто така, рекоа дека имало 44 смртни случаи за кои се проценува дека се должат на Ковид-19, а регистрирани се дополнителни 89 смртни случаи каде што Ковид-19 бил присутен заедно со коморбидитети.