Модата ќе доминира во Ист гејт мол: Кои нови брендови доаѓаат во Македонија?


Покрај машката колекција Hugo Boss пристига и женската колекција, Mango во Ист гејт мол , ќе биде со со двојно засилување: машка и детска колекција, а Zara се проширува со Zara Home…

Како нација која тера мода, а не трпи критики за мода, која сака да се дотерува, а ретко почитува дрес-код, која се жали дека сѐ е скапо, ама има пари за чевли и чанти, која се фали со Луј Витон, а не знаеш дали е оригинал или фалсификат, се возбудуваме на секој нов трговски центар кој не доближува до регионалните модни центри и кој ветува квалитетен шопинг и пазарување.

Ист Гејт Мол, инвестиција на групата Балфин, најголемиот регионален инвестициски фонд, се отвора за јавноста в петок и ќе биде препознатлив по единствената понуда која обединува повеќе од 220 големи глобални и регионални брендови од сите категории, почнувајќи од мода, преку ресторани, електроника, аксесоари за домот, понуди за деца, до кино и забава.

Миксот на брендови кој долго и трпеливо се создаваше се издвојува како уникатен микс во регионот којшто вклучува 40 проценти на нови брендови, значајни имиња кои првпат доаѓаат во Македонија, но и голем број досега добро познати и присутни брендови. Над 50 отсто од вкупната површина за изнајмување се од сегментот на модата.

-Креиравме совршен микс од брендови и лоцирање на она што недостасува како понуда со цел да се привлечат посетителите, но и да се задржат оние купувачи кои заминуваат на пазарење во странство поради одредени брендови кои не биле присутни во нашата држава. Се следеа параметри како буџет, правилна распределба на категориите мода, спорт, забава, храна и најважното – потрошувачките навики. Поставуваме индикатори кои ги следиме во текот на целиот работен процес за на крајот да дојдеме до финален производ кој со сигурност ќе ги помести границите на квалитетното пазарување, велат од Ист гејт мол.

Ѝ покрај фактот што државата не е членка на ЕУ, многу брендови на кои сме навикнати  да ги гледаме во Бугарија  и остатокот на Европа се застапени или директно или преку локални франшизери што се докажани како многу доверливи и лојални партнери.

Кои се ново-стари брендови во Ист гејт мол?

Сите светски малопродажни групации доаѓаат со целосно портфолио како Индитекс, ЛПП и „Fashion Group“. Форматите на продавниците се импресивни и се простираат во просек на 2.000 м2.

Брендот  Hugo Boss  покрај машката, за прв пат нè запознава и со женската колекција, составена од внимателно одбрани парчиња за дамите со уникатен вкус.

Омилениот бренд Mango, во Ист гејт мол , ќе биде со со двојно засилување: машка и детска колекција.

Во Ист гејт мол ќе биде присутен новиот бренд за софистицирани мажи – Dan John, како еден од омилените на единствените Италијанци за чие чувство за мода и не би смееле да зборуваме!

На новитетот на кој особено му се радуваме оваа есен е пристигнувањето на брендот за козметика Kiko Milano како прв во „Фешн груп“ , а омилен на девојките ширум светот.

Само некои од познатите брендови што ќе се наоѓаат на оваа шопинг дестинација се и Zara i Zara Home , Armani Exchange, Calvin Klein, Sinsay, XYZ, Reserved, Oysho, The Athlete’s Foot, Twinset, Patrizia Pepe , XYZ, Valentino, Tods, Furla, Neptun Electronics, Tinex, Tinex Cosmo, Dsquared2 , Pandora, Massimo Dutti, De Facto, Madame Coco, Babor Cosmetics, Prenatal, Fashion & Friends, Okaidi, Springfield, Timberland, Parfois, Rebecca…

За Ист гејт мол

East Gate Mall ќе биде обележје на Скопје како и проект кој ќе ги постави стандардите во сегментот на трговски центри во Југоисточна Европа. Благодарение на локацијата и опсегот на целокупниот проект, тоа ќе биде дестинација за пазарење и уживање за целиот регион, привлекувајќи 12 милиони посетители годишно. 

Посебна предност на оваа шопинг дестинација е нејзината локација, бидејќи Ист гејт мол се наоѓа на само 5 минути од центарот на Скопје и е веднаш до автопатот М4. Се простира на 5 нивоа, има над 57.000 квадратни метри малопродажен простор и дури 2.000 паркинг места, што го прави најголема шопинг дестинација во цела Македонија и во тој дел од регионот. Годишниот обрт во центарот Ист гејт се проценува на 12 милиони посетители. Целиот проект се состои од 1.600 станови и 60.000 метри квадратни А класа канцелариски простор во кој ќе бидат сместени интернационални компании, банки и локални бизниси. Сè на сè, овој комерцијален центар ќе биде многу атрактивен за граѓаните на Скопје и ќе понуди модерна средина со полн спектар на услуги и рекреација.

Покрај добрата локација и уникатните брендови, Ист гејт мол е импресивен по својата модерна архитектура, во која секој сегмент од фасадата, преку импресивни сводови и елегантни излози и продавници, пространи плоштади и оази за релаксација и одмор, создава чувство да се биде центар на неговиот свет. Уникатното шопинг искуство е особено засилено со богатата понуда на кафулиња и ресторани каде што ќе имате можност да истражите разни светски кујни и да ги задоволите сите ваши сетила, а модерно опремените кина ќе ви овозможат ново ниво на уживање во мултимедијални содржини.

Л. Сабит