„Допирот – Ние сме тука: идни екологии“ – изложба во „Мала станица“


Утре, во Мултимедијалниот центар „Мала станица“, во 20 часот ќе биде отворена главната изложба на Допирот, дел од проектот НИЕ СМЕ ТУКА: ИДНИ ЕКОЛОГИИ, мултимедијален проект на кураторот Ана Франговска, а во соработка со Националната галерија на Република Северна Македонија, во партнерство со Британскиот совет и „Лукс“. Изложбата ќе биде поставена до 15 октомври 2021. […]

Сведок на обвинителството во случај против Нетанјаху, и неговата сопруга загинаа во несреќата кај грчкиот остров Самос


Израел – Израелски медиуми објавија денеска дека двете лица кои загинаа во авионската несреќа во близина на грчкиот остров Самос, се Хаим Гарон и неговата сопруга Ести. Според „Тајмс оф Израел“, Хаим Гарон беше заменик шеф на израелското Министерство за комуникации и сведок во случајот за корупција против поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху. На Нетанјаху му се […]

АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани


АД ЕСМ долгорочно ќе изгради 1000 MW фотонапонски електрани како клучен дел од планот за енергетска трансформација, односно префрлање на производството на електрична енергија кон обновливи извори, рече денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски на Енергетскиот форум МЕФ 2021 што се одржува во Скопје. Над 70 проценти од нашето производството моментно доаѓа од […]

Нова поддршка од ФИТР – за поттикнување на социјалното претприемништво


Бизнисите на поинаков начин да ги гледаат работите – наместо само кон профитот, да бидат свртени и кон природата, општеството, човекот, а претприемачите, посебно младите, својот иновативен капацитет да го стават во функција не само на својата компанија, туку и на својата заедница. Со овие две клучни пораки денеска беше презентиран првиот Повик за поттикнување […]

Три слободни денови за секој вакциниран во Русија


Русија – Работодавачите во Русија мора да бидат обврзани да им обезбедат на вработените три слободни денови по секоја фаза на вакцинација против коронавирусот, соопшти Институтот за социјални истражувања и развој на граѓански иницијативи. Иако Русија беше прва во светот што се пофали дека развила вакцина против коронавирусот, вакцинацијата во Федерацијата е екстремно бавна. Досега, само […]

Димитров во Солун на регионална конференција посветена на европската перспектива на Западниот Балкан


На покана на алтернативниот министер во грчкото Министерство за надворешни работи, Милтиадис Варвициотис, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров,утре (среда, 15.9.2021 год.) ќе биде дел од специјалната дискусија „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“. Преку учеството на вицепремиерот Димитров заедно со министрите за европски и надворешни работи од регионот, како […]

Десет ревии во МСУ: Македонската мода во фокусот на ЕXPO 30


Модни ревии на македонски дизајнери, документарец, диџеј сетови и дегустација на македонски производи на Expo 30 По повод одбележување на 30 години независност на државата ќе се одржи EXPO.30, настан во организација на Боттега Евенти и поддржан од страна на Владата на РС Македонија. Настанот ќе се одржи на 16 и 17 септември во Музејот на современа […]

Џеф Бриџис: Покрај коронавирусот, ракот е шега


САД – Глумецот Џеф Бриџис на својата интернет-страница откри дека бил заразен со коронавирусот во јануари и бил в болница со недели, додека во истовреме бил и на хемотерапија за ракот. И Бриџис и неговата сопруга Сузан Гестон биле позитивни на коронавирус. Таа „била в болница пет дена, а тој – пет недели“, како што пишува […]

Руски астролог открива кои хороскопски знаци ги очекува незапаметена среќа во октомври


Претставниците на некои хороскопски знаци радикално ќе го променат својот живот на подобро во октомври. Познатиот руски астролог Павел Глоба вели – ова е нивниот месец! Бик Убедливо најдобриот период во 2021 година за претставниците на овој знак ќе биде во октомври, кога ќе имаат голем успех. Сепак, иако позицијата на sвездите е исклучително поволна, […]

„Епл“ откри израелски софтвер опасен за кој било „Ајфон“


САД – Израелската компанија за кибер-безбедност, „НСО Груп“ развила уникатен софтвер со којшто е можно да се изврши хакерски упад во кој било „Ајфон“-уред на американски „Епл“, објави денеска мониторинг-групата за безбедност на интернет – „Ситизен лаб“. Оттаму велат и дека сознанието за постоење на спомнатата алатка е важно бидејќи ја открива чувствителноста на сите оперативни […]

ЕУ ризикува масовна миграција од Западен Балкан доколку не ги исполни ветувањата за проширување, предупредува Вархеи


Белгија– Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи оцени дека граѓаните на Западен Балкан може да ја предизвикаат следната мигрантска криза доколку Европа дозволи да пропаднат ветувањата за проширување и ја повика ЕУ да ја засили соработката со земјите од Западен Балкан за миграција. Во интервју за Маѓар Немзет, Вархеи рече дека авганистанската криза покажала „колку се […]

Четворица германски експерти ќе се вклучат во истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница


Германскиот тим од Федералната криминалистичка служба, кој треба да пристигне по завршената претходница деновиве, првично е составен од четворица, и тоа од двајца крим техничари и форензичари за истражување пожари и двајца крим техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање. Ова го соопшти портпаролот на Владата Душко Арсовски на денешната прес-конференција, […]

Техничките застои за пописот се надминати


Заклучно со вчера до 20 часот попишани се 512.457 лица, 158.519 домаќинства и 212.464 станови. Масовниот одѕив покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе за собирањето податоци, важни за креирање на заедничката иднина. Владата очекува пописот да продолжи со предвидената динамика и сите активности успешно да завршат до 30 септември, информира […]

Завршува вториот дел од реконструкцијата на улицата „Народен Фронт“


Општина Центар го завршува и вториот дел од улицата „Народен Фронт“ во населбата Капиштец. Со реконструкцијата целосно се уредува коловозот, на површина од вкупно 11.542 метри квадратни, а опфатени се и трите краци на улицата кои минуваат помеѓу зградите. Покрај коловозот, на „Народен Фронт“ се реконструираат и подигнатите пешачки платоа за смирување на сообраќајот и […]

„Амазон“ во Загреб бара програмери, а не простор за складирање


Пред неколку дена, хрватските медиуми објавија дека глобалниот лидер во електронската трговија, американскиот „Амазон“, ќе отвори својата канцеларија во Загреб, како дел од планот на компанијата да вработи дури 55.000 работници ширум светот. Како резултат на оваа објава, регионалните весници почнаа да шпекулираат за обемот на идниот бизнис во Хрватска и што тоа ќе значи […]

Нови проблеми за Џек Ма – кинеските регулатори бараат поделба на „Ант груп“


Информациите дека кинеската влада има намера да го раситни бизнисот на Ant Group Co. предизвика немир кај инвеститорите и пад на вредноста на акциите на кинескиот технолошки сектор, така што индексот Hang Seng Tech ослабе во понеделникот за повеќе од 2,2 проценти. Пекинг сака да го одвои работењето на платформата за плаќање преку Интернет „Алипеј“, […]

МЕЃАШИ: МОН да воведе задолжително бесплатно тестирање во училиштата, а наставата да се одвива и на отворено


Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ повикува на проактивност и мобилност од страна на Министерството за образование во образовниот систем, и бара да се воведе задолжително бесплатно тестирање за сите ученици и персонал во училиштата за да се спречи неконтролирано ширење на вирусот во училиштата. -Свесни сме и имаме голем број  информации кои до нас пристигнуваат како […]

Маорите бараат промена на името на државата Нов Зеланд


Новозеландската партија на староседелци Маори покрена петиција за промена на името на државата во Аотеароа те Рео Маори, барајќи сите оригинални обележја на Маорите да бидат вратени во следните пет години. „Одамна помина времето Те Рео Маори да се врати на своето место и да го обнови првиот официјален јазик на оваа земја. Ние сме […]

Почувствуван земјотрес во Виница и околината


Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 2,4 степена е регистриран ноќеска во 00 часот и 21 минути во епицентралното подрачје Делчево-Берово, на 100 километри источно од Скопје. Земјотресот е почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Студија: Единаесет отсто од израелските деца кои добиле вирус сега страдаат од „долгорочни ефекти на Ковид-19“


Израел – Речиси секое 11-то дете кое било позитивно на коронавирус, сега искусува долгорочни ефекти од Ковид-19 , се вели во студијата на израелското Министерство за здравство. Сепак, таа бројка исклучително се намалува по неколку месеци. Тешката форма на коронавирус е почеста кај возрасните, но нема доволно информации за ефектите на вирусот врз младите луѓе, кои […]