Руски астролог открива кои хороскопски знаци ги очекува незапаметена среќа во октомври


Претставниците на некои хороскопски знаци радикално ќе го променат својот живот на подобро во октомври. Познатиот руски астролог Павел Глоба вели – ова е нивниот месец!

Бик

Убедливо најдобриот период во 2021 година за претставниците на овој знак ќе биде во октомври, кога ќе имаат голем успех. Сепак, иако позицијата на sвездите е исклучително поволна, на Биковите им се советува да не преземаат неоправдани ризици во октомври.

Рак

Во октомври, претставниците на овој знак ќе сакаат промени, вели рускиот астролог. Имаат среќа, sвездите се во нивна корист во текот на овој период и тоа ќе им помогне да постигнат буквално се што имаа за цел. Најважно е да ја слушаат својата интуиција.

Девица

Октомври им носи на Девиците многу добри можности што не треба да ги пропуштат. Важно е само тие да постават приоритети бидејќи ќе се најдат на крстопат и ќе бидат принудени да одлучат што им е поважно: Љубов или финансии. Кога ќе донесат одлука, ништо нема да ги спречи.

Стрелец

Стрелците ќе бидат исклучително успешни следниот месец, ќе почувствуваат наплив на ентузијазам што ќе им даде ветар во крилата да постигнат се што имаат намера. Тие конечно ќе „воведат ред“ на работа и ќе бидат задоволни од резултатите. Треба да избегнуваат стрес и конфликти, особено дома.