МЗ: Вчера вакцинирани 15.424 граѓани, досега вкупно 761.579


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.424 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а […]

Брнз: Целата помош што ќе биде собрана, ќе се намени за семејствата на жртвите во пожарот во Тетово


Во Американската амбасада во Скопје денеска се одржа традиционалната крводарителска акција во чест на жртвите од терористичкиот напад на 11 септември 2001 година. Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз, која и самата се вклучи во крводарителската акција, најави дека целата помош што ќе биде собрана преку „American corners“ мрежата во земјава, ќе биде донирана […]

Хоспитализиран претседателот на Чешка од засега непознати причини


Чешка – Претседателот на Чешка Милош Земан (77) денеска беше пренесен, од засега непознати причини, во воената болница во Прага, каде, по игра на случајот, се наоѓа и поранешниот претседател Вацлав Клаус поради проблем со висок крвен притисок. Воената болница потврди дека Земан е хоспитализиран, но одби да коментира зошто и да ги потврди неофицијалните информации […]

Бонучи: Во Јувентус мора да се навикнеш на притисок


Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи, зборуваше за голманот на тимот Војчех Шчесни и претстојниот натпревар од 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите против Малме. – Тој треба да биде мирен и да не придава значење на критиките. Секој треба да биде фокусиран на теренот. Во Јувентус треба да се навикнеш на притисок. […]

На Кипар 80 отсто од населението вакцинирано со една доза


Со една доза од вакцината се имунизирани 80 отсто од граѓаните на Кипар, а во следните две до три седмици, процентот на целосно вакцинирани ќе достигне до 80 отсто, рече министерот за здравство на Кипар Михалис Хаѕипанделас, јави дописничката на МИА од Атина. Во писмената изјава, Хаѕипанделас вели дека „благодарение на одговорноста и на позитивниот […]

На Ортопедија првпат отстранет тумор на десна подлактица и заменет со коска од починат донор


Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17 – годишно момче со тумор на десната подлактица. Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков […]

Скопјанец без дозвола чувал автоматска пушка и муниција


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. – Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов“ во Скопје […]

Народен правобранител: Протоколите со пропусти, а здравјето на учениците е на прво место


Народниот правобранител отвори предмет по сопствена иницијатива со цел следење на остварувањето на правото на образование на децата, како и мерките и активностите кои ги преземаат надлежните органи за непречено остварување на ова право во услови на пандемија од Ковид 19 и испрати допис до министерството за образование и наука. Во нивниот допис се вели […]

Германските форензичари пристигнуваат утре


Германските форензичари пристигнуваат утре во Македонија, се дознава од дипломатски извори.  Тимот се состои од четворица при што двајца се кримтехничари форензичари за истражување на пожари, а другите двајца се кримтехничари форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање. Во МВР веќе се подготвува соодветна поддршка за заедничкото утврдување на фактите. Германските експерти ќе […]

Во училиштето „Димитар Поп Георгиев Беровски“ целосно се имплементираат реформите за прво и четврто одделение


Во централното основно училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров се имплeментираат реформите во програмите за прво и четврто одделение, а дигитализацијата се спроведува соодветно, истакна денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, која денеска беше во посета на ова училиште. -Денеска во ова улилиште разговарав со една од наставничките, со стручниот […]

Путин во самоизолација поради случаи на зараза со Ковид-19 во неговото опкружување


Русија– Рускиот претседател Владимир Путин најави дека ќе се самоизолира поради случаи на инфекција со коронавирус во неговата околина, објавија светските агенции. – Путин ќе биде во самоизолација извесно време, се наведува во соопштението на Кремљ. Поради тоа, шефот на државата ќе учествува онлајн на седниците на Советот за колективна безбедност на Организацијата за договор […]

Симовски: Негативна кампања за пописот има, но граѓаните не наседнуваат


 Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2021 година се одвива со посакуваниот интензитет, нормално без никакви застои и без никакви проблеми. Одбивањата се незначителни и се уште не применуваме никакви санкции, туку најпрво се разговара и се надеваме дека ќе успееме овие луѓе да ги убедиме да се попишат, изјави денеска директорот на Државниот […]

Договорени речиси 160 милиони евра нови странски инвестиции


Продолжува трендот на пораст на економската активност во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) и во август, трендот е стабилен и очекувам да продолжи и до крајот на годинава. Вкупното ниво на нови странски инвестиции кои се веќе договорени, потпишани или се во процедура на одобрување во Влада е близу 160 милиони евра. Предвидено е да […]

Белгија: Епидемиолозите против укинување на носењето маски на јавни места


Белгија– Додека соседна Холандија се подготвува да ја укине мерката за носење на заштитни маски на јавни места, во Белгија експертите предупредуваат дека е сѐ уште рано за оваа мерка, иако стапката на вакцинација во Белгија е повисока од Холандија, јавува дописничката на МИА од Брисел. Со најавите за укинување на маските во повеќе земји […]

Меркел стигна во Тирана, првата средба е со Рама 


Албанија – Германската канцеларка, Ангела Меркел, која ќе престојува во официјална неколкуласовна посета, пристигна на аеродромот во Тирана.    Taa беше пречекана од министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, германскиот амбасадор во Тирана, Петер Зинграф и албанскиот амбасадор во Германија, Артур Куко.    Џачка ја поздрави германската канцеларка и преку објава на социјалните мрежи и […]

Царовска: Вчера нови 50 ученици позитивни на Ковид-19


Од вкупно 240 илјади ученици кои се со физичко присуство во моментов во државата, активни случаи на ковид од почетокот на учебната година се 0,2 проценти. Во текот на вчерашниот ден дијагностицирани се нови 50 ученици позитивни на ковид, односно 0,02 проценти, рече денеска министерката за образование и наука, Мила Царовска во одговор на новинарско […]

До петок температурата до 35 степени, во сабота дожд, а од недела опаѓање на температурата


До петок ќе се задржи стабилно и топло време, а дневната температура ќе достигне до 35 степени. Во сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од недела температурите ќе бидат во постепено опаѓање, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност и […]

Трета доза од вакцината ќе примат околу 285.000 граѓани со хронични болести во Грција


Грција – Од денеска е отворена платформата за закажување термин за вакцинација со трета доза за одредени категории граѓани во Грција кои имаат хронични болести, а станува збор за околу 285.000 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопшти генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистиклеус, граѓаните кои припаѓаат на […]

Поќерката на Камала Харис на Мет Гала: Најсмелото издание на Ела Емхоф


САД– Ела Емхоф, поќерката на Камала Харис продолжува да се прославува во модниот свет, појавувајќи се на црвениот килим на Мет Гала во Њујорк во најсмелото издание досега. На своето прво појавување на најголемата вечер на модата избра црвено мрежесто боди со соодветни панталони на Стела Мекартни со стилизирани патики и накит „Картие“.  Младите ѕвезди […]

Се селам во Брисел, ќе излезам малку од локалниве „филмови“: Интервју со Лабина Митевска, актерка и продуцентка


Јас дома како котирам не сум баш пресреќна, ама пак ниту несреќна, бидејќи сум ја нашла алтернативата со професионална сатисфакција надвор од Македонија, вели Митевска во ексклузивно интервју за „Независен“. Почнува нова етапа од нејзиното работење со целосен ангажман во една од најпрестижните белгиски и европски продуцентски куќи, а како ко-продуцентка и актерка е ангажирана […]