Во 20 општини во трката за градоначалници ќе има и независни кандидати


Рокот за собирање потписи за независни кандидатури за претстојните локални избори на 17 октомври заврши и според Државната изборна комисија, потребниот број потписи го собрале 25 независени кандидати за градоначалник, како и 57 групи избирачи за советнички листи. Независни кандидати за градоначаници ќе има во општините Кичево, Чучер Сандево, Росоман, Македонска Каменица, Македонски Брод, Кратово, […]

Во Собранието пленарна седница и три комисии


Собранието денеска треба да ја продолжи 45-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог законски решенија, барања за автентичко толкување и годишни извештаи за работата на повеќе државни иниституции и тела. Пред пратениците во прво читање е Предлог Законот за медијација, со европско знаменце, а ќе треба да ги разгледаат и измените и дополнувањата […]

Анкета: Мнозинството Американци сметаат дека Вашингтон не ја постигнал целта во Авганистан


Мнозинството луѓе во САД веруваат дека Вашингтон не успеа да ја постигне својата цел во Авганистан. Ова покажува социолошка студија на Институтот Пју, јави ДПА. Има мала разлика помеѓу ставовите на демократите (69 проценти) и републиканците (70 проценти), кои веруваат дека американската мисија е неуспешна. Постојат јасни разлики во проценката за целосно повлекување на американските […]

Данскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија


Министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод денеска ќе претстојува во официјална посета на земјава. Северна Македонија е првата земја од регионот што Кофод ќе ја посети, како дел од неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан. Негов домаќин ќе биде министерот за надворешни работи Бујар Османи. На агендата на разговорите, како што соопшти […]

Невакцинираните здравствени работници во Грција од денеска на принуден, неплатен одмор


Одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на сите вработени во државните и приватните болници во Грција, од денеска стапува во сила, а невакцинираните здравствени работници ќе бидат на принуден, неплатен одмор, јави дописничката на МИА од Атина. Според грчките медиуми, околу 10 до 15 илјади вработени во болниците и понатаму се невакцинирани. Во јули […]

Целта на ЕУ со вакцинацијата е постигната, некои земји размислуваат за задолжителна имунизација


Кампањата за вакцинација против коронавирусот во Европската унија започна кон крајот на 2020 година, а целта беше до крајот на септември 2021 година да се вакцинираат 70 проценти од луѓето постари од 18 години. Европската унија ја постигна својата прва цел за масовна вакцинација против Ковид-19 во голема симболична пресвртница, изјави претседателката на Европската комисија, […]

Сончево со умерена облачност, попладне услови за дожд и грмежи


Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне претежно во северните делови облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а вдолж Поварадарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 8 до 18, а максималната ќе достигне од […]