„Спејс икс“ праќа мисија само со цивили, три дена во орбитата


„Спејс икс“ утре, ќе лансира четири лица во тридневна приватна мисија во орбитата на Земјата, прва каде ќе учествуваат исклучиво цивили. Компанијата на Илон Мaск со тоа влегува во борба за својот дел од колачот во вселенскиот туризам. Мисијата Inspiration4 го заокружува летото во кое милијардерите Ричард Бренсон и Џеф Безос полетаа во вселената со […]

Норвешката премиерка го призна поразот на парламентарните избори


Норвешката конзервативна премиерка Ерна Сoлберг го призна поразот на парламентарните избори и му честиташе на, најверојатно следниот премиер, Јонас Гар Стор, чија Лабуристичка партија освои најмногу гласови. Солберг (60) и нејзината конзервативна коалиција на власт се во Норвешка од 2013 година. Од своја страна, Јонас Гар Стор, изрази задоволство од победата и најави дека ќе […]

Неефикасниот „систем на ЕУ за депортирање мигранти“ ја охрабрува илегалната миграција


Неефикасноста во системот на Европската унија за враќање на илегалните мигранти во нивните земји на потекло има спротивен ефект од оној што е наменет, се наведува во Ивештајот на специјалните ревизори. Наместо да ги одвраќаат луѓето од патувањето кон Европа, тие всушност се охрабруваат да го сторат тоа, според Европскиот суд на ревизори (ЕЦА), пренесува […]

За власта не постои т.н. нон-пејпер, официјален предлог е оној на претседателството со ЕУ, за САД прашањето меѓу Скопје и Софија мора веднаш да се реши


Од Софија не е пристигнат никаков документ, бидејќи со месеци наназад не се водат никакви преговори за надминување на прашањето со Бугарија, соопшти вчера Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во врска со т.н. нон-пејпер за решавање на спорот меѓу двете земји, што вчера циркулираше во одредени медиуми. За Владата на Северна Македонија, пак, официјален е […]

Почина мајката на Борис Џонсон


Шарлот Џонсон Вал професионална сликарка и мајка на британскиот премиер Борис Џонсон, почина на возраст од 79 години. Џонсон Вал почина ненадејно и мирно во лондонска болница ов понеделникот, пренесе „Телеграф“. Даунинг стрир не одоговори на барањето за коментар, а и претставници на семејството не беа достапни. Џонсон за време на годишната конференција на Конзервативната […]

Шекеринска на средба со министрите за одбрана за одбрана од Западен Балкан и Австрија


Министерката Радмила Шекеринска денеска во австрискиот град Кремс учествува на конференција на министрите за одбрана од Западен Балкан и Австрија, посветена на соработката во регионот и неговите перспективи во ЕУ. На конференцијата министрите ќе потпишат заедничка Декларација за соработка и дијалог која опфаќа повеќе активности за одбранбена соработка во јакнењето на отпорноста на регионот, едукацијата, […]

Само вакцинирани на најголемата вечер на модата –Мет Гала во Њујорк (галерија)


САД- Мет Гала синоќа се врати во Метрополитен музејот на Њујорк, славејќи ја американската мода, но гостите не можеа да влезат ако не се вакцинирани. Настанот беше откажан во 2020 година поради пандемијата. Најчесто нарекувана „најголемата вечер на модата“, годишната изложба на музејот „Метрополитен“ препознатлива како Мет Гала, во последната деценија , стана голем настан на […]

Падна авион во Грција


Мал авион падна во понеделник во морето во близина на грчкиот остров Самоса, соопштија грчките власти, не изнесувајќи други детали. Грчката државна телевизија ЕРТ јави дека мал авион, за кој се прецизира дека е едномоторна „цесна“, во која имало две лица, паднал во близина на аеродромот на Самоса, пренесе Ројтерс. „Забележавме делови од авионот во […]

Извештај на кубански научници: Немало мистериозни напади на дипломати


Куба го објави најдеталниот извештај на своите еминентни научници, кои ги критикуваа наводите дека американски и канадски дипломати биле изложени на мистериозни напади на тој остров поради што имале здравствени проблеми. Во извештајот, 20 членови на Кубанската академија на науките доведоа во прашање дали различните пријавени симптоми воопшто може да се сметаат за ист синдром […]

Конференција „Жените во надворешната политика“ под покровителство на првата дама Ѓоргиевска


Дводневна конференција „Жените во надворешната политика“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, а под покровителство на првата дама на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска. Како што соопшти МНР, во фокусот на конференцијата ќе биде унапредувањето на позицијата на […]

Наградата „Ристо Шишков“ за Звездана Ангеловска


Актерката Звездана Ангеловска ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 29 издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Таа е наградена за улогата на Таа во претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак во продукција на Македонскиот народен театар од Скопје. Одлуката на фестивалското […]

САД со предупредување до своите граѓани да не патуваат во Србија поради состојбата со коронавирусот


САД – Американското министерство за надворешни работи ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Србија поради лошата епидемиолошка состојба со коронавирусот, но и да бидат особено внимателни поради криминал aко се во таа земја. Стејт департментот ги предупреди граѓаните да не патуваат во Србија и осум други дестинации поради вирусот, вклучувајќи ги Словенија, Албанија, Литванија, […]

Заев во Тирана на средба со Меркел и лидерите од Западен Балкан


Премиерот Зоран Заев денеска во Тирана ќе присуствува на средбата на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан.   Заев ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се и заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи.   Според агендата, предвидено е […]

Собранието ќе ја почне 50. седница


Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 50. седница. На дневен ред се четириесетина закони во прво и во второ читање, одлуки, автентични толкувања и годишни извештаи. Ова е прва седница по годишниот одмор на пратениците. Пратениците треба да гласаат за предлог одлуки за испраќање на војници на Армијата за учество во […]

Попис 2021 – за девет дена попишани над половина милион граѓани


Над 500 илјади граѓани се попишани во првите девет дена од Пописот на населението и објектите 2021. Додека Државниот завод за статистика, оценува дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, премиерот Зоран Заев очекува тој успешно да заврши до 30 септември. Пописот 2021 е на третина од предвидените 26 дена пописни активности и се […]

Поради градежни работи времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид


Поради изведување градежни работи на пат – минирање и дупчење на косини во двата правци, денеска ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан. Како што информира ЈП „Македонија пат“, прекинот на сообраќајот ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути во периодот помеѓу 11 и […]

Сончево со локална облачност, температурата до 35 степени


Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево со мала локална облачност, претежно во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува. Дневните температури ќе се движат од 26 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 6. Во Скопје времето ќе […]

Боби Ѓошиќ назначен за в.д. директор на Центарот за култура во Струмица


Министерството за култура го назначи Боби Ѓошиќ за в.д. директор на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, откако на 8 јули годинава Управниот суд го поништи огласот за избор на директор од декември лани. Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура. Ѓошиќ е вработен во оваа установа и до изборот на нов […]

Скопје го пречека „Европскиот воз“ на неговото патување низ градови во 26 земји


„Европскиот воз“ вечерва пристигна на железничката станица во Скопје, во рамки на глобалниот настан „Connecting Europe Express“ со кој се одбележува Годината на железницата, како еден од најодржливиот, најбезбеден и иновативен начин на транспорт. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој со возот вечерва пристигна од Белград каде учествувше на Самитот посветен на развој […]

МНР во боите на американското знаме


По повод одбележувањето на 26 годиншнината  од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и САД зградата на МНР вечерва се осветли како знамето на САД. -Ја  изложивме Декларацијата за стратешко партнерство заедно со знамињата на двете земји и ја осветливме зградата на Министерството за надворешни работи во боите на американското знаме.Високо ја цениме континуираната поддршка […]