САД ќе го убедуваат Брисел дека местото ни е во ЕУ


Новиот преставник на САД за Балканот, Габриел  Ескобар, изјави дека САД имаат многу јасна цел да го направат целиот Западен Балкан дел од Европската унија, каде што му е географското, историското и културолошкото. Според него, Унијата со проширувањето во регионот може само да има полза. Ескобар, кој го наследи Метју Палмер како заменик помошник државен […]

Според Меркел Западниот Балкан го чека долг пат до ЕУ


Земјите од Западниот Балкан имаат уште долг пат пред да станат полноправни членки на Европската Унија, но целта на Германија е да стигнат дотаму, порача германската канцеларка Меркел од Белград. „Знам дека перцепцијата е оти процесот на европските интеграции тече бавно и дека европската страна поставува нови барања, но гледаме низа резултати и гледаме напредок. […]

На донаторска конференција на ОН за Авганистан ветени една милијарда долари


ОН денеска во Женева е домаќин на донаторска конференција на која се надеваше дека ќе собере 606 милиони долари (513 милиони евра) потребни до декември за одржување на програмите за помош во Авганистан. До крајот на попладнето, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш информира дека донаторите ветиле повеќе од милијарда долари. – Оваа конференција целосно ги исполни […]

Повеќе од 200 милиони луѓе би можеле да мигрираат до 2050 година поради климатските промени


Климатските промени би можеле да принудат повеќе од 200 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во следните три децении доколку не се преземат итни мерки за намалување на емисиите на штетни гасови и разликите во нивото на развиеност, се наведува во извештај на Светската банка. Во вториот дел од извештајот, објавен денеска, авторите испитуваат како ефектите од климатските промени, како што се недостигот на […]

СЗО и ФДА: Трета доза вакцина против Ковид засега не е оправдана


Администрацијата на дополнителни дози на вакцина против Ковид-19 за целата популација засега не е оправдана, оценија во понеделникот експерти од СЗО и американската агенција за лекови ФДА. – Вакцините, кои ги има во ограничени количини, ќе спасат најмногу животи ако се дадат на луѓе со висок ризик од тежок облик на Ковид и кои се уште не се вакцинирани, […]

Пендаровски: Не е доставен никаков документ од Софија, со месеци наназад не се водат преговори


Во врска со таканаречениот нон-пејпер кој беше објавен денеска во медиумите, Кабинетот на претседателот Пендаровски информира дека со Република Бугарија со месеци наназад не се водат никакви преговори и поради тоа од Софија до Скопје не е доставен никаков документ. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, ставот на претседателот Пендаровски во однос на идентитетот и […]

ДЗС: Заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица


Заклучно до 18:00 часот, попишани се 502.000 лица, објави денеска Државниот завод за стаистика и информира дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. – Попишани над 500.000 граѓани! Државниот завод за статистикa ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат […]

Заев утре во Тирана ќе присуствува на средбата на Меркел со лидерите од Западен Балкан


Премиерот Зоран Заев утре на покана на германската канцеларка Ангела Меркел ќе ја предводи владината делегација во Тирана.   Според агендата, Заев ќе присуствува на работната средба на канцеларката Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан, а во текот на попладнето заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за […]

Заев – Копач: Политиките на Владата за обновливи извори ја имаат поддршката од Секретаријатот на Енергетската заедница


Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач, на која, како што информираат од Владата, била изразена благодарност за поддршката што ја дава Секретаријатот за имплементација на законодавството во делот на енергетиката. Како што се наведува во соопштението од Владата, позитивно бил оценет напредокот во реформите во легислативниот […]

Децата во Њујорк се вратија во училиштата, наставниците ќе мора да се вакцинираат


Еден милион деца во Њујорк денеска тргнаа на училиште, што е првпат наставата да се одржува во училници од почетокот на епидемијата на коронавирусот. Во Њујорк од денеска нема да има повеќе онлајн часови, и покрај појавата на новата, позаразна делта варијанта на коронавирусот. Заврши и работата на далечина во градот, па денеска околу 300.000 луѓе се вратија на работа. Сите […]

Усогласен единствен пристап кон изготвување на документ за долгорочна развојна стратегија


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Рејчел Галовеј, амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Нарине Сахакјан, постојана претставничка на УНДП и Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Република Северна Македонија, а во однос […]

Јапонија: За 49 отсто повеќе банкротирани фирми поради анти-ковид мерките


Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-епидемиските мерки. Во август, тие се зголемени за 49 отсто во споредба со една година порано, покажуваат податоците на Токио Шоко Рисрч (Токуо Ѕhоkо Rеѕеаrсh). Анализата покажува дека вкупниот број стечаи предизвикани од кризата, од јануари до август годинава, […]

На „Инвеститорискиот ден“ склучени најголем број трансакции годинава


На Македонската берза денеска се одржа „Инвеститорски ден“ на кој се склучија вкупно 262 трансакции што е најголем број на склучени трансакции во еден ден годинава. Инвеститорискиот ден се организира втора година по ред, а на овој ден сите домашни физички лица имаа можност да тргуваат со акции без да ги платат провизиите кон Берзата, Централниот […]

Штетата од ураганот Ида во САД може да изнесува 20 до 30 милијарди долари


Осигурителните компании можат да очекуваат побарувања по проценките за штетата предизвикана од ураганот Ида во САД во вредност од 20 до 30 милијарди долари, соопшти компанијата за развој на модели на ризици поврзани со катастрофи AIR Worldwide. AIR ги ажурираше проценките за осигурените загуби по анализата на влијанието на поплавите во внатрешноста на земјата на траекторијата на […]

Лајчак: Македонско-бугарскиот спор негативно влијае врз Белград и Приштина


Специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан и за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека блокадата на Северна Македонија поради спорот со Бугарија лошо влијае врз соседните земји, посебно Србија и Косово, јави дописничката на МИА од Брисел. Лајчак денеска заедно со заменик претставникот на Стејт Департментот на САД за Европа, Габриел […]

Регистрирани уште 183 заболени од Ковид-19, починаа 18 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2.035 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 132 • Куманово – 13 • Кавадарци – 6 • Прилеп, Струга и Крива Паланка – по 3 • Тетово, Битола, Велес, Охрид, Срумица, Кичево, Кратово и Демир Капија – по 2 • Гостивар, Штип, Кочани, […]

Барселона остана без главниот спонзор „Ракутен“


Јапонската компанија за интернет трговија „Ракутен“ ја прекина соработката со шпанскиот фудбалски гигант Барселона и со тоа уште повеќе ги зголеми грижите на клупскиот претседател Жоан Лапорта, јавија денеска шпанските медиуми. „Ракутен“ и Барселона соработуваа од 2017 година, кога потпишаа тригодишен договор вреден 55 милиони евра по сезона за спонзорскиот натпис на дресот на каталонскиот […]

Грчката влада ќе ја поддржи економијата со 42,7 милијарди евра во периодот 2020-2022 година


Мерките кои грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти во саботата за време на неговиот говор на Меѓународниот саем во Солун, денеска детално ги објаснија министерот за финансии Христос Стајкурас и неговите заменици, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за мерки за поддршка на граѓаните и бизнисите, со низа даночни олеснувања, а за периодот […]

Советот за безбедност и предложи на Владата да формира работна група за состојбата со системот за управување со кризи


Советот за безбедност и предложи на Владата, во најкус можен рок да се формира работна група, која ќе ја согледа состојбата со системот за управување со кризи, а имајќи ги предвид неодамнешните состојби со пожарите, работната група треба да предложи конкретни мерки со цел системот за управување со кризи да биде пофункционален и поефикасен, информираат […]

Анкета: Германците бараат да продолжат со работа од дома


Германија – Повеќе од две третини од Германците кои работеа од дома за време на пандемијата сакаат да го зачуваат правото за таа форма на работа, покажуваат резултати од денеска објавената анкета. – Популарноста да се работи во сопствените четири sида се зголеми дополнително за време на пандемијата, нагласија од енергетската компанија Еон, врз основа на резултатите […]