Падна авион во Грција


Мал авион падна во понеделник во морето во близина на грчкиот остров Самоса, соопштија грчките власти, не изнесувајќи други детали.

Грчката државна телевизија ЕРТ јави дека мал авион, за кој се прецизира дека е едномоторна „цесна“, во која имало две лица, паднал во близина на аеродромот на Самоса, пренесе Ројтерс.

„Забележавме делови од авионот во морето една милја јужно од аеродромот“, рече надлежен од крајбрежната стража за британската агеницја. Друг надлежен изјави дека малиот авион летал од Израел во Грција.