Во МСУ предавање на Михаел Хајнрих – „КРИК 06: Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“


Во рамки на фестивалот „КРИК 06: Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“ вечер во Музејот на Современа Уметност (МСУ) предавачот Михаел Хајнрих ќе одржи јавно предавање насловено „Како да се чита „Капитал“ на Маркс? Вредност и фетишизам“.   -Капиталот на Маркс е најфундаменталната анализа на капиталистичкиот начин на производство. Ние, секако, треба да […]

Митреска: Монетарната политика е еден од столбовите на закрепнување на економијата


Mерките и политиките спроведени од страна на Народната банка, како и централните банки воопшто, ги дадоа посакуваните резултати во ублажувањето на ефектите од корона-кризата. И покрај пандемијата, кредитната активност во земјава и натаму расте, a непречениот пристап до капитал на меѓународните пазари овозможи зајакнување на девизните резерви и финансирање на антикризните мерки, оценува вицегувернерката на […]

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ


Премиерот Зоран Заев на состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ порачал дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата, соопштија од Владата откако Заев синоќа го одржал редовниот годишен состанок со шефовите на дипломатските мисии од овие држави. „Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и […]

Eден од четири нови случаи на Ковид-19 во Грција се кај деца на возраст од четири до 18 години


Во периодот од 13 до 19 септември, 24 отсто од новозаразените со Ковид-19 во Грција, односно 3.559 случаи се кај деца на возраст од четири до 18 години, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за првата седмица од отворањето на училиштата во земјата, а […]

Вештачка интелигенција предложи лек за редок рак кај децата


Науката успешно искористи вештачка интелигенција за да создаде нов третман со лекови за деца со смртоносен рак на мозокот. Се работи за заболување кое повеќе од 50 години нема напредок во однос на преживувањето на пациентите. – Употребата на вештачка интелигенција ветува револуционерен ефект врз откривањето лекови, изјави проф. Кристијан Хелин, главен извршен директор на […]

„Филип Морис – Тутунски комбинат Прилеп“ го преместува Центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје


 Компанијата „Филип Морис – Тутунски комбинат Прилеп“ денеска ќе го промовира релоцирањето на Центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје. Со релокацијата на Центарот, како што наведува компанијата, ќе се отворат нови работни места. На промоцијата ќе се обратат премиерот Зоран Заев, генералниот директор на ФМТКП, Иван Костиќ и главниот извршен директор на „Телеперформанс“ […]

Срби останаа на барикадите на границата со Косово


Граѓани на Србија, незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички и понатаму протестираат на северот на Косово, кај премините Јариње и Брњак. Таму се распоредени силите на Специјалната единица РОСУ. На сдминистративните премини Брњак, Јариње и Мердаре ситуацијата е мирна, но напната. Специјалните диници РОСУ и понатаму се на северот на Косово, […]

Истепана девојка на паркингот на Средно Водно


Деветнаесетгодишната И.Т. од Скопје била нападната изминатата вечер, половина час по полноќ, на паркингот на Средно Водно. Како што информира МВР, по претходно недоразбирање, девојката била физички нападната од М.Ш. и М.А. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Амазон вложува пет милијарди долари во нов „облак“ склад во Нов Зеланд


Одделот за „облак“ услуги за складирање податоци на Амазон ќе гради ново виртуелно подрачје во Нов Зеланд. Ова го соопшти министерот за дигитална економија и комуникации на оваа земја – Дејвид Кларк. „Амазон е втората најголема технолошка компанија во светот и, сега, вложува во создавање „облак“ на Нов Зеланд. Ова ќе поттикне раст на националниот […]

Петте постојани членки на СБ на ОН согласни за тоа што се очекува од талибанците


Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН „во голема мера се согласни“ за тоа што се очекува од талибанците, јавија утринава француските медиуми, повикувајќи се на изјава на американска претставничка. -Имаше доста согласувања за тоа што сакаме да видиме од талибанците, особено за почитувањето на правата на жените и девојчињата, борбата против тероризмот […]

Џастин Трудо – потемнетата ѕвезда на канадските либерали


Изгубен облог: Џастин Трудо, ѕвездата на канадските либерали, сонуваше да освои трет мандат и да го освои парламентарното мнозинство, но Канаѓаните не го поддржаа. Реизбран без блесок, неговиот легитимитет е сериозно поткопан. Уште во 2019 година, неговиот реизбор беше мачно по неговиот сензационален влез во политиката четири години претходно. Но, овојпат, Џастин Трудо мислеше дека […]

Џонсон: Светот да покаже зрелост за климатските промени


Британскиот премиер Борис Џонсон за време на годишното обраќање пред Обединетите нации, ги повика светските лидери да ја искористат својата моќ и да се справат со климатските промени и нагласи дека е време човештвото да покаже зрелост и одговорност за ова прашање. Во пресрет на важната климатска конференција во Глазгов, која почнува на 31 октомври, Џонсон пред […]

На кинеските авиокомпании ќе им бидат потребни 8.700 нови авиони


Се очекува во следните 20 години комерцијалната и трговската флота на Кина двојно да се зголеми и со тоа побарувачката да достигне 20 отсто од светските нарачки за нови авиони. Американската компанија „Боинг“ предвидува дека до 2040 година, на кинеските авиокомпании ќе им бидат потребни 8.700 нови авиони за да ја задоволат зголемената побарувачка за […]

Земјотрес со јачина од 3,7 степени по Рихтер повторно ја потресе централна Хрватска


Ноќеска во 1:30 часот, централна Хрватска ја затресе посилен земјотрес, пренесоа хрватските медиуми. Јачината на земјотресот беше 3,7 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот 5 степени на скалата ЕМС, објави хрватската сеизмолошка служба. Според првите проценки на интернет страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,1 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 13 […]

Сиромашните земји ги обвинија богатите за нерамномерна распределба на вакцините


Лидерите на земјите во развој на Генералното собрание на ОН предупредија дека трупањето вакцини против Ковид-19 во богатите земји овозможува развој на нови варијанти на коронавирус и дека инфекцијата повторно зема замав. Филипините, Перу, Гана и многу други земји порачаа дека солидарноста не успеала, а генералниот секретар на ОН ја нарече нерамномерната распределба на вакцината […]

Вујовиќ: Атмосферата на трибините не носеше до триумфот


Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ изрази задоволство од првата победа оваа сезона во ракометната Лига на шампиони остварена синоќа во Скопје против Мешков Брест (35:27). Тој се заблагодари на навивачите на „црвено-црните“ за големата поддршка. – Пред натпреварот се малку се плашев, бидејќи Мешков Брест е квалитетна екипа. Ние на мечот влеговме многу мотивирани и […]

Бразилската делегација на ГС на ОН замина во карантин поради ковид-19 на министерот за здравство


Бразилската делегација на 76-та сесија на Генералното собрание на ОН одлучи да оди во самоизолација откако беше откриено дека еден од нејзините членови, министерот за здравство, е позитивен на коронавирусот. -Оваа земја потврди дека целата делегација одлучила да биде во самоизолација 14 дена, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за Тасс на […]

Морисон: Австралија трпеливо ќе ги гради односите со Франција


Австралискиот премиер Скот Морисон, една недела откако откажувањето на големиот договор за купување подморници предизвика дипломатски спор помеѓу Австралија и Франција, рече дека се обидел да договори разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, но дека досега не успеал. Морисон во средата во Вашингтон рече дека трпеливо повторно ќе ги гради односите со Франција. Париз ги […]

Драми на Венко Андоновски објавени на руски јазик


Во Москва деновиве излезе од печат обемен (280 страници) избор пиеси од Венко Андоновски. Книгата ја објави реномираниот руски издавач „У Никитских ворот”. Составител и преведувач на книгата е Олга Панкина, популаризатор на македонските културни вредности во Русија. Таа вели дека Венко Андоновски во Русија е познат по неколку раскази и романите „Папокот на светот” […]

САД ја одобри третата доза на вакцината против Ковид-19 за најзагрозените групи


Американската Агенција за лекови (ФДА) ја одобри употребата на третата доза од вакцината „Фајзер/БиоНТек“ против Ковид-19, таканаречената „бустер“ или „засилувачка“ доза, за постарите граѓани и младите лица кои се изложени на ризик по нивното здравје или се најизложени на можни инфекции. ФДА одлуката ја соопшти вчеравечер, а истата беше препорачана од експертскиот совет на Агенцијата […]