Земјотрес со јачина од 3,7 степени по Рихтер повторно ја потресе централна Хрватска


Ноќеска во 1:30 часот, централна Хрватска ја затресе посилен земјотрес, пренесоа хрватските медиуми.

Јачината на земјотресот беше 3,7 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот 5 степени на скалата ЕМС, објави хрватската сеизмолошка служба.
Според првите проценки на интернет страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 4,1 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 13 километри од Сисак.

„Силен потрес во неколку наврати во центарот на Петриња“, напиша еден корисник на апликацијата EMSC. „Ова е најсилното досега“, додаде друг.