„Филип Морис – Тутунски комбинат Прилеп“ го преместува Центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје


 Компанијата „Филип Морис – Тутунски комбинат Прилеп“ денеска ќе го промовира релоцирањето на Центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје.

Со релокацијата на Центарот, како што наведува компанијата, ќе се отворат нови работни места.

На промоцијата ќе се обратат премиерот Зоран Заев, генералниот директор на ФМТКП, Иван Костиќ и главниот извршен директор на „Телеперформанс“ – Германија,  Миxел Шмит, а ќе присуствува и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.