Срби останаа на барикадите на границата со Косово


Граѓани на Србија, незадоволни од одлуката на Приштина за замена на регистарските таблички и понатаму протестираат на северот на Косово, кај премините Јариње и Брњак.

Таму се распоредени силите на Специјалната единица РОСУ.

На сдминистративните премини Брњак, Јариње и Мердаре ситуацијата е мирна, но напната. Специјалните диници РОСУ и понатаму се на северот на Косово, каде се распоредени поради неодамнешната одлка на Приштина за замена на регистарските таблички со привремени, што ги зголеми тензиите и предизвика загриженост кај мештаните. Граѓаните незадоволни од одлуката на Приштина и понатаму протестираат, а ноќеска, бидејќи останаа на местото, им се носеа дрва за греење.

Европската унија синоќа повика на итна деескалација на состојбата и порача да се избегнат сите еднострани акции затоа што тие се директно против интересите на граѓаните во регионот.

„Ги повикуваме раковдствата во белград и во приштина да преземат одговрен притап и низ дијалог со посредување од ЕУ да избегнат понатамошна ескалација, повторнод а се воспостави мирна атмосфера и да работат на постигнување остварливи решенија. Во интерес е на сите да се најде начин со кој би се овозможила слобода на движење и да се подобри секојдневниот живот на граѓаните“. се вели во соопштението на високиот претставник наЕУ за надворешни работи Жозеп Борел.