Македонија и Филипини воспоставија дипломатски односи


Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, и неговиот колега од Филипини, Теодоро Л. Локсин, потпишаа заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, соопшти МНР. „Ваквиот чекор ги потврдува заложбите на Република Северна Македонија за градење пријателски односи и воспоставување партнерства и со географски оддалечени земји. Отворањето на ново поглавје во билатералните […]

Денес Пендаровски ќе се обрати на Генералното собрание на ОН


Претседателот  Стево Пендаровски денеска ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж – опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“. Во рамки на учеството […]

Локални избори: Денеска жрепка за утврдување Единствена листа на кандидати


Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните избори на гласачкото ливче, најдоцна до денеска на полноќ треба да биде објавена Единствената листа на кандидати. Според Роковникот на Комисијата жрепката за утврдување на Единствената листа на кандидат/и ДИК ќе ја одржи најдоцна денеска. ОИК / ИКГС утврдената единствена листа на кандидат/и […]

Коалицијата на двајцата поранешни бугарски технички министри „Промената продолжува“ се регистрира за парламентарните избори на 14 ноември


Политичката формација на Кирил Петков и Асен Василев се регистрираше за учество на предвремените парламентарни избори на 14 ноември во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на објава на поранешниот бугарски привремен министер Кирил Петков, тој поднел барање до Централната изборна комисија за регистрација на коалицијата „Промената продолжува“ за учество […]

Завршува интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи“


Со изложба во Младинскиот културен центар вечер завршува Интернационалниот фестивал „Театарски европски алтернативи“. Изложбата е всушност поезија преточена во дизајн постери, фотографии и графички визуелни дела на тема „Продор“ или „Sturm und Drang“. Веднаш по претставување на изложбата ќе биде и официјалното доделување на наградите за „Најдобар актер “, „Најдобра режија“, „Најдобра претстава“, „Најдобра студентска […]

Денови на македонскиот мед


На улица „Македонија“ во центарот на Скопје денеска ќе се одржи традиционалната манифестација Денови на македонскиот мед. Манифестацијата се одржува 17. година по ред, во организација на пчеларското здружение „Матица“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат, но и да купат различни видови мед и други пчелни производи од наши, македонски пчелари, а ќе добијат, ако […]

Променливо облачно, ќе дува умерен повремено засилен северен ветер


Времето претпладне особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а во целина и особено попладне ќе преовладува сончево време. Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 9 до 11, а максималната ќе достигне од […]

Жената понајдена на Крк, изработувала накит за Брижит Бардо, Барбара Стрејсенд, Дајана Рос…


Даниела Адамцива, жената од градот Тренчина во Словачка, чиј идентитет девет дена не можеа да го утврдат хрватските полицајци, откако беше најдена на островот Крк, со повреди на лицето, има интересен живот. Имено, ја викаат Данка, а таа е дизајнерка на накит, кој го носеле ѕвезди како Брижит Бардо, Барбара Стрејсенд и екипата од серијата […]

Приведена лекарка во Куманово – си наплаќала по 200 евра за операција на око


Денеска, во 7 часот полициски службеници од СВР Куманово- Отсек за економски криминал, по претходно добиени оперативни сознанија односно основано сомнение за примање поткуп и злоупотреба на службената положба од страна на лекарката Е.С., и обезбедена судска наредба, извршија претрес во работни простории на Очно одделение при ЈЗУ Општа болница -Куманово и патничко моторно возило […]

Американскиот фонд „777 Партнерс“ ја презеде Џенова за 150 милиони евра


Американскиот инвестициски фонд „777 Партнерс“ го купи најстариот италијански фудбалски клуб Џенова за 150 милиони евра, објавија италијанските медиуми. Италијанските медиуми објавија дека Американците и претседателот на Џенова, Енрико Прециози постигнале договор, а официјалното соопштение од клубот се очекува во наредните часови, пренесе Хина. „777 Partners“ е приватна инвестициска компанија со седиште во Мајами. Основана […]

Кој е најевтиниот град во Европа?


Post Office Travel Money ги спореди типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа што вклучува две ноќевања во хотел со три ѕвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности. Барометарот за трошоци на градовите (City Cost Barometer)покажа дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани […]

Макрон се премисли по разговорот со Бајден – го враќа амбасадорот во Вашингтон


Америка и Австралија, сепак, нема да го откажат договорот за подморниците вреден 56 милијарди евра. Бајден и Макрон ќе се сретнат во октомври во Европа   Франција се согласи да го врати својот амбасадор во САД, а Џо Бајден вети дека нема да го исклучи Париз од клучните идни одлуки за одбраната во Индо-Пацификот, во […]

Пендаровски очекува 70 отсто од граѓаните во Македонија да бидат вакцинирани годинава


Вакцинацијата против Ковид-19 ширум светот е од клучно значење без одлагање, рече претседателот Стево Пендаровски во видео обраќањето на виртуелниот Глобален самит за борба против Ковид-19 „Крај на пандемијата и поставување на подобри основи како подготовка за следната“. Самитот е организиран од претседателот на САД, Џо Бајден, на маргините на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, што […]

Дражен Петровиќ, Дивац и Кукоч меѓу легендите на НБА лигата


САД– Поранешните југословенски кошаркарски репрезентативци Владе Дивац, Тони Кукоч и покојниот Дражен Петровиќ се вброени меѓу легендите на НБА лигата. Спроти почеток на јубилејната 75 сезона во најсилната светска кошаркарска лига, на официјалниот сајт на натпреварувањето е претставена листа од 110 најистакнати кошаркари, кои како што се наведува, придонеле НБА да стане водечки глобален спортски и медиумски бизнис. Листата на најголеми […]

Дали битолчани се облекуваат поубаво од скопјани: Црвениот ќилим на „Браќа Манаки“ (фото)


Со доделувањето на наградата „Златна „Камера 300“ на кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска и на останатите награди, синоќа се спушти завесата на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, по шест дена актуелни филмови и познати гости од филмската сцена во Европа и светот и под директорската палка на актерот Симеон Мони Дамевски. Со црвениот килим […]

Пронајден хероин во Гевгелија, приведени пет лица


Денеска, полициски службеници од ОВР Гевгелија и СВР Струмица, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес на дом и помошни простории кај В.Д. (39) во Гевгелија. При претресот биле затекнати В.Д., Н.Ј. (43), В.П. (40), М.С. (41) и Б.Џ. (36), а бил пронајден хероин и други предмети со остатоци од хероин.  Поради основи за сомневање […]

Поради Ковид-19 починаа уште 16 пациенти и уште шест од минатата седмица


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.747 тестирања, а регистрирани се 491 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 232, Куманово – 41, Штип – 26, Велес – 20, Битола – 19, Охрид – 17, Кавадарци – 16, Прилеп – 15, Струмица – 14, […]

ДКСК: Градоначалници со општински пари купуваат гориво за приватни возила


  Потпретседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Катица Николовска денеска на јавната дебата посветена на претстојните локални избори рече дека дел од градоначалниците трошат општински средства за набавка на гориво за приватни возила кои се во функција на изборните активности.   – Знаејќи дека ДКСК воспостави механизам да следи дали службените возила се […]

(Видео) Падна снег на Копаоник


На првиот ден од есента во соседна Србија падна првиот снег. Според снимките од камерите во живо на infokop, снег вее на овој планински масив. На Копаоник денеска максималната температура е минус два степени, па снегот и не е неочекуван.             View this post on Instagram         […]

Во Албанија анти-ковид мерките остануваат и понатаму во сила


Поради високата инциденца на новозаразени со Ковид-19, албанскиот технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи да останат во сила веќе постојните ограничувачки мерки, со апел за масовна вакцинација. Тоа значи дека продолжува полицискиот час во период од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува до 23 часот, а присуство […]