Кој е најевтиниот град во Европа?


Post Office Travel Money ги спореди типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа што вклучува две ноќевања во хотел со три ѕвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности.

Барометарот за трошоци на градовите (City Cost Barometer)покажа дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 180 евра. Овде треба да се одвојат само 70 центи за кафе, а помалку од 80 евра за две ноќевања.

На второто место на листата на најповолни европски градови е Катовице на југот на Полска, а на трето место е главниот град на Литванија – Вилнус.

Главниот град на Хрватска е исто така во првите 10 најповолни градови за викенд одмор – на седмо место. Post Office Travel Money пресмета дека ви требаат околу 245 евра во Загреб за викенд.

Осло уште еднаш се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи за такво нешто се потребни околу 500 евра. Во просек се потребни 8,5 евра за пиво во главниот град на Норвешка, и 190 евра за две ноќевања во хотел со три ѕвезди.

Ниту еден од македонските градови не е опфатен во City Cost Barometer.  

Најповолни  европски градови во 2021 година според City Cost Barometer:
1. Тирана, Албанија
2. Катовице, Полска
2. Вилнус, Литванија
4. Лисабон, Португалија
4. Рига, Латвија
5. Варшава, Полска
7. Загреб, Хрватска
8. Будимпешта, Унгарија
9. Братислава, Словачка
10. Краков, Полска