Дали битолчани се облекуваат поубаво од скопјани: Црвениот ќилим на „Браќа Манаки“ (фото)


Со доделувањето на наградата „Златна „Камера 300“ на кинематограферот Јани-Петери Паси од Финска и на останатите награди, синоќа се спушти завесата на 42. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, по шест дена актуелни филмови и познати гости од филмската сцена во Европа и светот и под директорската палка на актерот Симеон Мони Дамевски.

Со црвениот килим се отвори и се затвори фестивалот, а гостите од градот-домаќин и од цела Македонија избраа различна гардероба-од тоалети и фракови до полежерни варијанти.