ЕК предлага единствен полнач за електронските направи


Белгија– Европската Комисија денеска поднесе измени на законодавството кое ќе овозможи да се воведе единствен полнач за електронски направи со цел да се намали електронскиот отпад, јави дописничката на МИА од Брисел. Предлог законот треба да овозможи да се заштедат 250 милиони евра годишно, рече денеска еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон. УСБ-Ц ќе стане […]

Американскиот Конгрес одобри нови санкции против 35 руски милијардери и политичари 


САД – Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа одобри нацрт закон кој налага воведување санкции за 35 претставници на руската политичка и бизнис елита обвинети од страна на опозиционерот Алексеј Навално за корупција и нарушување на човековите права.  Нови санкции се одбрени и за купување руски хартии од вредност, а поради руската вмешаност во изборите […]

Промовиран новиот Електронски систем за поднесување поплаки за јавната администрација


 Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќир денеска го презентираа новиот „Електронски систем за поднесување на електронски поплаки и пријави поврзани со услугите кон јавната администрација“. Веќе од утре, како што најави вицепремиерот Николовски, граѓаните непречено […]

Наскоро скрининг на раширеноста на корона вирусот кај учениците


Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека ќе почне да се спроведува скрининг на учениците во основните и средните училишта во државата. Деновиве, како што напомена, методологијата за овој скрининг ќе биде детално презентирана. -Следните денови детално ќе ја презентираме методологијата за скринингот за тестирање на учениците во основните и средните училишта. Факт е […]

24. Моден Викенд-Скопје ја истражува врската меѓу „slow food“ и „slow fashion“


Идејниот концепт на проектот е и да ги прикаже модата и агрикултурата во заедништво, откривајќи како производството на облека и храна се поврзани и повеќе одошто можеби претпоставуваме, со изработка на експериментална колекција што ќе ги спои двете навидум неспоиви гранки, како и краток документарен филм за сите фази при креативниот процес – од идеја […]

Шахпаска најави нов начин како да се подобри пензионерскиот стандард


И во време на економска и здравствена криза од која беа погодени сите држави во светот, не само нашата, успеавме редовно да ги исплаќаме пензиите на 325.000 пензионери, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во интервју на Утрински брифинг. Таа посочи дека преку пензиската реформа пензиите ќе се усогласуваат и ќе растат […]

РКЕ почна постапки за одземање на лиценците на двајца снабдувачи со електрична енергија


Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) почна постапки за одземање на лиценци на двајца снабдувачи на електрична енергија – Друштвото за производство, трговија и услуги МИСТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје и Друштвото за трговија со електрична енергија У ПОВЕР ДОО експорт-импорт Скопје. Причината за тоа е што не ги обезбедиле […]

Меѓународен ден на знаковниот јазик: Потребна е поголема застапеност на знаковниот јазик и негова стандардизација


Националниот сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија денеска го одбележува 23 септември – Меѓународниот ден на знаковниот јазик. Во рамки на денешниот ден, Сојузот организира трибина на тема „Социјалната положба и невработеноста кај глувите и наглуви лица, застапеноста на знаковниот јазик во нашата држава и процесот на негова стандардизација“. Претседателот на Националниот […]

Промовирана „Рани јадови“ – најчитаната книга на Данило Киш


Поезијата, колку и да е уметност на зборовите не може и никако не смее да се сведе само на јазик. Ако ја сведеме така, таа ќе изгуби некои од важните содржини поради кои и воопшто читаме поезија. Поезијата е артикулација на некои значења. Не е сеедно за што читаме, ниту пак какви чувства некоја песна […]

Уште една прекината комисиска седница во Собранието


Продолжението на 11. седница на собраниската Комисија за образование и наука беше прекината на самиот почеток кога претседателката Жаклина Лазаревска побара од пратениците да се откажат од процедуралните излагања, како што рече,  во интерес на образованието и науката. -Досега постапувавте недемократски и не се држите на Деловникот кога барате процедурални, им рече Лазаревска на опозициските […]

Насмеан, млад, кул и диктатор: Кој е Најиб Букеле, новата политичка икона во Ел Салвадор?


Претседателот Најиб Букеле, обвинет на меѓународно ниво и дома за покажување авторитарни амбиции, во понеделникот се прогласи себеси за „диктатор на Ел Салвадор“, во потсмевачки поздрав до неговите критичари.На Твитер, алатка која 40-годишниот милениумски претседател ја користи често, Букеле ја смени својата биографија од „таткото на Лејла“ во „Диктатор на Ел Салвадор“. Овој потег дојде […]

Се препорача трета доза вакцина против Ковид-19


Препорачана трета доза од вакцината против Ковид-19, за луѓето постари од 60 години, медицинските лица и пациентите со хронични болести, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој додава дека ова е препорака на Комитетот за имунизација, и третата доза ќе се врши со Фајзер вакцината. – Надмината е бројката од 700.000 граѓани кои се […]

Од Лондон до Њујорк: Светските ѕвезди со концерти за поддршка на вакцинацијата и против климатските промени


САД – Џеј Ло, „Колдплеј“, Били Ајлиш, „БТС“ и Елтон Џон, меѓу другите, в сабота ќе имаат настапи низ цел свет, под насловот „Граѓанин на светот“ (Global citizen), а целта е покревање на глобалната свест за климатските промени, гладот ​​и правото за пристап до вакцини за сите. Концертите, што ќе се одржуваат во Њујорк, Париз, Лагос, […]

Бесими: Десетгодишна структурна обврзница за фискална консолидација на општините


Општините ќе имаат можност за финансиска консолидација преку десетгодишна структурна обврзница што ќе ја издава Министерството за финансии. Ова е еден од трите инструменти што општините ќе ги имаат на располагање во случај на финансиска нестабилност, а тоа е регулирано со Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа […]

ЕУ воведува ден на органското производство на храна – 23 септември


Од денеска 23 септември во ЕУ ќе биде “органски ден“ или ден на органската храна и земјоделство, најави еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски. Целта е до 2030 дваесет и пет отсто од земјиштето да биде посветено на органското производство. Европската Комисија смета дека е ова е амбициозна цел која ќе може да се постигне благодарение […]

Шервин-Вилијамс вели сиво-зелената боја е официјална боја за 2022 година


САД– Повторно е време од годината каде дизајнерската заедница се собира за да ги посочи трендовите на бои за следната година, и ако едно е сигурно, 2022 година ќе биде година на зелената боја. Најновиот бренд што скока по зелениот воз се случува да биде водечка компанија за бојадисување Шервин-Вилијамс, која штотуку ја објави Evergreen […]

(Видео) Полицијата со пријава за сопственик на коњ што самиот се движеше по автопат


Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје. Во вторникот околу 14 часот граѓани пријавиле во СВР Тетово дека забележале како животното само се движи на автопатската делница. На снимка која се појави на социјалните мрежи се гледа како полицијата со возило […]

Југоисточниот регион најмногу учествува во креирањето бруто додадена вредност во земјоделството


Југоисточниот регион има најголемо учество во креирањето на бруто додадената вредност во земјоделството со 29,8 проценти, но и во создавањето на вредноста на растителното производство со 34,4 отсто. Како што соопшти Државниот завод за статистика, врз основа на анализите за 2019 година, втор во однос на креирањето бруто додадена вредност е Пелагонискиот регион со 22,9 […]

СЗО: Загадувањето на воздухот е полошо отколку што мислевме


 Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни честички во воздухот во голема мера ги надминува препорачаните нивоа. Се проценува дека приближно седум милиони луѓе умираат предвреме секоја година од болести поврзани со загадување на воздухот. Во исто време, земјите во развој најмногу страдаат поради […]