Југоисточниот регион најмногу учествува во креирањето бруто додадена вредност во земјоделството


Југоисточниот регион има најголемо учество во креирањето на бруто додадената вредност во земјоделството со 29,8 проценти, но и во создавањето на вредноста на растителното производство со 34,4 отсто.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, врз основа на анализите за 2019 година, втор во однос на креирањето бруто додадена вредност е Пелагонискиот регион со 22,9 отсто, додека најмало учество има Југозападниот регион со 2,8 проценти.

Во создавањето на вредноста на добиточното производство, пак, најголемо учество има Пелагонискиот регион со 21,4 проценти.