Борис Џонсон планира измени во Владата


Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со сериозни проблеми со своите министри и пратениците во Долниот дом, кои денеска се враќаат во Парламентот по летните одмори. Причина се плановите на премиерот, кои се спротивни на предизборниот манифест на Конзервативната партија и очекуваните промени во кабинетот. Плановите на Џонсон се зголемување на националните придонеси за социјално […]

Османи во Ватикан на централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска заминува во посета на Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, што прв пат е во заедничка организација на Министерството за надворешни работи и Светата Столица, соопшти МНР. Во рамките на одбележувањето, Османи ќе ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка […]

Бројот на активни случаи со Ковид надмина 15 илјади, најмногу се во Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово


Во земјава над 180 илјади лица се заразиле со Ковид-19 од почетокот на епидемијата, а бројот на активни случаи надмина 15 илјади. Повторно голем број на починати лица беа регистрирани во текот на вчерашниот ден – 21, на возраст од 49 до 94 години. Од направени 5.416 тестирањe, вчера беа регистрирани 459 нови случаи, а […]

Успешен почеток на пописот, првиот ден попишани над 90 000 лица


Започна третиот попис на три дена пред одбележувањето 30 години независност на Репубика Северна Македонија. Во текот на вчерашниот ден попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови што претставува повеќе од успешен почеток на најголемата статистичка операција во земјава. Првиот ден помина без забелешки, а државниот врв, партиите и невладините организации повикаа граѓаните […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста


По повод 8 – Септември, денот на независноста на Република Северна Македонија, утре во касарната „Илинден ќе се изврши почесна артилериска стрелба. Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје соопштија дека во 16 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со истрел од еден плотун од шест артилериски орудија (хаубица 105 мм). […]

Почнува дводневната меѓународна конференција „Економско заздравување и раст по Ковид“


Претставници на меѓународни финансиски институции, на бизнис секторот и на извршната и локалната власт од земјава и регионот денеска и утре во Скопје ќе дебатираат за економското заздравување и растот по Ковид кризата. На Првата годишна конференција, што ја организира Министерството за финансии, ќе се споделат искуства и разменат идеи за глобалните и регионалните перспективи […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето во државава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 […]

Неверојатни сцени на фудбалското дерби – властите влегоа на теренот и го прекинаа натпреварот Бразил – Аргентина, бркаа тројца играчи


Неверојатни сцени доаѓааат од Бразил од големото фудбалско дерби – по само девет минути игра, претставниците на бразилските власти го прекинаа големото дерби помеѓу Бразил и Аргентина, кое се одигра на стадионот во Ресифе, Бразил. Имено, претставниците на властите упаднаа на теренот и го прекинаа натпреварот за да натераат тројца репрезентативци на Аргентина да го […]

Првиот ден од пописот попишани се 91.681 лица


За само 12 часа попишани се 91.681 лица, 28.355 домаќинства и 37.404 станови што претставува повеќе од успешен почеток на пописот, објави вечерва министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук. -Граѓаните и попишувачите соработуваат одлично на терен. Посебно сум задоволен што се почитуваат сите здравствени протоколи и дека граѓаните се среќни што можат директно да […]

Груби со апел граѓаните масовно да одговорат на пописот


По повод почетокот на пописниот процес, кој ќе трае до крајот на месецот, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги повикува граѓаните масовно да одговорат на пописниот процес, учествувајќи и поддржувајќи го без резерва поради големата важност што овој процес ја има за сите нас. Тој ги повика […]

И Димитров се оградува од одговорноста за скандалот со Миленкоски


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на својот фејсбук профил вечерва објави информации во врска со приведениот дипломат. „За разјаснување на дипломатскиот скандал и во интерес на точно информирање на јавноста, укажувам на следниве факти и информации за односниот дипломат. Тој бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во Виена во 2015 година, кога со МНР […]

Софија нѐ обвини за репресија кон Бугарите


Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со став за почитување на правата на бугарските граѓани и државјани со бугарски идентитет во Република Северна Македонија во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев од 3 септември, за правата на Бугарите во Северна Македонија. Во документот се вели дека Софија во неколку наврати изјавила дека е свесна […]

Македонија упропасти водство од 2:0 и му подари бод на Исланд


Селекторот Милевски по мечот изјави дека „не памети кога Македонија играла ваков вудбал“ и дека тоа бил „перфектен напревар“ со исклучок на последните 15 минути, што изгледа како претерана самофалба   Вечерашниов квалификациски натпревар за Светското првенство меѓу Исланд и Македонија заврши како според образецот од многу мечеви на нашата фудбалска репрезентација. Во 54. минута […]

Од Ковид починаа 21 лице, најмладиот на 49 години, регистрирани и нови 459 позитивни на вирусот


Во последните 24 часа се направени 5.416 тестирањe, а регистрирани се 459 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 368 пациенти, а починале 21 лице на возраст од 49 до 94 години. Како што соопшти Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новодијагностицираните, во Скопје се 235, во Штип – 30, Тетово -26, […]

Германија: Шолц од СПД би сакал идната влада да биде со Зелените


Социјалдемократите водат во анкетите на 20 дена пред изборите, но ќе им бидат потребни две други партии за формирање влада   Претендентот на социјалдемократите за канцелар на Германија сака да се здружи со Зелените во следната федерална влада. „Би сакал да владеам заедно со Зелените“, рече Олаф Шолц за берлинскиот весник „Тагесшпигел“. Најверојатно ќе биде […]

Порака од Вучиќ до Ѓукановиќ: Ниту ти ниту кој било друг нема да успее да ја покори Србија


„Ниту ти, ниту некој друг нема да може да ја освои Србија. Вие владевте со оваа земја на сите можни начини 30 години. Преку криминал, полициски и други функционери. Ние во најголема мерка ги исчистивме тие луѓе“, му порача Александар Вучиќ, претседател на Србија на Мило Ѓукановиќ, претседател на Црна Гора. Според него, Црна Гора […]

Шок во САД: Вo август отворени три пати помалку работни места од очекуваното


Во август 2021 година, во САД беа отворени само 235.000 нови работни места, објави денеска американското министерство за труд, што, според Си -Ен -Ен и Си -Ен -Би -Си, е големо разочарување, бидејќи тој број е три пати помал од очекувањата на аналитичарите. Економистите анкетирани од Доу Џонс предвидуваа дека работодавачите ќе отворат 720.000 нови […]

Формула 1: Ферстапен доминираше во својата Холандија


Макс Ферстапен победи на трката за ГН на Холандија со апсолутно командно возење од пол-позицијата пред домашната публика во Зандворт. Тој е првиот холандски возач што го освои холандското ГП од своето деби во Формула 1 во 1952 година и беше беспрекорен во доминатното возење што не остави шанси за предизвик на Луис Хамилтон, па […]

Се спрема атентат на Зеленски?


  Непознато лице во кол-центарот на украинската Служба за безбедност пријавила дека во тек е подготовка на атентат на претседателот на земјата Владимир Зеленски. Ова го соопштил извор од Националната полиција на Украина за порталот „Вести“. Како што се наведува, дојавата за можен атентат на шефот на Украина и напад врз парламентот стигнала во саботата […]

Во Србија уште 2.800 новозаразени


Според последните податоци, во соседна Србија регистрирани се уште 2.800 новозаразени со корона вирусот. Починаа 21 пациент. На респиратори се уште 108 пациенти, додека во болница се лекуваат 1.479 заболени од Ковид-19. Стручњаците во Србија секојдневно предупредуваат дека епидемилошката ситуација од ден на ден е се полоша, а потребно е граѓаните да сфатат дека бројките […]