Милевски со две измени во стартниот тим против Исланд


Селекторот Благоја Милевски направи две измени од дуелот против Ерменија во почетниот состав за вечерашниот натпревар против Исланд во Рејкјавик во рамки на 5. коло во квалификациската група Ј за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. За разликата од ремито без голови против Ерменците во Скопје во четвртокот, дуелот против Исланд од првата минута ќе […]

Приведен струмичанец што убил куче


Полициски службеници од СВР Струмица, во текот на вчерашниот ден, во 23.45 часот го лишиле од слобода Т.Г.(59) затоа што истиот ден околу 19.55 часот тој со огнено оружје усмртил куче. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Талибанците со солзавец го растурија протестот на жените во Кабул


Талибанците употребија солзавец и бибер спреј за да го растурат протестот на десетици жени во Кабул, кои бараат еднаквост. Жените во Кабул трет ден протестираат барајќи женски права, еднаквост, правда и демократија. Демонстрантките шетаа од мостот до претседателската палата во Кабул. #Taliban officials have broken up a demonstration by dozens of #women in #Kabul demanding […]

Кабинетот на претседателот организира низа културни настани по повод 30 години независност


По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија ќе се одржат низа културни настани преку кои ќе се артикулира богатството на современото културно наследство, кое почива на еден континуитет, но добива свои патеки кои се неизоставен дел на нашата современост, соопштија од Кабинетот на […]

Пожарот на Галичица се спушти на 1.600 метри надморска височина, во гаснењето се вклучи хеликоптер


Еден хелихоптер на Воздухопловниот ВИНГ попладнево се вклучи во гаснењето на пожарот на планината ,,Галичица” кој е активен на непристапен потег. Како што информираше градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски, хеликоптерот е на Армијата на Република Северна Македонија, а се работи за пожарот кој што влезе од Албанија пред шест дена. – Синоќа се смени […]

Ангелов: Пожарот на Галичица активира експлозивни средства стари по сто години


Почнувајќи од 3 септември, кризната состојба предизвикана од пожарите е завршена. Во моментов е активен пожарот на планината Галичица, а утрово е регистриран и еден пожар во Арачиново, со што не постои можност за продолжување на кризната состојба, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција. Пожарот на Галичица започна […]

Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје, Никола Пановски носител на советничка листа од коалицијата „Одлучно за промени“


Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата на ЛДП и ДОМ, а микробиологот Никола Пановски е носител на советничката листа. Тие денеска беа промовирани од страна на ЛДП и ДОМ кои на изборите ќе настапат заеднички под слоганот „Одлучно за промени“. Шаќири на промоцијата изјави дека мотив за да се […]

ТИРЗ прогласен за лидер во регионот од Capital Finance International


Технолошко индустриските развојни зони се наградени за најдобри слободни економски зони – Лидер на Балканот за 2021 година. Наградата ја доделува британскиот магазин и портал CFI.co (Capital Finance International), со седиште во Лондон, кој е специјализиран за економски анализи и коментари за финансиските пазари низ целиот свет.  Како што се наведува во соопштението од ТИРЗ, во […]

МВР: За три пати намален бројот на жртви во сообраќајки во август


 Бројот на жртви на сообраќајниците во август 2021 е три пати помал од бројот на жртви во август 2020, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Во август оваа година, како што соопшти, имаме шест жртви во сообраќајните незгоди, а во август минатата година имало 19. – Ова е сериозно намалување, но ние продолжуваме со […]

Османи иницирал итно формирање работна група за испитување на постоење евентуална закана за МНР во врска со приведениот дипломат


Министерот за надворешни работи Бујар Османи иницирал итна процедура за формирање работна група која треба да изврши првична итна ревизија на состојбите со сертификатите и документацијата со цел да се утврди дали постои одредена иманентна закана за сигурноста и доверливоста на куќата, особено закана која е поврзана со предметниот случај, со приведениот македонски дипломат. Ова […]

Потребно итно професионализирање на дипломатската служба


 Советот на амбасадори денеска излезе со реакција во врска со приведениот македонски дипломат на границата со Србија, при што наведе дека во име на професионалните и етички стандарди и критериуми, ја изразува својата разочараност во врска со информацијата за меѓународната истрага врз дипломат од МНР и други лица кои во моментов не се во активна […]

Во Албанија задолжителна вакцинација и за администрацијата, полицијата, фармацевтските работници


По задолжителната  вакцинација против Ковид-19 за лекарите, наставниците и студентите, албанското министерство за здравство најави дека истото ќе важи и за вработените во  администрацијата, полицијата, вработените во аптеките  и лабораторите.  -Напливот на новозаболени, главно со Делта сојот, посебно кај помладата популација, услови проширување на опсегот  на задолжителна вакцинација на групите кои се најзагрозени од ширењето на инфекцијата. Најпрво тоа […]

Во Франција 140.000 луѓе демонстрираа против ковид-потврдите


  Околу 140.000, меѓу кои 18.000 во Париз, протестираа вчера, осми викенд по ред, проитв здравствените потврди во низа француски градови, но со послаб одѕив, соопшти француското министерство за внатрешни работи. До министерствотот пријавени се 215 собири, од кои пет во Париз. Одѕивот на протестите слабее, па пред две недели имаше 175.000, пред три 215.000, […]

Традиционално по 9-ти пат се трчаше Авицена Женска трка


Сојузот на спортови на Скопје, под покровителство на Град Скопје, денес го одржа деветтото издание на Авицена Женската трка. Како низ годините, така и денес, учесничките успеаа да го исполнат Градски Парк и Град Скопје со спортски дух и позитива. Трката се трчаше според протоколот и препораките одобрени од Комисијата за заразни болести при Министерството […]

Талибанците сакаат дипломатски односи со Германија


Талибанците, кои ја презедоа власта во Авганистан, сакаат Германија да воспостави дипломатски односи со нив и да им помогне. Ова за весникот „Велт ам Зонтаг“ го изјави портпаролот на исламистичкото движење Забиула Муџахид, јави ДПА. „Сакаме силни и формални дипломатски односи со Германија“, рече тој. Талибанците исто така би сакале да добијат финансиска поддршка и […]

Цивил: Граѓаните да ја исполнат својата обврска и да учествуваат во пописот, осуда за политизацијата


„Цивил“ ги повика граѓаните да ја исполнат својата обврска и да учествуваат во најголемата статистичка операција во земјава. Оттаму, ги осуди повиците за бојкот. Во соопштението до јавноста, „Цивил“ наведува дека Пописот на населението, домаќинствата и становите нема политичка димензија, туку е статистичка операција која им е потребна на граѓаните, институциите и бизнис секторот. – […]

За прв пат обезбедени учебници на Браево писмо


Министерството за образование и наука за првпат печати учебници со Браеово писмо за учениците со оштетен вид. Со помош на овие материјали за учење се обезбедува еднаков пристап во наставата за секој ученик. Материјалите, од кои еден дел веќе се готови, се печатат на специјален печатач во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје. „Со печатењето на […]

Хоџа: Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје


Гарантирам дека ќе се откупи целото произведено грозје, Министерството за земјоделство е секогаш отворено за сите проблеми на лозарите, им рече денеска министерот Арјанит Хоџа, на производители на грозје кои излегоа на протест во Неготино. -Жал ми е што протестирате бидејќи вратите на Министерството за земјоделство се отворени да дојдете да разговараме. Но, еве сме […]

Нема проблеми при спроведувањето на пописот


Успешно започна Пописот на населението, домаќинствата и становите низ државата, соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, а никаде нема одбивања за попишување, ниту пак има технички проблеми. „По 20 години го дочекавме денот да започнеме со спроведување на најважната статистичка операција во државата, Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам на сите […]

Во Калифорнија падна воен хеликоптер, петмина мртви, еден спасен


Пет припадниви на американската морнарица прогласени се за мртви откако падна хеликоптер во близина на брегот на Калифорнија. Хеликоптерот MH-60S се урнал на стотина километри од брегот кај Сан Диего, за време на рутински лет. Еден член на посадата е спасен, пишува Си-ен-ен. Се спроведува истрага за инцидентот Морнарицата ќе ги објави имињата на петте […]