Поранешниот министер за финансии Саџид Џавид на чело министерството за здравство во Велика Британија


Поранешниот британски министер за финансии Саџид Џавид ќе го замени Мет Ханкок на чело на Министерството за здравство, соопшти кабинетот на премиерот Борис Џонсон. Џавид минатата година поднесе оставка од функцијата министер за финансии, откако одби да замени тим на свои политички советници на барање на Џонсон. Лондонскиот весник „Гардијан“ во февруари минатата година објави […]

Пристигнуваат 500 илјади дози „Синовак“, од утре вакцинацијата во „петта брзина“


Пратката од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“, денеска ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје. Пратката ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Република Македонија, Џанг Ѕуо. Министерот за здравство Венко Филипче вчера […]

Горештините малку ќе попуштат денеска и утре, од вторник повторно многу топло


Малку посвежо време ќе преовладува денеска и утре во земјава. Синоптичарите најавуваат пониски температури за некоj степен. Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до […]

Пукање на плажа во Албанија, убиени четворица


  Во оружена пресметка на плажа во Велипоја на северот на Албанија убиени се четири, а ранети две лица, јавуваат медиумите од Тирана. Судирот се случил по полноќ, а деталите уште не се познати. Според штурите податоци од полицијата, до пукањето дошло по куса расправија. Меѓу жртвите се лица на возраст од 20 и 59 […]

Италија по продолженија со Австрија до четвртфиналето на ЕУРО 2020


Италија ја совлада вечерва Австрија со 2:1 по продолженија, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, и за противник во четвртфиналето на Европското првенство го чека победникот од утрешниот дуел меѓу Белгија и Португалија. Со триумфот над Австријците на стадионот „Вембли“ во Лондон составот на Роберто Манчини постави нов италијанскиот рекорд од 31 натпревари во серија […]

Мора да имаме еколошки такси за да имаме чиста животна средина, вели Пендаровски


Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, запрашан дали ќе го потпише законот за еколошка такса, рече дека мора да се воведат одредени еколошки такси ако сакаме да имаме чиста животна средина. – За жал, ќе мораме да одиме со одредени видови на еколошки такси. Тоа е тренд […]

Тур де Франс почна хаотично со масовни падови и победа на Жулијан Алафилип


Во хаотичен и крвав финиш на првата етапа на Тур де Франс, Жулијан Алафилип од Франција ја освои жолтата маичка, а четирикратниот шампион Крис Фрум се мачеше да се качи на својот велосипед, откако беше фатен во судир со голема брзина, непосредно пред последното искачување на Кот де ла Фос во Бретања. Силното забрзување на […]

„Падна“ седумка на Лото – на среќниот добитник му носи рекордни 669 илјади евра


Вечерва „падна“ седумка на Лотот која на среќниот добитник му носи рекордни 669 илјади евра.  „Добивка со 7 погодоци во 50 коло 2021. Уплатенa во ЈМБ КОМПАНИ Визбегово, Скопје. Износ на добивка: 41,163,771.60 ден.“, стои во објавата на Фејсбук на Државната лотарија. Добитната комбинација ја донесоа извлечените броеви  1,20,24,25,31,32 и 34. Инаку, во вечерашното коло […]

Брисел ќе ги забрани дизел автомобилите од 2030 година


Градот Брисел планира да забрани дизел автомобили од 2030 година и бензински возила од 2035 година, како дел од напорите за подобрување на квалитетот на воздухот и исполнување на регионалните климатски цели. Неговата зона со ниски емисии, основана во 2018 година, придонесе за намалување на емисиите на азотен диоксид и честички од транспортот за 11 […]

Писмото од Стоев до Османи е маркетиншки трик, вели Пендаровски


Писмото што бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев, му го испрати на неговиот македонски колега, Бујар Османи, е само маркетиншки трик поврзан со предизборната кампања во Бугарија, тврди претседателот Стево Пендаровски. Особено што тоа писмо беше испратено два дена по новата блокада на Бугарија во ЕУ, и што во него не било спомнато ништо […]

Бакнувањето со соработничката го чинеше функција британскиот министер за здравство


Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска поднесе оставка, откако во јавноста протекоа фотографии на кои тој се бакнува со соработничка во ходник. Јавноста посебно го критикуваше дека со бакнежот не само што ја изневерувал сопругата, туку ги прекршил анти-ковид правилата за физичко растојание, неопходни за борба против пандемијата на Ковид-19. Ханкок за оставката денеска […]

ЕУРО2020: Данска супериорна против Велс за влез во четвртфиналето


Фудбалерите на Данска ја совладаа вечерва репрезентацијата на Велс со 4:0 (1:0) во Амстердам во првиот осминафинален натпревар на 16. Европското првенство. Велс добро го отвори натпреварот и пропушти идеална шанса да дојде во водство преку капитенот Герет Бејл во 10. минута, но набрзо потоа Данска целосно ја презеде иницијатива и со два гола на […]

Илјадници Италијанци бараат продолжување на забраната за отпуштања од работа


Илјадници Италијанци демонстрираа во различни градови во земјата со барање за продолжување на забраната за отпуштање, воведена за заштита на работниците за време на корона кризата. Генералниот секретар на Заедничката италијанска конфедерација на трудот Маурицио Ландини побара мерката да се продолжи за уште четири месеци до крајот на октомври. Оваа изјава тој ја даде денеска […]

Турција го започна мега-проектот за изградба на Истанбулскиот канал


Турција– Во Истанбул денеска свечено беше свечено поставен камен-темелник за изградба на мостот Сазлидере, првиот мост на мега-проектот за изградба на Истанбулскиот канал, кој, паралелно со Босфорот, ќе ги поврзува Мраморното и Црното Море. „Денес вртиме нова страница во историјата на развојот на Турција. Ние го гледаме Истанбулскиот канал како проект за спас на иднината […]

Пожар во урнатините на зградата на Флорида, каде спасувачите трагаат по 159 исчезнати лица


САД–  Пожар изби денеска во урнатините на дел од зграда во сојузната американска држава Флорида и ги отежна напорите на спасувачите кои трагаат по 159 исчезнати лица. Пожарникарите не можат да го пронајдат изворот на пожарот во урнатините во малото гратче Сурфајд, во близина на Мајами. Дел од дванаесеткатницата се урна во четвртокот, а досега […]

Филипче: Вакцината „Синовак“ се препорачува за бремени жени и доилки


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил попладнево објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација.   – Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна […]

МЗ: Утре пристигнуваат 500.000 вакцини „Синовак“


Министерството за здравство попладнево соопшти дека утре на меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигнат 500-те илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“. Според најавите, оваа пратка вакцини ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо. Вчера попладне пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер“ што се набавени […]

Во Британија највисок број заразени од февруари


Велика Британија денес забележа 18.270 нови инфекции со корона вирус – највисок дневен пораст од 5 февруари – и 23 смртни случаи. Вчера беа пријавени 15.810 нови случаи. Случаите растат во Велика Британија последниот месец, но се чини дека вакцинациите го задржаа дневниот биланс смртни случаи на околу 20 или помал, пренесува Ројтерс. Дури 83,7% […]

Театарот е моја прва љубов, но филмот е посебна магија: Разговор со Александар Микиќ, актер


Лејла Сабит Театарот е моја прва љубов, но филмот е посебна магија и кога еднаш ќе те опчини не те пушта никогаш, вели во разговорот за „Независен“ актерот Александар Микиќ (55), кој се подготвува за улогата на Карамба во новиот филм на режисерот и сценарист Милчо Манчевски „Кајмак“ кој почнува со снимање на 6 јули […]

Дуа Липа стана црвенокоса за новата кампања на „Версаче“


Англија– Бринета, па русокоса, сега црвенокоса за новата рекламана кампања на „Версаче“ за сезоната есен-зима 2021 година. Англиската музичка суперѕвезда со косовско потекло позира во парчиња во кои е претставен новиот мотив на Версаче „Ла Грека“. Целосната кампања започнува на 30 август, но Версаче објави серија фотографии на Мерт и Маркус.  „Не можам да ви […]