Тур де Франс почна хаотично со масовни падови и победа на Жулијан Алафилип


Жулијан Алафилип на целта

Во хаотичен и крвав финиш на првата етапа на Тур де Франс, Жулијан Алафилип од Франција ја освои жолтата маичка, а четирикратниот шампион Крис Фрум се мачеше да се качи на својот велосипед, откако беше фатен во судир со голема брзина, непосредно пред последното искачување на Кот де ла Фос во Бретања.

Силното забрзување на Алафилипе ја уништи првата група што сè уште се опоравуваше од последиците на двете масовни паѓања, а во едното беше и тој вклучен.

„Мојата намера беше да освојам етапа што е можно побрзо“, рече Алафилип. „Требаше да ја направам трката напорна од подножјето на искачувањето и да се ослободам од некои од спринтерите и различните возачи кои се брзи во финишот. Ние ја направивме селекцијата и после тоа дадов максимум, но беше тешко да се задржи водството до целта“.

Неговата победа, со оглед на тоа колку му одговараше последниот рид, во неговиот стил на возење, не беше шок. Она што беше шокантно беше нивото на масакр што се случи пред неа.

Во групата зад Алафилип беше и бранителот на титулата, Тадеј Погачар, фаворит пред трката, Примож Роглич, кој како трет зеде четири секунди бонус и победникот на траката во 2018 Герент Томас.

Но, списокот на жртви, и на несреќите и силното забрзување на Алафилип, беше долг. Ричи Порте, трет во генералниот пласман во 2020 година, кој падна во втората несреќа, загуби над две минути, додека неговиот совозач од „Инеос“, Тао Геогеган Харт загуби над пет и пол минути.

Колумбискиот искачувач Мигел Анхел Лопез, уште еден кандидат за подиум, загуби речиси две минути, додека други, како Мајкл Вудс, лидерот на израелската екипа, загубија повеќе од осум. Фрум беше уште поназад, бидејќи се довлече до самиот финиш скоро 15 минути зад Алафилип. По завршувањето на трката тој замина во болница на дополнителни испитувања.

Првиот од падовите во кој беше зафатен речиси целиот пелотон