Пукање на плажа во Албанија, убиени четворица


 

Во оружена пресметка на плажа во Велипоја на северот на Албанија убиени се четири, а ранети две лица, јавуваат медиумите од Тирана.

Судирот се случил по полноќ, а деталите уште не се познати.

Според штурите податоци од полицијата, до пукањето дошло по куса расправија.

Меѓу жртвите се лица на возраст од 20 и 59 години, ппишува РТС.

За двете ранети лица се сомневаат дека учествувале во пресметката.