Трамп се враќа на политичката сцена, денеска митинг во Охајо


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ќе одржи митинг во Охајо, што ќе биде неговиот прв собир по напуштањето на Белата куќа. Тоа ќе биде и прв митинг откако неговите приврзаници упаднаа во Капитол во јануари, кога загинаа пет лица, потестуваат американските медиуми. Според аналитичарите, овој собир може да навести негов можен ангажман на изборите […]

ГН на Штаерска: „Пол- позицијата“ за Верстапен


 Актуелниот лидер во генералниот пласман во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), ќе тргне од првата стартна позиција во трката за Големата награда (ГН) на Штаерска, додека покрај него во првиот ред на патеката во Шпилберг ќе биде светскиот првак Луис Хамилтон (Мерцедес). Верстапен дојде до својата шеста „пол – позиција“, откако во денешните […]

Индискиот сој брзо се шири и во Португалија – се враќаат построги мерки


  Повеќе од 70 отсто од случаите на зараза со корона вирусот во Лисабон, Португалија, предизвикани се од делта сојот кој е позаразен и брзо се шири во другите делови од земјата, додека властите се обидуваат да го сопрат загрижувачкиот пораст на бројот на снови случаи, објавено е во најновиот извештај. Националниот институт за задравје […]

Македонските тенисери изборија промоција во Дејвис купот


Македонската тениска репрезентација ја совлада попладнево Молдавија и избори пласман во Третата европска зона во Дејвис купот. По воведните триумфи над Косово (3:0) и Андора (3:0), и поразот од Сан Марино (1:2). македонските тенисери во завршниот натпревар од групата Б во Четвртата европска дивизија во Дејвис купот, триумфираа на терените на ТК „Југ“ во Скопје […]

Тимерманс: До 2050 година, Европа мора да стане климатски неутрална


До 2050 година Европа мора да стане климатски неутрална, изјави потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс, кој учествува на состанокот на европските социјалисти во Берлин. Во германскиот главен град, премиерите и комесарите разговараат за визијата за поправеден и поодржлив пат за Европа. Според Франс Тимерманс, новите зелени политики мора да содржат и социјална белег, а […]

Идеално за врели денови: Леден чај од нане и лимон


  За жешките денови подгответе леден, освежителен напиток. Потребни состојки? 4 чаши вода 3 вреќички зелен чај 1/4 филџан листови од нане 2 лажици шеќер или мед сок од 2 лимони 4 парчиња лимон ливчиња нане за украс Подготовка: Зовријте 2 шољи вода, па додадете го чајот и нането. По 10 минути ладење, фрлете ги […]

Велика Британија може да остане без храна во текот на летото


Велика Британија се соочува со недостиг на храна во текот на летото, предупредува Асоцијацијата за товарен превоз. Причината е недостиг од околу 100.000 возачи на камиони поради Ковид-19 и „Брегзит“, пренесува Денар. Во писмото до Борис Џонсон, претставниците на превозниците го повикаа премиерот на итна интервенција за да им се овозможи на возачите од Источна […]

(Галерија) Прајд хепенинг во Градски парк на 40 степени


Граѓани, популарни пеачи, политичари, активисти, поддржувачи на ЛГБТ заедницата се собраа денес во Градскиот парк во Скопје кај популарната Школка на хепенинг во рамки на годинашната Парада на гордоста што по втор пат се одржува во главниот град на Македонија. Иако беше еден од најтоплите денови годинава, сепак, во паркот присутните се забавуваа со звуците […]

Во Русија денеска најмногу починати со Ковид-19 од декември


Бројот на смртни случаи од корона вирус во Русија порасна за 619 во последните 24 часа, во однос на потврдените 60 претходниот ден, што е највисок број од декември наваму, јави Кризниот штаб за борба против Ковид-19. Според официјалните податоци, вкупно 132.683 лица починаа од последиците од корона вирусот во Русија, од почетокот на пандемијата, […]

Уште една жртва на капитализмот во Италија: Момче почина по целодневна работа на 40 степени Целзиусови


  Смртта на 27-годишниот Камаро Фантамади, по потекло од Мали, кој почина по целодневна работа на плантажите, една е од главните теми во италијанските медиуми. Момчето цел ден работело во поле, на температура од 40 степени Целзиусови, за 6 евра на час. На пат до дома – паднал, „убиен е од искористувањето на кое се […]

Во Чешка загинаа петмина, меѓу нив и млада трудница и студент


  Во невремето со торнадо во Чешка, загинаа петмина во четвртокот, а меѓу нив и една трудна жена од Словачка, ќерка на познатиот музичар Франтишек Цмар. Информацијата ја потврди и Министерството за надворешни работи. На младата трудница паднала железна конструкција, а таа починала на место. Загина и маж на шеесетгодишна возраст, сопственик на паб, кој […]

Истокот на Франција погоден од земјотрес од 4 степени – предизвикан од геотермална централа


  Поширокото подрачје на Стразбур на истокот на Франција, утрово го разбуди земјотрес со магнитуда од 4 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот, што се случил околу 5 часот, бил на 6 км северозападно од Стразбур, а тресењето се почувствувало до Општината Брумат. Се почувствувале тресења и во југозападна Германија и на северот на Швајцарија. […]

Прво кревање на блокадата, па после целосен договор, вели Бујар Османи


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска соопшти дека за да има целосен договор со Бугарија мора во еден пакет да се најдат решенијата од португалскиот предлог, дефиниран патоказ и зелено светло за почеток на преговорите. Тоа значи дека двете страни ги исполниле обврските. Ако ја нема една од овие компоненти ќе нема ни договор […]

Правилата и предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица


Грција-  Правилата за патување во Грција остануваат непроменети и продолжени за уште една седмица, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник, стапи во сила утрово, а меѓу другото важи и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА […]

Втора Парада на гордоста во Скопје


Втората Парада на гордоста во Скопје започна напладне со марш од паркот „Жена Борец“, и продолжи низ центарот на градот, преку Владата до Градскиот парк. Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride“ се дел од маршот, а дел од транспарентите гласат „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовите“… Парадата […]

Само шест нови случаи на корона, нема починати


Во последните 24 часа регистрирани се само шест нови случаи на Ковид-19 од 3.147 тестирања, што е 0,19 отсто од примероците. Министерството за здравство соопшти дека нема починати и дека оздравеле четири пациенти. Од заболените тројца се во  Скопје, двајца во Тетово и еден во Струмица. Оздравените пациенти се од Скопје, Тетово, Делчево и Крушево […]

Албанија ќе издаде еврообврзница во висина од 500 милиони евра


Албанија– Албанската Влада ќе издаде еврообврзница на меѓународниот пазар со што ќе ја задолжи државата за 500 милиони евра. Ова е петти пат како земјата се појавува на пазарите на капитал и како прелиминарен дел од овој план се предвидува да се најде консултант што ќе и помогне на Албанија да влезе на меѓународните берзи со […]

Мони Дамевски избран за нов директор на ИФФК „Браќа Манаки“


Актерот Симеон Мони Дамевски на вчерашното свечено Собрание на ДФРМ, едногласно е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Според статутот на ДФРМ, мандатот на Мони Дамевски важи за следните две изданија на фестивалот. Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување […]

Во Брисел веќе почна пост-Меркел ерата – и таа не е убава


Големиот судир на Самитот на ЕУ ја отпочна битката за европските вредности и кој би можел да ја има командната улога во иднина. Торпедирањето на предлогот на Меркел за самит со Путин јасно покажа дека европските лидери сметаат дека таа е веќе замината иако е уште тука   До изборите во Германија има три месеци, […]

На Преспа форумот ќе има триста учесници


Околу триста учесници од целиот регион и меѓународната заедница, меѓу кои премиери, претседатели, министри и генерални секретари ќе учествуваат на првата меѓународната конференција во рамките на Преспа форумот за дијалог – “Западен Балкан: делот што недостига за Европа да биде целосна”, што ќе се одржи на 1 и 2 јуни годинава во Охрид и Отешево. […]