Три града во државата без Ковид-19, во два по еден позитивен на корона


Во државата до завчера вкупно се вакцинирале 239.283 граѓани, а само во вторникот биле аплицирани 15.155 вакцини. Според вчерашните податоци на Институтот за јавно здравје, три града во земјава – Демир Капија, Пехчево и Дојран, немаат ниту еден активен случај на Ковид-19, а во Дебар и Валандово има само по еден. Бројот на лица кои […]

Виртуелна промоција на зборникот „Конески на 11 јазици“


Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), денеска ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“. Станува збор за зборник од Првата зимска школа на МСМЈЛК, којашто се одржа на почетокот на годинава и беше прва активност во рамките на програмата за одбележување на […]

Наставник од Вирџинија остана без работа по коментар против новите предлог-политики за трансџендер ученици 


Наставник во основно училиште во Вирџинија го тужи Одборот на школите на округот Лаудин откако бил суиспендиран по неговите коментари против предлог-политиката за нови права за трансџендер учениците, јави денеска Ен-Пи-Ар. Бајрон Танер Крос, наставник по физичко во основното училиште Лизбург, во Вирџинија, изјави дека да се признае дека половиот идентитет на некој ученик е поинаков од […]

Над 97 проценти од граѓаните на социјалните медиуми пристапуваат од мобилен


Граѓаните на интернет најчесто пристапуваат преку своите мобилни телефони, а најпосетувани страници се Гугл и ЈуТјуб. Околу 57,6 проценти од населението во Северна Македонија или 1,2 милиони граѓани во 2020 година активно ги користеле социјалните медиуми. Најголемиот дел од нив 97,2 проценти за пристапување на социјалните медиуми ги користеле своите мобилни телефони, покажуваат податоците на […]

Сончево со мала до умерена облачност и умерен северозападен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 степени. Во Скопје и околината, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната […]

Израел: Опозицијата објави дека формирала влада и го испрати Нетанјаху во опозиција


Опозициските партии објавила дека го склучиле договорот за коалиција еден час пред да истече крајниот рок што го имаше мандатарот Јаир Лапид. Според договорот, првите две години премиер ќе биде националистот Нафтали Бенер, а другите две центристот Лапид   ЕРУСАЛИМ – Противниците на премиерот Бенјамин Нетанјаху пред самиот истек на рокот во среда на полноќ […]

Тешки оценки на Вашингтон: Бугарија е заглавена во корупција


Американските санкциите за шест бугарски граѓани, од кои три многу важни личности внесоа бура во бугарската јавност не 40 дена пред изборите. Луѓето од листата се обвинети за корупција. Американската амбасадорка во Софија вели дека корупцијата во Бугарија е ендемична    Бугарската јавност денеска е растресена од воведувањето на санкциите од страна на САД за […]

Скопската полиција изрече санкции на 130 возачи во Сарај и Ѓорче Петров


СВР Скопје, денеска спроведе зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на општините Ѓорче Петров и Сарај, при што се санкционирани 130 возачи, соопштија од скопката полиција. –  Од нив 16  управувале возило без возачка дозвола, а 22 управувале со брзина поголема од дозволената. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме […]

Средба на премиерот Заев со иранскиот амбасадор Расули: Интерес од Иран за инвестирање во земјава


Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на Иран во нашата државам Сејед Мохамед Џавид Расули на која се поздравени политиките на одлучност и пријателства на премиерот, во кого, како што е пренесено, Техеран гледа како на човек и политичар кој од срце работи за доброто на својот народ и својата држава. […]

Франција од 15 јуни почнува со вакцинирање млади на возраст од 12 до 18 години


Младите луѓе во Франција на возраст од 12 до 18 години од 15 јуни ќе можат да се вакцинираат против Ковид-19, изјави претседателот на државата, Емануел Макрон. Тој рече дека одлуката за почеток на вакцинирање на младите е донесена на состанокот на Советот за одбрана, одржан денеска во Елисејската палата. Високиот здравствен орган (ХАС) денеска […]

Уште еден нон-пејпер за Западен Балкан, овој пат од пет земји на ЕУ


Дали политиката на ЕУ кон Западен Балкан почна да се води од нон-пејпери? Три, четири, пет досега – некои од непознати автори (како оние за промена на границата), некои сп адреса, како оној на Загреб и Жозеп Борел, а на нив имсе придодаде уште еден, на пет земји членки на ЕУ. Според пишувањето на регионалните […]

Вардар 1961 по рекорден 14. пат македонски ракометен првак


Екипата на Вардар 1961 ја одбрани титулата во македонското ракометно првенство совладувајќи го вечерва скопскиот ривал Металург со 39 : 27 во последниот натпревар сезонава во Суперлигата. За Вардар 1961 ова е вкупно 14. титула во клупската историја и шеста едноподруго во македонскиот ракомет. Сезоната 2020/21 ракометарите на Вардар ја комплетираа со двојна круна, триумфирајќи […]

Кан 2021: Џоди Фостер ќе ја добие почесната „Златна палма“


Франција– Џоди Фостер ќе ја добие почесната „Златна палма“ на 74. Кански филмски фестивал. Таа исто така ќе биде почесен гостин на свеченото отворање, на кое ќе ја прими наградата. Фестивалот годинава се одржува од 6-17 јули, наместо во мај, како и обично. „Златната палма“ ќе биде врачена на 17 јули. Почесната „Златна палма“ претходно […]

Кога Мицкоски ќе се разбуди


ЕРОЛ РИЗАОВ Да се молиме Мицкоски конечно да се разбуди и да открие кој тоа управувал со државата во изминатите 30 години и го држел под ропство сопствениот народ   Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, имал ужасна мака која, во напад на искреност, ја сподели со јавноста. Чувствувал голема одговорност што народот во овие четири […]

ЕК: Бугарија, Романија и Хрватска остануваат надвор од Шенген зоната


Европската комисија денеска потврди дека нема засега да дозволи прием на Бугарија, Романија и Хрватска во Шенген зоната поради отпорот на некои земји-членки. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон на прес-конференција во Брисел претстави „Стратегија за зајакнување на Шенген зоната“ и потсети дека, според Комисијата, Бугарија и Романија ги исполниле техничките критериуми за членство во […]

Пријателката на Епштајн пет пати нуди кауција за слобода, судот пет пати ја одбива


По петти пат Британката Гислајн Максвел ја губи обидот да биде ослободена со кауција пред судењето во ноември под обвинение дека регрутирала тинејџерки за Џефри Епштајн за сексуално злоставување. Вториот апелациски суд на САД во Менхетен издаде кратка наредба со која го отфрла последното барање на Максвел. Советот од тројца судии што го издаде, не […]

Каролина Гочева ја објави новата песна „Идила“ (видео)


Поп-ѕвездата Каролина Гочева на својата фејсбук страна, денес официјално ја објави новата песна „Идила“ како најава за новиот албум по три години од последниот, деветти студиски албум „Извор“. Новиот албум ќе биде достапен наесен. Ова ново остварување на Каролина е потпишано од композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато.  За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, […]

Вашингтон ги суспендираше дополнителните царини за шест земји


Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти денеска дека ќе ги суспендира царинските казни за шест земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија и Италија, сè додека не се постигне договор во рамки на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и Г20 во врска со спорот околу дигиталните услуги. Американската истрага заклучи дека е донесена […]

ЕУ договори помош од 14 милијарди евра за Западен Балкан и Турција


 Советот на ЕУ постигна преоден договор за претпристапната финансиска помош за земјите од западен Балкан и Турција попладнево, јави дописничката на МИА од Брисел. Претпристапната помош за периодот 2021-2027, попозната како ИПА 3 програмата, е на пат да биде усвоена откако денеска Советот на ЕУ (земјите членки) постигна договор со Европскиот парламент за овој предлог […]

Данска не дозволува руски навивачи во земјата за ЕУРО2020


УЕФА соопшти денеска дека не успеала во преговорите со Данска, која одбива да им дозволи влез во земјата на руските навивачи да го следат натпреварот на нивниот национален тим против данската репрезентација што во рамки од групната фаза на претстојното ЕУРО 2020 ќе се игра во Копенхаген. Поради патните рестрикции и протоколите поврзани со Ковид-19 што се на сила во нордиските […]