Пријателката на Епштајн пет пати нуди кауција за слобода, судот пет пати ја одбива


Според обвинението Гислејн Максвел регрутирала жени за Џефри Епштајн за сексуално злоставување

По петти пат Британката Гислајн Максвел ја губи обидот да биде ослободена со кауција пред судењето во ноември под обвинение дека регрутирала тинејџерки за Џефри Епштајн за сексуално злоставување.

Вториот апелациски суд на САД во Менхетен издаде кратка наредба со која го отфрла последното барање на Максвел. Советот од тројца судии што го издаде, не дава детали.

Апелацискиот суд еднаш претходно го одби барањето за кауција, а нејзиниот судечки судија трипати рече не.

Во најновото барање за кауција, адвокатите на Максвел побараа од апелацискиот суд барем да му наложат на судијата на понискиот суд да спроведе рочиште каде може да се покажат докази поврзани со кауција. И тоа беше одбиено.

Максвел (59) е во затвор од јули минатата година. Таа се изјасни дека не е виновна за обвиненија, вклучително и трговија со секс и заговор, во кои се тврди дека регрутирала најмалку четири жени за Епштајн за сексуално злоставување помеѓу 1994 и 2004 година.

Нејзиното судење неодамна беше преместено од јули во ноември.

Епштајн се уби во федерален затвор на Менхетен во август 2019 година, додека чекаше судски процес за трговија со секс. (АП)