Рот: Грција и Германија го поддржуваат членството на Македонија и Албанија во ЕУ


Поддршка за членството на Северна Македонија и Албанија во ЕУ изрази денеска германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот по средбата во Атина со алтернативниот шеф на грчката дипломатија Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина. – Двајцата го поддржуваме патот на Албанија и Северна Македонија кон членство во ЕУ, што ќе ја […]

По неколку недели работа згасна социјалната мрежа на Трамп 


Социјалната мрежа на поренашниот претседател на САД, Доналд Трамп, пуштена во употреба минатиот месец откако тој беше баниран од Твитер и Фејсбук повеќе не работи, јави денеска Вашингтон пост.  Џејсон Милер, портпарол на Трамп, изјави дека блогот наречен „Од работната маса на Доналд Трамп“ е постојано затворен откако сите постови од веб-сајтот биле избришани.  Според […]

Панел од Европската зелена недела: Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан се закана за здравјето и безбедноста


Термоелектраните на јаглен на Западен Балкан се закана за здравјето и безбедноста на европското население поради зголемените емисии на штетни гасови, нагласија учесници на панел како дел од одбележување на Европската зелена недела. Термоелектраните во Србија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Косово и БиХ претставуваат здравствена и економска закана за стабилноста на ЕУ, бидејќи тие се […]

Турската полиција приведе македонски државјанин поврзан со Седат Пекер


 Турската полиција денеска на истанбулскиот меѓународен аеродром „Сабиха Ѓокчен“ го приведе македонскиот државјанин Бобан Томовски и се очекува в сабота тој да биде екстрадиран во земјава, јавија турските медиуми. Томовски, според истите извори, бил во контакти со турскиот наркобос Седат Пекер, кој изминатиов период изнесе обвинувања за криминал и корупција против членови на Владата на […]

Легендарната венчаница на принцезата Дајана изложена во палатата Кенсингтон


Англија – Светот може повторно да ја види венчаницата на принцезата Дајана во реалниот живот. Легендарниот фустан, кој Дајана го носеше кога се омажи за принцот Чарлс во 1981 година, официјално е изложен во палатата Кенсингтон, како дел од нејзината последна изложба „”Royal Style in the Making “. Иако презентацијата не беше отворена за јавноста […]

Вчера аплицирани 15.155 вакцини, вкупно вакцинирани 239.283 граѓани


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 239.283 граѓани. Бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 436.072 граѓани, информираат од Министерството за здравство. Прва доза вакцина во текот на вчерашниот ден примиле 1.995 граѓани, а  вкупно се вакцинирале 15.155 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 346.931 […]

Уште 2,4 милијарди долари собрани за Ковакс


Швајцарија– Десетици земји денеска ветија речиси 2,4 милијарди американски долари за финансирање на дистрибуција на вакцини против Ковид-19 во рамките на програмата Ковакс за да ги направат подостапни за луѓето во посиромашните земји. Најавите за донации, што се движеа индивидуално од 2.500 американски долари од островската држава Маурициус, до десетици милиони долари и дози на вакцини […]

Нов нон-пејпер – Пет членки на ЕУ бараат поголема поддршка за Западен Балкан


БиХ – Четири земји од „Вишеградската група“ – Унгарија, Полска, Чешка и Словачка, како и Австрија, испратиле нов нон-пејпер до раководството на Европската унија, што се однесува на Западен Балкан. Повикувајќи се на дипломатски извори, сараевскиот портал Кликс објави дека документот не се занимава со прашањето на границите, но бара од Европската унија поголема поддршка за […]

„Белгискиот Рамбо“ планира да убие десет лица, вклучително и министерката за одбрана


Откако исчезна кон крајот на минатиот месец, вооружениот војник со прекар „белгискиот Рамбо“, кој му го дадоа медиумите, идентификуваше десет лица кои планира да ги убие, напишал тој во своите писма. Според локалните медиуми, 46-годишниот десетар Јирген Конингс и оставил писмени пораки на својата поранешна сопруга пред да исчезне, поврзани со план за следење на […]

Пандев: За нас е подобро другите да не гледаат како аутсајдери на ЕУРО 2020


 Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев во интервју за австрискиот весник „Кроне“ порача дека на „црвено-жолтите“ би им одговарала улогата на аутсајдер на претстојното ЕУРО 2020. – Претпочитам сите да гледаат на нас како аутсајдери за да го покажеме нашиот вистнски фудбал. Ние ја обожуваме таа улога, изјави Пандев во интервјуто. Капитенот истакна дека фудбалерите ќе […]

Производството на Спутник V започнува на 4 јуни на Торлак


Министерот за иновации и технолошки развој на Србија, Ненад Поповиќ, на Твитер го објави датумот кога ќе започне производството на руската вакцина. „ЕКСКЛУЗИВНО: Производството на @sputnikvaccine во Институтот Торлак ќе започне во петок, 4 јуни, со свечена церемонија на која ќе учествуваат високи државни функционери на Србија и Русија. Победуваме заедно!“, напиша Поповиќ. Претходно рускиот […]

Светскиот шампион во велосипедизам ги испита потенцијалите на Крушево


Тим од швајцарски експерти на компанијата GFC Sports Management AG предводени од светскиот шампион во планински велосипедизам Ралф Неф (Ralph Näf), неделава во Крушево започнаа  анализа на потенцијалот и план за градење на велосипедски патеки. Иницијативата за изготвување на  велосипедски патеки по меѓународни стандарди за планински велосипедизам е на Ски центарот „Панорама“ и хотел „Панорама“-Крушево, […]

САД воведоа санкции за тројца Бугари по законот „Магнитски“


 Канцеларијата за контрола на странски активи на Министерството за финансии на САД (OFAC) воведе санкции за тројца бугарски државјани заради нивна голема улога во корупција во Бугарија, како и за нивните мрежи опфатени со 64 организации. Санкциите се против Васил Крумов Божков, Делјан Славчев Пеевски и Илко Димитров Желјазков. Во соопштението од САД, Божков е […]

Заев: Нема промена на даноците, секоја криза е и можност и затоа ги објавивме проектите


Нема промена на даноците. Во првите пет месеци годинава, споредено со лани, имаме 20 проценти подобрена наплата, што значи дека економијата заживува, а значајно е што инфлацијата е стабилна. Веруваме дека секоја криза, е и можност и затоа ги објавивме и овие големи проекти. Ако успеат, тоа ќе направи дополнително придвижување и на економијата, и […]

Осло: Повеќе од 540 луѓе се во карантин поради училишна прослава


Најмалку 540 луѓе се наоѓаат во карантин во главниот град на Норвешка, Осло, откако се појавило жариште на инфекција поради традиционалната прослава на матуранти, кои се возат со автобуси и пијат. Јорун Тавлов, задолжена за следење на инфекциите во западниот дел на Осло, изјави за локалните медиуми дека повеќето од случаите од новиот кластер се […]

Комисијата за здравство не го прифати предлог-законот за максимални цени за лекување и тестирање на пациенти со Ковид-19 во ПЗУ


Собраниската Комисија за здравство на денешната седница не го прифати Предлог-законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со Ковид-19 во приватните здравствени установи, во прво читање, поднесен од пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов. Кoмисијата и владиното мнозинство сметаат дека таков предлог-закон веќе е усвоен од Собранието, изјави […]

Нова детска градинка се гради во Општина Аеродром


Нов објект на детската градика Црвенкапа, клон на градинката Срничка, со капацитет да згрижи 200 деца од предучилишна возраст се гради во Општина Аеродром. Во градинката ќе може да бидат згрижени 170 деца од две до шест години и 30 деца до две години. – Инвестираме во иднината на нашата држава, тоа е инвестицијата во […]

Филипче се сретна со делегација од Вермонт, САД донираа 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација


Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со висока делегација од американската сојузна држава Вермонт, предводена од заменик-гувернерката Моли Греј и командантот на Националната гарда, генерал-мајор Грегори Најт, што престојува во официјална посета на нашата држава. На средбата присуствуваше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз. На состанокот, министерот Филипче со заменик-гувернерката Греј, говореа за […]

Нови правила за внесување и изнесување пари од ЕУ- строги прописи за повеќе од 10.000 евра


Новите правила за контрола на готовина и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ ќе стапат на сила утре, со тоа што сите патници кои влегуваат или излегуваат од ЕУ треба да пополнат декларација за готовина кога носат 10.000 евра или повеќе или противредност во други валути, како и други средства за плаќање како […]

Диор ја носи крузерската колекција на стадионот „Панетинаикон“ во Атина: Модните олимписки игри може да почнат


Франција/Грција-  Нека започнат модните олимписки игри. Француската луксузна модна куќа „Диор“ ќе ја претстави својата крузерска колекција дизајнирана од Марија Грација Кјури на 17 јуни во 21 часот на стадионот „ „Панетинаикон“ во Атина, Грција, кој беше домаќин на церемониите на отворање и затворање на првите современи Олимписки игри во 1896 година, изјавија од куќата […]