Производството на Спутник V започнува на 4 јуни на Торлак
Министерот за иновации и технолошки развој на Србија, Ненад Поповиќ, на Твитер го објави датумот кога ќе започне производството на руската вакцина.
„ЕКСКЛУЗИВНО: Производството на @sputnikvaccine во Институтот Торлак ќе започне во петок, 4 јуни, со свечена церемонија на која ќе учествуваат високи државни функционери на Србија и Русија. Победуваме заедно!“, напиша Поповиќ.
Претходно рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ го потврди квалитетот на вакцината произведена во „Торлак“ и го одобри производството на „Спутник V“.