Рекорден број новозaразени во Грција, Комисијата на епидемиолози утре ќе разгледа олабавување на мерките


Комисијата на епидемиолози од Министерството за здравство на Грција, утре ќе одржи состанок за да ја разгледа епидемиолошката слика во земјата и можноста за олабавување на рестрикциите како што е отворање на малопродажбата или на училиштата, но и да се укине забраната за движење меѓу општини, јави дописничката на МИА од Атина. Во грчките медиуми […]

Заев оптимист за законот за државјанство


Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција истакна дека во Владата постои волја да се најде решение за Предлог-законот за државјанство, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива, кое ќе се базира на европските практики. Тој не сакаше да навлегува во детали околу можните законски решенија, но рече дека е потребен еден доказ, аргумент, врз основа […]

За одлагање на пописот очекувам поддршка од сите партии, вели Заев


Верувам дека сите одговорно ќе се однесуваме и ќе изнајдеме решение за поддршка на измените на Законот на попис од страна на сите политички партии, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање околу најавената блокада од Алијансата за Албанците и Алтернатива, кои соопштија дека не поддржуваат одложување на пописот. – Законот за попис […]

Владата одобри Меморандум за соработка со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатски делници од Коридорите 8 и 10


Владата денеска на 59-та седница го одобри текстот на Меморандумот за разбирање помеѓу со компанијата „Бехтел и Енка“ за соработка за проектна подготовка и изградба на автопатските делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа-Струга-Ќафасан од Коридорот 8, како и изградба на автопатската делница Прилеп-Битола од Коридорот 10. Владата, како што соопшти владината прес-служба, донесе и Одлука за давање […]

Презентиран Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022


Премиерот Зоран Заев и министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на прес-конференција го презентираа Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија. Конкурсот е објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) и е достапен на следниот линк https://mon.gov.mk/content/?id=3850, а од утре ќе биде објавен […]

Започна постапката за законска гаранција за 100 милиони евра од ЕИБ за мали и средни претпријатија


Владата на денешната 59-та го утврди текстот на Предлог-законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор за одговор на Северна Македонија на КОВИД-19. – Предлог-законот, кој е доставен на усвојување во Собранието, е наменет да го поддржи финансирањето на малите и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кое ќе се […]

Захариева интервенирала и кај својот словенечки колега за ИФИМЕС


Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева денеска разговорала телефонски со словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар за низата „анализи“ објавени од словенечката невладина организација Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), чија цел, наводно била дискредитација на Бугарија со лажни и манипулативни информации. Логар, како што јави дописникот на МИА […]

Владата ги утврди предлог-измените на Законот за попис


Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година. Како што соопшти владината прес-служба, до Собранието ќе биде доставен Предлог-закон со внесени измени и дополнувања со кои се одлага пописот за септември 2021 година, односно […]

Филипче во клинч со Пендаровски: Немаше поддршка од претседателот за вакцините. Шефот на државата вели – тоа не е точно


Министерот за здравство во брзата реакција на изјавата на шефот на државата рече дека „сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза“   Министерот за здравство, Венко Филипче реагираше на изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дека сликите кои ги гледавме изминатиот викенд кога многу граѓани отидоа во соседна […]

„БиоНТек“ на вакцината против коронавирусот во 2020 година заработилa 270,5 милиони евра


Фармацевтската компанија со седиште во Мајнц, „БиоНТек“, која ја разви вакцината против коронавирусот, заедно со американскиот гигант „Фајзер“, соопшти дека во 2020 година направила приходи од 270,5 милиони евра, само од вакцината против Ковид-19, јави ДПА. -Минатата, 2020 година, беше трансформациска година за „БиоНТек“, со развојот и одобрувањето на првиот лек за mRNA во историјата, […]

Пендаровски ѝ се заблагодари на Србија, но тоа беше „срам за македонската држава“


Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука, порача претседателот Пендаровски   Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука, порача денес претседателот на државата Стево Пендаровски по завршување на Седницата на Советот за безбедност посветена на […]

Чадиковски: Не би сакал градот да го води човек како мене, стручен за друго


– Толку го сакам својот град што не би сакал да го води човек како мене, кој е стручен за друго. Мојот живот е медицината и моја професионална мисија е да помагам на што повеќе болни деца. И ништо надвор од тоа. Политичкиот ангажмани никогаш не биле домен на мој интерес – одговори денеска д-р […]

АстраЗенека го смени името на вакцината во „ваксзервија“


Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ ја преименуваше својата вакцина против корона вирус и сега е наречена „ваксзервија“. Во соопштението, компанијата посочува дека промената на името не значи промена во составот на вакцината, но дека е добро медицинските работници да се запознаат со новото име поради различното пакување и етикета. Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата […]

Шекеринска и кинескиот министер Веи заклучиле дека борбата со пандемијата бара заедништво


Со високи воени почести денеска во Министерството за одбрана беше пречекан министерот за одбрана на Кина, генералот Веи Фенгхе, кој престојува во официјална посета на Северна Македонија. На средбата со министерката Радмила Шекеринска била потврдена долгогодишната билатерална одбранбена соработка, која се базира на Спогодбата за соработка од 2004 година, која е особено активна во доменот […]

Бугарија ги отвора рестораните и училиштата пред изборите


Сопствениците на рестораните се незадоволни – тие претпочитаат да останат затворени и да добиваат помош од државата отколку да постават неколку маси на тротоарите   (Од нашиот дописник)                                                        […]

На „Мој термин“ се пријавиле речиси 6.000 граѓани за вакцини


Министерството за здравство ја информира јавноста дека од утрово Институтот за трансфузиона медицина во Скопје, започна со дистрибуција на вакцината Астра Зенека до здравствените установи низ државата, каде почнувајќи од утре, ќе се одвива вакцинација на лица над 77 годишна возраст. Националниот систем Мој Термин од синоќа од 19 часот ги отвори термините преку кои […]

ЕК предложи 2,5 милијарди евра заем за Грција за поддршка на вработените


Европската комисија предложи шест земји членки на Унијата да добијат нова финансиска помош во вид на заем што достигнува до вкупно 3,7 милијарди евра, преку програмата за привремена поддршка за ублажување на ризиците од невработеност во итни случаи (SURE), од кои 2,5 милијарди евра се наменети за Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот […]

Речиси 5.500 новозаболени во Србија, починаа уште 39


  Во соседна Србија денеска се регистрирани 5.471 новозаразени со корона вирусот, а починаа уште 39 пациенти. Според податоците на Министерство за здравство и Институтот „Батут“, на респиратори се 276 пациенти, а во болница се лекуваат 7.205. Во последните 24 часа тестирани се 18.528, а 3.406.642 од почетокот на епидемијата. До денеска во Србија од […]