Облека и мебел на легендарниот дизајнер Кензо Такада на аукција


Франција-Одделот за луксузна мода и додатоци на Artcurial ќе понуди на аукција 132 модни парчиња од колекцијата на Кензо Такада во онлајн продажба што ќе се одржи од 3 до 12 мај. 150-те уникатни парчиња вклучуваат кимоно, палта, здолништа и блузи за сите сезони, а се проценуваат на помеѓу 30 и 600 евра. Некои од […]

Политико: Руски хакери осомничени за кибер напад врз Стејт департментот во минатата година


САД– Руски хакери најверојатно имале незаконски пристап до илјадници електронски пораки од претставници на американскиот Стејт департмент во кибер напад во 2020 година, пишува Политико, повикувајќи се на извори во Конгресот. Цел на нападот биле пораки на лица од одделот за Европа и Евроазија на Стејт департментот, како и на одделот за Источна Азија и […]

Путин, Макрон и Меркел разговараа за глобалните кризи


Русија – Лидерите на Русија, Франција и Германија синоќа одржаа видео конференција со фокус на вакцините против коронавирусот, нуклеарниот спор со Иран и конфликтите во источна Украина, Либија и Сирија, соопшти Кремљ. Беше речено дека во „отворен и деловен“ видео разговор, претседателот Владимир Путин одговараше и на прашања во врска со затворениот руски опозициски лидер Алексеј […]

Обид на премиерот Заев за деблокада на Собранието


Премиерот Зоран Заев во понеделникот по разговорите со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси, најави дека за денеска во 10 часот е закажана средба со претставници на Алијансата за Албанците и Алтернатива на која ќе се разговара за Законот за државјанство, но и за сите останати прашања. Средбата, според Заев, е на барања на Алијанса и […]

Со онлајн дебата „Зошто превод“ се затвора Месецот на франкофонијата


Францускиот институт во Скопје и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје денеска организираат онлајн дебата на тема „Зошто превод“ со што ќе се затвори Месецот на франкофонијата. Преку зум платформата учесниците ќе дебатираат за предизвиците на писмениот и устен превод. Како што е најавено, дебатата ќе ја отвори директорот на Францускиот интситут во Скопје Емануел Рембер. […]

Почнува вакцинацијата против Ковид-19 на граѓани на возраст над 77 години


Вакцинација на 20 000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести почнува денеска во вакциналните пунктови ширум земјава. Според најавите, вакцинацијата од денеска почнува во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица, како и во болницата во Кавадарци. Од петок […]

Вицепремиерот Димитров во официјална посета на Словенија


Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ќе престојува во официјална посета на Словенија, каде со своите соговорници, меѓудругото, ќе разговара за приоритетите на словенечкото претседателство особено проширувањето на ЕУ. Предвидено е вицепремиерот Димитров да оствари средби со словенечкиот претседател Борут Пахор, министерот за надворешни работи Анже Логар, претставниците на Комитетот за европски работи […]

Нема нови рестриктивни мерки, апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и да бидат совесни и одговорни


Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на шестата до осмата недела од третиот бран. Ова е заклучокот од вчерашната координација на министерот за здравство, Венко Филипче со директорите на ковид-центрите и претседателот на Комисијата за заразни болести околу епидемиолошката состојба во земјава. На координацијата било […]

Омаж за Љупчо Тодоровски – Упа во Кинотека


Кинотека вечер ќе одржи омаж за Љупчо Тодоровски – Упа,  актер, кастинг-директор, сценарист и продуцент.  Во чест на прерано починатиот Упа ќе биде прикажан мини-документарец подготвен од неговите пријатели и соработници, краткиот игран филм „Налепница“ на Георги М. Унковски, каде оствари една од последните улоги и „Јазол“ на Кирил Ценевски, во кој Упа ја оствари својата […]

Сончево со мала облачност и ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во повисоките места повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус два до шест степени, а максималната од 13 до 21 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен […]

Филипче: Лица помлади од 60 години нема да се вакцинираат со „АстраЗенека“


Северна Македонија ќе ги следи примерите на Канада и на Германија и нема да вакцинира лица помлади од 60 години со вакцината на „АстраЗенека“, соопшти вечерва министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во „Клик Плус“ на ТВ21. – Вечерва по двата извештаи на Канада и на Германија донесовме одлука дека ќе ги следиме нивните […]

Нов закон во Шпанија налага задолжително носење маска на плажа и на базен


  Службениот весник на Шпанија објави нов закон за итните мерки за спречување и сузбивање на корона вирусот, а во кој е наложено заштитните мески да се носат во кој и да е јавен простор без оглед на физичката дистанца. Досега државните прописи бараа употреба на маска само на отворено, ако не може да се […]

Германија од утре ја ограничува употребата на вакцината на „АстраЗенека“ само на лица над 60 години


Вакцината против Ковид-19 на компанијата „АстраЗенека“ од утре ќе треба да се дава само на лица над 60 години, одлучија денеска германските сојузни и државни министри за здравство, јави ДПА. Луѓето под 60 години треба да можат да ја примат вакцината, но само „по одлука на лекарите и по индивидуална анализа на ризик и детално […]

Дали Аналена Бербок може да стане наследничка на Ангела Меркел?


ЗИЛКЕ КЕРСТИНГ Неочекувано, изборите во Германија во септември станаа прилично неизвесни. Нема да биде чудно ако наследникот на Ангела Меркел на местото канцелар биде еден од двајцата водачи на Зелените – Аналена Бербок и Роберт Хабек   Германските Зелени имаат цел да освојат прво место на федералните избори. Дали лидерот на партијата Аналена Бербок или […]

Италија за Велигден воведува петдневен карантин за патниците од Европската унија


Италија – Италија ќе воведе петдневен карантин за патниците од земјите-членки на ЕУ, соопшти денеска италијанското Министерство за здравство. Сите патници од Европската унија ќе мора да бидат тестирани пред патувањето, да го почитуваат петдневниот карантин и потоа, по карантинот, повторно да бидат тестирани. За патниците кои ќе дојдат од земја надвор од ЕУ, во сила […]

Рускиот затвор го зајакнува надзорот: Навални ќе го следат 32 камери


Русија – Рускиот затвор во кој е сместен опозицискиот лидер Алексеј Навални, нарачал 32 нови камери за надзор, како и друга опрема за зајакнување на безбедноста на затворот. Еден од најголемите критичари на рускиот претседател Владимир Путин во моментов издржува затворска казна во траење од две години и осум месеци. Навални беше осуден во февруари за кршење на […]

Вашингтон цврсто притисна за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ


„НАТО не сака да види како една членка ѝ се закува на друга негова членка“, изјави американскиот дипломат Метју Палмер. Преговорите на Македонија со ЕУ мора итно да почнат, а билатералните проблеми мора да бидат надвор од Унијата и НАТО   Неопходно е итно да се одржи меѓувладината конференција за почеток на преговорите за членство […]

Два земјотреса ја погодија Австрија, епицентрите во близина на Виена


Два земјотреса, со јачина на ударот од 4,9 и 4,6 степени според Рихтеровата скала, денеска погодија област во близина на Виена, соопшти  Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Во моментов нема податоци за потенцијална штета. На социјалните мрежи, граѓаните на Виена известуваат дека го почувствувале тресењерто на тлото. 

Шефот на СЗО бара нова истрага за наводите дека корона вирусот „избегал“ од лабораторија


Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус повика на нова истрага од експерти во врска со наводите за „истекување на корона вирусот“ од кинеска лабораторија. Тој исто така го критикуваше недостигот на пристап до податоци за меѓународни експерти. Иако експертите кои го истражуваа потеклото на вирусот во Кина во јануари и февруари, тврдењата […]

Повторно високи бројки: нови 1.272 случаи, починаа 33 лица


И денешните бројки покажуваат дека сѐ уште сме на врвот на третиот бран на пандемијата – во последните 24 часа се направени 3.948 тестирања, а регистрирани се 1.272 нови случаи на корона вирусот, што претставува 32,2 отсто од примероците. Пријавени се вкупно 33 починати лица, меѓу кои најмладиот 34-годишен. Регистрирани се 868 оздравени пациенти. Карактеристика […]