(Во живо) Потпишување на договорите за терминалот на течен природен гас и гасната централа Александруполи


Проследете го потпишување на договорите за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи, на кои се најавени обраќања на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, извршниот директор на Копелузос Груп, Христос Копелузос и заменик-претседателот на […]

Грција на 14 мај ги отвора границите и за македонските граѓани


Грција ги отвора границите на 14 мај и за македонските граѓани, изјави денес Министерот за здравство Венко Филипче. „Ние имаме многу честа комуникација и со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарав и со грчкиот министер за туризам Теохарис, и тој ме извести дека двата гранични премини Дојран и Евзони ќе ги отворат на 14 […]

Во Албанија над 100 илјади вакцинирани против Ковид-19


 Заклучно со вчерашниот ден во Албанија вакцинирани се над 100.000 лица, објави на Твитер министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, додавајќи дека „светлината на крајот од тунелот се приближува секој ден и се побрзо“. -100 илјади вакцинирани до вчера. 100 илјади повеќе заштитени животи. Секој ден и се побрзо светлината се приближува кон крајот на тунелот“, […]

Стејт департмент: Бугарија одбива да ги регистрира здруженијата на етничките Македонци


Остри забелешки во годишниот извештај на Стејт департментот за Бугарија: има сериозни проблеми со независноста на медиумите, корупцијата и полициското насилство. Речиси во сите медиуми преовладува истиот провладин став   Соединетите Американски Држави не само што наведуваат дека има етнички Македонци во Бугарија, туку и дека ним не им е дозволено да ги регистрираат своите […]

Бектеши: Ќе преговараме со сите соседи за заемно признавање на ПЦР тестовите и ковид пасошите


Министерот за економија Крешник Бектеши најави денес дека ќе се преговара со сите соседни држави за взаемно признавање на ПЦР тестовите, тестовите за антитела и ковид пасошите. Исто така, тоа ќе се прави и со другите европски земји со цел граѓаните да можат да патуваат. „Ние ќе преговараме со сите соседи за заемно признавање на […]

Објавен Конкурсот за упис во средните училишта за 2021/2022


Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година, според кој слободни се 30 053 места во 913 паралелки во 109 средни училишта. Од вкупниот број слободни места,19 602 се во стручно образование во 604 паралалеки, 9261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1190 места […]

(Видео) Прес-конференција на министерот Бектеши за енергетската ефикасност во домаќинствата


Проследете ја прес-конференцијата на министерот за економија Крешник Бектеши. Тема на прес-конференцијата се јавните повици од Програмата за промоција на обновливите извори на енергија и поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2021 година.  

Потпишување меморандуми за инвестиции во гасниот терминал Александруполи


Во Владата денеска ќе бидат потпишани меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александруполи, обезбедување на капацитет за природен гас и Гасната централа Александруполи, сооопшти владината прес-служба. На потпишувањето се предвидени обраќања на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања  Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши, извршниот директор на Копелузос Груп, […]

Пластичен хирург ѝ ги зголемил градите на Шерон Стоун без нејзина согласност


САД– Пластичен хирург ѝ ги зголемил градите на Шерон Стоун без нејзино знаење и согласност, објави самата таа во новата автобиографска книга. Кога глумицата се разбудила по операција за отстранување на бениген тумор од градите 2001 година, како што пишува, нејзините гради се зголемени затоа што докторот „одлучил дека таа ќе изгледа подобро со поголемо […]

Стејт департмент: Владата покажува поголема почит кон судството од претходните


    Во најновиот Извештај  за состојбата на човековите права на американскиот Стејт департмент за Македонија се забележува дека обвинителите често ги пробиваат законските рокови за комплетирање на истрагите, а за тоа не сносат никакви последици. Според законот, истрагите треба да се завршат за 6 месеци, а роковите може да се продолжат до 12 и […]

Русија регистрираше прва вакцина против корона за животни


  Русија ја регистрира првата вакцина во светот против корона вирус за животни, објави управата за безбедносна контрола во земјоделството. Русија веќе има три вакцини против корона вирусот за луѓе, од кои најпозната е „спутник V“. Москва, исто така, итно одобри уште две вакцини, „епиваккорона“ и „ковивак“. Вакцината за животни, која ја разви единицата на […]

Цветањето на јапонските цреши оваа година започна најрано во последните 70 години


Јапонија– Цветањето на јапонските цреши оваа година започна најрано во последните седум децении, а експертите наведуваат дека причина за тоа најверојатно се климатските промени. Цветањето на црешите го следи Јапонската метеоролошка агенција речиси 70 години, а забележано е дека првата цреша оваа година процветала во Кјото на 26 март. Слични рекорди се регистрирани во повеќе […]

„Гугл мапс“ ќе ги насочува возилата по еколошки правци


САД– Апликацијата „Мапи“ на „Гугл“ како дел од борбата против климатските промени, ќе почне да ги насочува возачите по патиштата за кои се проценува дека најмалку предизвикуваат испуштање јаглерод врз основа на сообраќајот, падините и други фактори, соопшти компанијата. – За околу половина од патиштата, ние сме во состојба да најдеме доволно еколошки податоци со […]

Братот на претседателот на Хондурас осуден на доживотен затвор поради трговија со дрога


Тони Хернандез, брат на претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Хернандез, е осуден на доживотен затвор од федерален судија во Њујорк. Неговата казна е изречена поради испраќање на околу 185 тони кокаин во САД, објавија американските медиуми. Претседателот на Хондурас ја оквалификува пресудата како скандалозна, истакнувајќи дека казната е заснована на лажно сведочење. Тони Хернандез (42) […]

Нов Зеланд ја зголемува минималната дневница и даноците за богатите


Нов Зеланд– Нов Зеланд ќе ја зголеми минималната дневница на 20 долари на час, како и данокот на луѓето со најголеми приходи на 39 отсто, пишува Гардијан. Измените стапуваат во сила од утре, заедно со незначителното зголемување на надоместоците за невработеност и боледување. Владата проценува дека зголемувањето на минималната дневница ќе опфати 175.000 работници и […]

Шпанија, Германија, Италија и Холандија се пласираа во четвртфиналето на младинското ЕП


Словенија– По завршување на натпреварите во текот на вчерашниот ден, познати се четири репрезентации кои се пласираа во четвртфиналето на Европското  првенство за фудбалери до 21 година. Холандија и Германија се пласираа во четвртфиналето од групата А, Шпанија и Италија од групата Б. Турнирот го напуштаат Романија, Унгарија, Чешка и Словенија. Преостанатите патници во четвртфиналната фаза […]

Кучето на Џо Бајден повторно гризна човек


САД– Германскиот овчар Мејџор, инаку сопственост на американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил, повторно касна човек, потврди Мајкл Лароса – гласноговорник на г-ѓа Бајден. Немилиот настан се случил на јужниот тревник на Белата куќа во понеделникот вечерта, при што бил повреден вработен во Националниот парк. – Да, Мејџор гризна човек и тој беше прегледан […]

Хрватските организации се борат за зачувување на семето како основно човеково право


Охрабрена од сопственото комерцијално производство на семе, Хрватска стана една од водечките земји на ЕУ во органското земјоделско производство. Но, органските земјоделци сега стравуваат дека воведувањето на нов Закон за семе може да го загрози тоа. Предлог-законот, воведен во декември, има за цел да го поедностави производството и сертифицирањето на семето, особено за старите и […]

Полска планира да ги вакцинира сите возрасни граѓани до крајот на август


Полска– Полска планира да ги вакцинира сите возрасни граѓани против Ковид-19 до крајот на август, изјави премиерот Матеуш Моравецки на прес-конференција. – Недоволното количество на вакцини беше главна пречка за кампањата за вакцинација во првиот квартал од годината. Како што напредува, Полска ќе мора да се фокусира на распределбата на очекуваното големо снабдување со вакцини, […]

Армани со нов моден предизвик-ќе дизајнира јахта


Италија– Џорџо Армани ќе си ја исполни страста за дизајнирање на луксузна јахта  во нов, неочекуван проект. Модната куќа на дизајнерот соопшти дека Армани дизајнира единствена моторна јахта „Адмирал“ во партнерство со „ The Italian Sea Group“. Јахтата треба да биде готова во 2024 година. Ова е прв пат Армани да се вклучи во ваков […]