МВР на Република Српска уапси осум лица за интернет измами, има оштетени и Македонци


Министерството за внатрешни работи на Република Српска уапси осум лица во рамки на акцијата „Вектор“, насочена кон откривање интернет-измами и изнуда во вредност од стотици илјади БиХ марки, јави дописникот на МИА од Белград. Акцијата е спроведена во областа Фоча, Хан Пијесак и Источно Сараево, каде се извршени претреси на 25 локации што ги користеле […]

„Карантин“ на Иван Андреевски во официјалната селекција на светскиот фестивал во Анеси 


Краткиот анимиран филм „Карантин“ во режија на Иван Андреевски е во официјалната селекција на најпрестижниот во светот фестивал за анимиран филм во Анеси, Франција. Филмскиот фестивал Анеси е фестивал од А категорија заедно со фестивали како што се Кан, Венеција, Берлин и Торонто. Во конкуренција од повеќе од 3000 филмови, филмот е селектиран во програмата Перспективи. […]

Форбс: Спасувачите на плажите во Лос Анџелес заработуваат стотици илјади долари


САД– Според „Форбс“, спасувачите на плажите во Округот Лос Анџелес, поточно – седум од нив заработуваат скоро и до 392.000 американски долари годишно. А, 82 спасувачи заработуваат над 200.000 долари годишно, благодарение и на прекувремени часови работа. Фернандо Бојтеукс, „вршител на должноста главен спасител“ на Округот ЛА, заработил 391.971 долар во 2019 година, според извештајот […]

ДПМ ја поздравува иницијативата да се именуваат улици по македонски писатели


Македонската писателска асоцијација ја поздравува иницијативата на Град Скопје да именува неколку улици во главниот град по македонски писатели и оценува дека на тој начин се зацврстува местото на овие значајни творци во нашата колективна меморија и се поттикнува интересот и почитта на сите генерации граѓани за нивното литературно творештво. – Се разбира, литературните дела […]

Јуан Мекгрегор и Хајден Кристенсен повторно во „Војна на ѕвездите“


САД– Откако беше потврдено уште во декември лани, дека Хајден Кристенсен се враќа во улогата на Дарт Вејдер, „Дизни“ и „Лукасфилм“ сега ја соопштија цела постава за претстојната серија „Оби-Ван Кеноби“ наменета за стрим-платформата „Дизни плус“. Заедно со Јуан Мекгрегор како џедај и Кристијансен, во претстојната минисерија ќе глумаат и Џоел Еџертон, Кумаил Нанџиани, О’Шеј Џексон […]

Бионтек и Фајзер планираат да го зголемат производството на вакцини на 2,5 милијарди дози


Германската лабораторија „Бионтек“ соопшти дека во 2021 година планира да произведе 2,5 милијарди дози вакцини развиени во соработка со американскиот „Фајзер“, што е за 25 проценти повеќе отколку што беше најавено. Производствениот капацитет треба да се зголеми благодарение на оптимизацијата на производствениот процес, проширувањето на производствената мрежа и одобрувањето да се добијат шест дози вакцина […]

Писателот на „Игра на престоли“ Џорџ Р. Р. Мартин потпиша петгодишен договор со ХБО


САД– Писателот Џорџ Р. Р. Мартин – автор на фантастичната ТВ-серија „Игра на престоли“, потпиша петгодишен договор со „Ејч-би-оу“ за нови содржини за телевизиската и стрим-платформа „ХБО макс“. Продукциската куќа го потврди овој податок. Сепак, соопштението не уточнува дали договорот е поврзан со проекти поврзани со „Игра на престолите“. Според „Холивуд репортер“, зделката тешка неколку […]

ЕУ вложува две милијарди евра во дигитални проекти


Проектите ќе вклучуваат ширење на 5G низ критичните транспортни мрежи до 2030 година ЕУ се очекува да издвои околу две милијарди евра за финансирање дигитални проекти во следните седум години.  Ова е дел од новиот договор постигнат од преговарачите на Европскиот парламент (ЕП) и Европскиот совет за новите фондови за транспортни, дигитални и енергетски проекти […]

Како да се преродат големите и традиционални компании


„Иновирање одвнатре: на кои се начини големите и традиционални компании можат да се “преродат” и да почнат да работат на нови продукти и сервиси“ беше темата на денешниот вебинар на кој учествуваа претставници на ИТ компании. Вебинарот е во организација на МАСИТ и Бизнис Акцелераторот УКИМ. За Анита Никова, извршен директор на МАСИТ, „преку овој […]

Австрија преговара за купување милион дози од руската вакцина Спутник


Австрија преговара со Русија за купување на милион дози од вакцината Спутник В, која сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови (ЕМА), соопшти канцеларијата на канцеларот Себастијан Курц. Курц е под голем број критики од опозицијата затоа што неговата влада не купила доволно вакцини преку централизираниот систем на ЕУ, додека Курц тврди […]

Исплата на цела плата за работниците кои ќе заболат од Ковид-19 на работа, бара КСС


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска уште еднаш го повтори своето барање за исплата на 100 проценти плата за оние работници кои ќе се заразат на работното место со Ковид-19 и за оние кои се спречени да одат на работа поради изолација. Синдикатот укажува дека согласно Законот за безбедност и здравје при работа треба да […]

Во тек седницата на Советот за безбедност за состојбата со пандемијата (фото, видео)


Актуелната состојба поврзана со пандемијата е тема на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, што се одржува во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на Пендаровски на седницата присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче. -Започна 12-тата седница на Советот за безбедност на која […]

Експерти: Придобивките од „драстичното“ дејствување за климата ги надминуваат трошоците


Цената на глобалното затоплување далеку ќе ги надмине трошоците за брзо намалување на емисиите на штетни гасови, објавија повеќе од 700 економисти од целиот свет во досега невиден повик за акција за климата. Големо меѓународно истражување покажа дека скоро три четвртини од економистите кои учествувале во него сметаат дека е потребна „непосредна и драстична“ акција […]

Заев на средба со министерот за одбрана на Кина разговарал и за испораката на вакцините „Синофарм“


Премиерот Зоран Заев прими делегација на Министерството за одбрана на Народна Република Кина предводена од министерот за одбрана, генерал Веи Фенгхе, на која апелирал тој да пренесе до надлежните институции во НР Кина дека Северна Македонија очекува да се забрза испораката на набавката од 200 000 вакцини од компанијата „Синофарм“ за да бидат вклучени во […]

Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки, болничките КОВИД капацитети зголемени за 50 отсто


Нема потреба од воведување нови дополнителни рестриктивни мерки. Тие не би дале резултат зашто се наоѓаме на 6 до 8 недела од третиот бран. Болничките капацитети за прием на КОВИД пацинети се зголемени за 50 отсто во однос на ноември, а зголемена е и потребата од хоспитализација. Стотина кревети дополнително се подготвуваат и во секој […]

Таравари: Алијанса за Албанците ќе размисли дали ќе оди на средба со Заев


Можно е „Алијансата за Албанците“ утре да не присуствува на средбата која премиерот Зоран Заев ја закажа за да се разговара на темата одложување рокот за локалните избори и пописот со опозициските партии. Најавата доаѓа од Арбен Таравари, генералниот секретар на политичката партија Алијанса за албанците во одговорот на новинарско прашање за присуство на средбата. […]

Албанија и Италија со меѓусебно признавање на возачките дозволи


Албанската влада во службен весник го објави договорот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Италија. Со оваа одлука, сите албански државјани кои се стекнале со возачка дозвола издадена во Албанија и кои имаат дозвола за престој таму, ќе ја конвертираат дозволата без полагање теоретски и практичен дел. Истото важи и за италијанските државјани кои […]

Измените на Избориот законик поднесени до Собранието


Измените на Изборниот законик во којшто се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори со поддршка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и БЕСА, попладнево се поднесени до Собранието.   Засега нема информација од кабинетот на претседателот на Парламентот, Талат Џафери кога ќе биде […]

Уапсени поранешни директори на косовскиот телеком


Управата за стопански криминал и корупција при косовската полиција уапси денеска двајца поранешни директори на Поштата и телекомот на Косово, осомничени за злоупотреба на службената должност, јави дописникот на МИА од Приштина. Повикувајќи се на извори во полицијата, неколку косовски медиуми објавија дека се работи за поранешниот директор на маркетинг на државниот телеком, Трим Муслиу […]

Во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината АстраЗенека за секого на возраст под 60 години


Градските власти во Берлин ја прекинаа употребата на вакцината АстраЗенека за секого на возраст под 60 години, повикувајќи се на нови податоци за сомневање за несакани ефекти, јави ДПА. Претходно денеска, институтот Пол Ехрлих, медицинско регулаторно тело, соопшти дека е регистриран 31 случај на церебрална тромбоза за кои се сомневаат дека се случиле по аплицирање […]