Со антикорупцискиот план Владата ќе спречува корупција на актуелната власт и ќе ги демонтира инсталациите на претходната
Ред, правда и дисциплина, е насловот и пораката од Планот за борба против корупција кој Владата го најави со Акцијата 21 за воведување на европските стандарди во нашата држава. Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за борба против корупција Љупчо Николовски, најавија поставување функционален систем за институциите кои стојат во првите борбени редови против корупцијата. […]