Одбивањето на Фрчкоски не е преседан ни за САД, ни за дипломатијата


Слична судбина имаше кандидатурата на Радмила Кипријанова во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива, која не стигна до тоа да не добие агреман, бидејќи САД веднаш сигнализираа дека нема да ја прифатат   Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се мачеше денес да им објасни на медиумите дека давањето агремани на кандидат за […]

Норвежаните повикаа на бојкот на Мундијалот во Катар


Најтрофејниот норвешки фудбалски клуб Розенборг, како и уште четири други прволигашки екипи, повикаа на бојкот на Светското првенство што во 2022 година треба да се одржи во Катар поради извештаите за кршење на човековите права. Предлогот за бојкот на Мундијалот доби поддршка од 202 членови на генералното собрание на Розенборг, додека 46 се изјаснија против. -Доколку Светското првенство започне идната година во Катар, […]

Нов парк на почетокот на Општина Аеродром


Зелената запуштена површина од 2000 метри квадратни на крстосницата помеѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“, во Општина Аеродром, Град Скопје целосно ја преуреди со цел граѓаните да можат со уживање да ги спроведуваат своите редовни секојдневни активности. – Денеска сме на новата зелена површина на којашто Градот Скопје работеше изминативе неколку месеци, станува […]

Продолжена вонредната состојба во Токио, премиерот се извинува


Јапонија– Јапонската Влада ја продолжи денеска вонредната состојба во подрачјето на Токио за две недели во обид за спречување на ширењето на Ковид-19, поради што премиерот Јошихиде Суга се извини. Вонредната состојба требаше да заврши на 7 март, но четири и пол месеци пред Токио да биде домаќин на Олимписките игри, Суга истакна дека постои […]

Бугарскиот Парламент го одби предлогот на БСП – нема да се купуваат руски вакцини против Ковид -19


Бугарија– По два часа расправа околу геополитиката и дали руската вакцина „Спутник V“ е најдобра или не, бугарскиот Парламент денеска не го одобри предлогот на опозициската Бугарската социјалистичка партија (БСП) за купување руски вакцини, јави дописникот на МИА од Софија . Националното собрание, место тоа, и нареди на бугарската Влада „да ги преземе сите неопходни активности […]

Швајцарија: План за бесплатни тестови на Ковид-19 во вредност од една милијарда франци


Швајцарија – Швајцарија денеска претстави план вреден една милијарда франци кој нуди бесплатни тестови на коронавирус за своето население, како дел од мерките во борба против Ковид-19 со цел олеснување на излезот од земјата. Според предлогот, секое лице треба да добие пет комплети за самотестирање месечно, штом ќе бидат достапни сигурните тестови, соопшти Владата, а сите […]

Литванија експресно ја одби Белорусија за екстрадиција на Светлана Тихановска


Лидерката на белоруската опозиција, Светлана Тихановска, останува во егзил во Литванија, откако Белорусија денеска побара од оваа земја да ја екстрадира, но официјален Вилнус тоа веднаш го одби. Белоруското обвинителство соопшти дека побарало од своите литвански колеги, врз основа на билатерален договор од 1992 година да и ја екстрадираат Тихановска, за дома да биде гонета […]

Лани во четвртиот квартал 151.972 невработени од вкупно 941.524 активни лица


Во четвртото тримесечје од минатата година бројот на активното население во земјава изнесувал 941.524 лица, од кои 789.552 биле вработени, а 151.972 невработени лица. Од вработените 471.739 лица биле од машки пол, а 317.813 од женски. Бројот на невработени мажи изнесувал 93.674, а на невработени жени 58.289. Од невработените дури 32.971 лице се со завршено […]

Србија повторно се затвора – ништо нема да работи од сабота до понеделник


  Во соседна Србија, откако повторно почна да расте бројот на новозаразени со корона вирус и покрај масовната вакцинација што ја спроведуваат, денеска Кризниот штаб одлучи викендот повторно да се затвори се и тоа од сабота во 12 часот, до понеделник до 6 часот наутро. Во сабота ќе биде отворено се до 12 часот, а […]

ОН се уште не добиле доказ дека принцезата Латифа, ќерката на владетелот на Дубаи е жива


ОАЕ– Обединетите нации се уште немаат добиено доказ дека принцезата Латифа, ќерката на владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед ибн Рашид ал-Мактум, е  жива. Принцезата Латифа Ал Мактум во 2018 година се обиде да побегне од земјата, но при бегеството беше фатена и приведена и оттогаш е недостапна за јавноста, пишува Би-Би-Си. Кралското семејство од Дубаи соопшти […]

Нови 843 случаи со Ковид-19, 11 починати, 333 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 3.519 тестирања, а регистрирани се 843 нови случаи со КОВИД-19. Починати се 11 лица, а оздравени се 333 пациенти.   Како што соопшти денеска Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од 843 нови случаи со КОВИД-19 најмногу има во Скопје – 360. Потоа следуваат Прилеп […]

Владата појаснува: Софија нема побарано Бугарите да влезат во Уставот


По денешната изјава на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, дека тој нема ништо против Бугарите како етничка заедница да влезат во Уставот, но дека такво нешто досега не било побарано, Владата во изјава за „Независен“ вели дека Македонија е „граѓанска држава и нашиот устав ги гарантира правата на сите граѓани без оглед на нивната […]

Во Белград е снимен евровизискиот сценски настап како резервна варијанта


Тим на Македонската Радио Телевизија во соработка со РТС ( Радио Телевизија Србијe ) изминатите денови работеше на реализација на снимка на сценскиот настап под мониторинг на ЕБУ, која треба да послужи како резервна варијанта, доколку е оневозможено присуство на делегацијата во мај, во Ротердам, информираа од МРТ.   Настапите и за Македонија и за […]

Порака од Заев и Шахпаска: Наместо стиропор, градиме енергетски ефикасни објекти


„На годишно ниво, заштедите на електрична енергија на енергетски ефикасна градинка одат до 140 илјади денари, средства кои остануваат за градинката, за унапредување на условите за грижа и воспитување на децата“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната посета во градинката „Мајски цвет“ каде заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, градоначалникот на […]

Нема пари за општините ако не објават 22 документи


Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски одржа работен состанок со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов и со извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Першиќ. На состанокот беа презентирани мерките од усвоениот План за борба против корупција, со посебен акцент на оние мерки со кои се опфатени општините. Вицепремиерот […]

Не се изгласаа измените на Законот за државјанство, Алтернатива и Алијанса извисија


 На денешната седница на собраниската Комисија за одбрана и безбедност пратениците не гласаа за Предлог на законот за измени и дополнувања на Законот за државјанство, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците и Алтернатива, бидејќи нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа околу 600 амандмани за текстот, кои се дадени на превод.   Дополнително, […]

Бугарската БНТ- телевизија или пропаганда?


    Политичката партија ГРОМ реагира на емитувањето на бугарската национална телевизија БНТ во Македонија , оценувајќи дека предвидувањата се оствариле и дека  уште со првото вчерашно емитување во Македонија БНТ „арогантно, некултурно и до крај безобразно ја презентираше својата шовинистичка пропаганда“. БНТ, по повод ослободувањето на Бугарија и Санстефанскиот договор вчера емитуваше документарец во […]

ДУИ подготвена да преговара со Алтернатива, таа и е верна на Алијансата


  ДУИ е подготвена да преговара и да ја земе опозициската Алтернатива во парламентарното мнозинство, секако доколку таа ја прифати програмната и стратешкиот владин план, изјави за емисијата Клик Плус министерот  Бујар Османи.  Османи вели дека Албанците треба да имаат и опозиција истакнувајќи дека другите опозициски партии не се подготвени да ја водат државата. Но […]

ЕУ: Жените во поголема мерка страдаат од последиците од пандемијата


Белгија– Во годишниот извештај на Европската унија за родовата еднаквост се наведува дека жените во ЕУ се повеќе погодени од пандемијата на Ковид-19, бидејќи тие, меѓу другото, се побројни меѓу здравствените работници, а има зголемување и на семејното насилство над жените во овој период. Во извештајот на ЕУ кој ќе биде објавен денеска, и во кој имале увид некои светски агенции, се вели […]

Најавен документарец за Џенет Џексон, слави 40 години кариера


САД– Премиерата на документарниот филм за пејачката Џенет Џексон, сестрата на Мајкл Џексон, е најавена за почетокот на 2022 година. Филмот во два дела со работен наслов „Џенет“ ќе ја одбележи 40-годишнината од објавувањето на истоимениот нејзин албум. Четиричасовниот документарец ќе раскажува за животот и кариерата на познатата поп и ар-ен-би пејачка, а сѐ тоа […]