ДУИ подготвена да преговара со Алтернатива, таа и е верна на Алијансата


(Фото: Б. Грданоски)
 

ДУИ е подготвена да преговара и да ја земе опозициската Алтернатива во парламентарното мнозинство, секако доколку таа ја прифати програмната и стратешкиот владин план, изјави за емисијата Клик Плус министерот  Бујар Османи.  Османи вели дека Албанците треба да имаат и опозиција истакнувајќи дека другите опозициски партии не се подготвени да ја водат државата.

Но Алтернатива , не го прифаќа предлогот на Владата бидејќи не сакаат да ја предадат Алијанса за Албанците.

„Што се однесува до изјавите за силна и активна опозиција, и Албанците имаат потреба од албанската партија на власт да биде силна, а не час на услуга на Заев и Спасовски, а час на Груевски и Мијалков, а никогаш на Албанците. Изјави од ваков вид може да дава само некој кому цинизмот му е дискурс на неговиот јазик, но и со разорен и навредлив разум кој наликува на српските тактики на Милошевиќ, од каде се чини дека овој експонент на ДУИ ја има преземено лекцијата при последните средби со српските министри во Белград.“, велат Алтернатива.

Инаку во претходните изданија на Клик Плус и Скендер Реџепи Зејди од коалицијата Алијанса/Алтернатива изјави дека има понуди од СДСМ да бидат дел од владата, но до сега не прифатиле такво нешто. Алијанса за Албанците неколку пати се изјаснила дека никогаш нема да прифатат да бидат во мнозинство, односно владина коалиција во која е и ДУИ.