На Словенија ѝ се заканува нов бран пандемија, расте бројот новозаразени


 

Иако допушти работа на средните училишта со физичко присуство на учениците, како и работа на угостителите на терасите, словенечката Влада предупредува на влошување на епидемиолошката состојба. Една година од првиот случај на зараза во земјата, се заканува нов бран на епидемијата, посебно поради новите соеви на корона вирусот.

„Кривите нѝ растат, може се наоѓаме пред нов бран на епидемија“, рече денеска на владина конференција Милан Крек, директор на националниот Институт за јавно здравје. Посебно изрази загриженост поради ширењето на британскиот сој на корона вирусот кој веќе е потврден во Словенија, а веќе е и доминантен во некои европски земји, како Чешка и соседната Италија.

Словенечката влада објави дека во последните 24 часа потврдени се 881 новозаразени, што е 16,2 отсто од тестираните, и предупредува дека бројот на новозаразени дневно е во пораст.

Просечниот број заразени на дневно ниво во последната недела изнесува 780, а во пораст е и репродукцискиот број на ширењето на вируспт. Зголемен е бројот на луѓе во болница каде се лекуваат 521 пациент, од кои 56 се на интензивна нега.