CITROEN C4 е автомобил на годината, Peugeot има СУВ и електричен автомобил на годината


Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава
по 26. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација и единствена од ваков вид во Македонија. Во Изборот учествуваат новинари со долгогодишни искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот одбра осум (8) возила кои влегоа во финалето (по азбучен редослед):Citroen C4, LandRoverDefender, NissanJuke, Peugeot 2008, SkodaOctavia, SeatLeon, ToyotaYaris и VW Golf.

Покрај членовите на Националното Жири, право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што ќе добие најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на Жирито.

Годинава право на глас имаше и публиката. Преку организирање на онлајн гласање и претставување на сите финалисти, моделот што ќе добие најмногу гласови добива еден (1) рамноправен глас со гласовите на членовите на Жирито и гласовите на финалистите.

Согласно критериумите за Избор, членовите на Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија 2021, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот

 

  • CITROEN C4

 

Образложение: Изграден врз целосно нова платформа, C4 прави квантен скок вооднос на неговиот претходник. Со мулти-енергетската архитектура,која овозможува во едно возило вградување на бензински, дизел ичисто електричен погон, одлучно исчекорува кон иднината.Citroen C4 импресионира со концепцијата давајќи нова димензија насемејните хечбек возила. На границата на компактните кросовери, тојнепогрешливо ќе знае да ги исполни сите очекувања, преминувајќи гидетерминирањата поставени од класната припадност.Новиот C4 ја сублимира децениската интенција на Citroen заиновативен пристап во интерпретацијата на високата технологијапритоа применувајќи дизајнерска креативност која никого не оставарамнодушен.

ВО ГЛАСАЊЕТО – Моделот Citroen C4 доби три (3)  гласа, а по еден (1) глас добија моделите ToyotaYaris, SkodaOctavia и LandRoverDefender. Според Правилнкот за Избор, победник е моделот што ќе добие најмногу гласови.

Членовите на Жирито му доделија три гласа на моделот Citroen C4, а еден глас доби моделот ToyotaYaris.

Гласот од финалистите годинава го доби моделот LAND ROVER DEFENDER

Гласот на публиката – Во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mk беа забележани вкупно 9.512 гласа.Моделот SKODA OCTAVIA доби најмногу гласови – 1.820.

 ПРИЗНАНИЕ – СУВ на годината

* Признанието СУВ на годината го доби моделот PEUGEOT 2008

 ПРИЗНАНИЕ – EV на годината (електричен автомобил)

Националното Жири реши од годинава да се доделува Признание EV на годината, што ќе го добие модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата

* Признанието EV на годината го доби моделот PEUGEOT е-208

ПРИЗНАНИЕ  „Томислав Биљарац“

Националното Жири за Избор на „Автомобил на годината во Македонија“по четврти пат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.

Одлуката на Националното Жири е признанието „Томислав Биљарац“ за 2021 година да биде доделена на

* ВИЛЈЕМ ХОРВАТ

 Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“

1996 FiatBravo/Brava                                       2013 SeatLeon
1997 RenaultMegane                                         2014 SkodaOctavia
1998 OpelAstra 1998                                         2015 FordMondeo
1999 SkodaOctavia                                            2016 SkodaSuperb
2000 FiatPunto                                                    2017 KiaSportage
2001 SeatLeon                                                    2018 DaciaDuster
2002 ToyotaCorolla                                           2019 FordFocus

2003 Mazda 6                                                     2020 OpelCorsa
2004 Mazda 3
2005 SeatAltea
2006 VоlkswagenPassat
2007 OpelCorsa
2008 KiaCee`d
2009 VolksvagenGolf VI
2010 OpelAstra IV
2011 Hyundai iX35
2012 КiaRio