Хотелиерите бараат приоритет во вакцинирањето против Ковид 19


Угостителските и хотелските работници да имаат приоритет при вакцинирањето против Ковид 19, е главното барање на хотелиерите на денешната средба со директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески смета дека на тој начин ќе се покаже дека земјата е безбедна туристичка дестинација, […]

Во Сараево откриен британскиот вид коронавирус


БиХ– Во Сараево изминативе денови е откриен британскиот вид коронавирус, пренесуваат локалните медиуми. Како што наведуваат, странски државјанин кој престојувал во Сараево како турист бил заразен со британскиот вид на коронавирусот. Тој е третиран како асимптоматски случај, но ПЦР тестот го потврди присуството на вирусот. По позитивниот наод, направено е секвенционирање на вирусот на Факултетот […]

Османи утре заминува во работна посета на Луксембург и Белгија


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Луксембург, каде ќе оствари средби со луксембуршкиот министер за надворешни и европски работи и за имиграција и азил Јан Аселборн, со претседателот на Парламентот Фернан Етген, претседателот на парламентраната Комисија за надворешни работи, Ив Круктен. Од Луксембург, како што соопшти МНР, Османи […]

Кој се крие и што се крие во регистрите на Луксембург?


Корпорации, милијардери, уметници, спортисти, криминалци: поради даночните бенефиции, малиот Луксембург крие големи тајни, покажува истрагата  објавена од весникот „Ле Монд“. Според весникот дури 55.000 офшор компании работат во земјата, управувајќи со средства од 6 трилиони евра. „Ова е добро чувана тајна, постојана мистерија, прашање што не е решено со години: што крие финансискиот центар во […]

Обвинителството го истражува случајот во битолската болница


Основното јавно обвинителство Битола оформи предмет по добиена анонимна пријава на 12 јануари 2021 година, а во врска со постапување на лекари специјалисти – гинеколози од Клиничка болница Битола и едно лице странски државјанин за кое постојат основи на сомневање дека без лиценца за работа преземало медицинска интервенција. -Кон предметот е припоена и кривична пријава […]

Вархеји: Се надеваме дека преговорите со Северна Македонија ќе се деблокираат што е можно побрзо


 Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји не сакаше да потврди дали поднел предлог за решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Вархеји денеска на прес-конференција посветена на јужното соседство на ЕУ, кусо искоментира само дека Европската комисија се надева дека почетокот на преговорите со Северна […]

Симовски: Свесни сме дека ќе има политички притисоци за пописот


 Државниот завод за статистика останува на ставот дека пописот е исклучиво статистичка операција и ќе ја спроведе на таков начин. -Свесни сме дека ќе има политички притисоци, но до нас е дали ќе успееме да одолееме. Цврсто сме решени да истраеме во тоа и оваа операција навистина да биде само статистичка, порача денеска директорот на […]

УЈП минатиот месец реализирала 97,02 отсто од планираното, прибрани 6,5 милијарди денари


Во првот месец од оваа година се реализирани 97,02 осто од планираните приходи по основ на даноци. Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска одговорајќи на новинарско прашање, денеска на прес-конференција соопшти дека планираните приходи за јануари 2021 година изнесувале 6,521 милијарда денари и дека од планираното е реализирано 97,02 отсто. Одделно по даноци, […]

Антонијо Милошоски бил осуден во Германија за фалсификување исправа, открива СДСМ


  Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски бил осуден за незаконски дела во Германија, информацијата на прес-конференција ја објави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Од СДСМ информираат дека судот во градот Ахен пред неколку години му пресудил на Милошоски за сторено кривично дело фалсификување исправи. „За овој голем срам, Милошоски не треба да бега и да […]

Тренчевска: Измената на Законот за работни односи за недела неработен ден сè уште не е завршена


Измената на законот за работни односи се уште е во тек, па поради тоа не можам да кажам што точно се регулира со членот од законот за работни односи, според кои недела ќе се смета за неработен ден, изјави денеска директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска. Таа потенцира дека на измената работат Министерството […]

Бугарската пропаганда зема залет, македонскиот јазик станува „скопска пишана норма“


Во Бугарија се мобилизираат на сите начини за да ги  уверат земјите членки на Европската унија во исправноста на аргументите на Софија околу македонскиот јазик и историјата. Така, за 15 февруари во Софија е најавено објавувањето на „Бела книга за јазичниот спор меѓу Бугарија и Македонија“ како приватна иницијатива, во која според најавите ќе бидат […]

Лукаревска: Во тек е исплатата на Мој ДДВ за последното тромесечие


 Во тек е исплатата за месеците октомври, ноември и  декември. Треба да се вратат 382 милиони денари или 6,1 милион евра, информира директорката на Управата за јавни приходи на денешната прес-конференција. Лукаревска исто така, рече дека поврат на Викенд без ДДВ немаат добиено единствено оние што имаат внесено погрешна трансакциска сметка. -За оние кои се […]

Одложен натпреварот Флензбург – Вардар од ракометната Лига на шампионите


Иако до последен момент имаше навестувања дека германските власти ќе дозволат одигрување на натпреварот Флензбург – Вардар, истиот е одложен, соопштија денес од таборот на македонскиот првак. Причината за одложувањето е последното гостување на Вардар 1961 во Португалија. Бидејќи Португалија е во „црвена зона“ германските власти бараат тимот на Вардар 1961 да биде во карантин […]

Кривичен суд: „Таргет-Тврдина” беше приоритетен предмет пред случајот „Шпански скали”


Враќањето на почеток на судењето за случајот „Шпански скали”, односно протокот од 90 дена од последното одржано рочиште за овој предмет се надоврзува со одлуката на колегиумот на судии на Кривичен суд Скопје, да се даде приорите на расправата на предметот во јавноста познат како „Таргет –Тврдина“ каде судијата Владимир Туфегџиќ постапува како член на […]

Регулаторната комисија за енергетика бара помал буџет за осум проценти


За осум отсто или за околу 7,5 до 8 милиони денари намалување на својот буџет, бара Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) со Предлог-финансискиот план за 2021 година. Како што рече денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски пред собраниската Комисија за економски прашања, образложувајќи го Предлогот, намалување има за секоја ставка од трите главни категории на […]

Скандалот во битолската болница го отвори и прашањето за долгиот процес за нострификација на дипломите


БИТОЛА – Не стивнуваат реакциите во Битола по вчерашниот обелоденет скандал на Гинекологија во кој двајца лекари дозволиле трет невработен лекар, странски државјанин да породи родилка со царски рез. Станува збор за гинеколозите Михајло Вангелов (33) и Гоце Чакаровски (60) години кои ѝ овозможиле на сопругата на Вангелов, која нема соодветна лиценца за работа издадена […]

Вучиќ: Утре пристигнаат 500.000 дози на „Синофарм“


Утре во Србија ќе пристигнат уште 500.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Србија обезбеди два милиони дози до крајот на февруари, нагласи Вучиќ по видео самитот организиран од Кина и 17 земји. Тој исто така кажа дека кинескиот претседател потврдил дека ќе дојде во посета на Србија. -50.000 вакцини […]

Државна помош за плати добивале и фирми што не ги исполнувале условите


Финансиска помош за исплата на плати барале, но и добиле, и фирми кои не ги исполнувале условите за намалување на приходите, но имало и такви кои не ги испочитувале обврските да ги задржат вработените, констатирале инспекторите на Управата за јавни приходи и на Државниот инспекторат за труд. Контролите биле спроведени почнувајќи од декември минатата година кај […]

Мета: Поддржете ги земјоделците од Поградец, инаку ќе заминат да работат во С. Македонија


Албанскиот претседател Илир Мета ја пофали Северна Македонија за младинските и економските политики што ги спроведува, поради кои младите од пограничните албански подрачја веќе со децении својата ехзистенција ја наоѓаат токму кај „нашиот сосед и добар пријател“. -Во однос на младинските политики, треба да се прашаат младите од Поградец зошто треба да одат и по […]

Андреј Ковачев зачуден што земја-кандидат критикува земја-членка на ЕУ


На какви преговори и компромиси се надева македонскиот премиер Зоран Заев со толку обвинувања, лаги и омраза кон Бугарија? – запраша  бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Причина за реакцијата, според БГНЕС, е изјавата на македонскиот премиер на  Атлантскиот совет во која ја обинил Бугарија за „анахрона“ позиција кон Македонија. „На официјалната веб-страница на владата на земја […]