Лукаревска: Во тек е исплатата на Мој ДДВ за последното тромесечие


 Во тек е исплатата за месеците октомври, ноември и  декември. Треба да се вратат 382 милиони денари или 6,1 милион евра, информира директорката на Управата за јавни приходи на денешната прес-конференција.

Лукаревска исто така, рече дека поврат на Викенд без ДДВ немаат добиено единствено оние што имаат внесено погрешна трансакциска сметка.

-За оние кои се уште немаат добиено поврат на викенд без ДДВ сметам дека тој секаде го исплативме освен каде што има грешки во трансакциската сметка, како неточно внесена или не е лична трансакциската сметка. Меѓутоа многу пати кога сме разговарале со граѓаните станува збор и за минимален износ кој не го виделе се уште на сметката. Се она кое има како проблем во делот на неисплатени средства од Викенд без ддв сметам дека тоа е околу 1 отсто и Контакт центарот и сите вработени работата на тоа да се расчистат овие проблеми, изјави таа.

Според неа на сите пораки испратени преку меил адресата и преку официјалната страна, е одговорено и е констатирано дека во одредени случаи грешката е кај корисникот, но дека некогаш се јавува грешка и во налозите кои се испаќаат до Министерството за финансии.

– Постои посебна меил адреса и страна во делот на оваа мерка и секако на сите пораки е одговорено, некаде е  грешка на самиот корисник, а некаде секако и во моментот кога ги испраќаме налозите кон Мининистерството за финанссии и исплата доколку на тој налог од повеќе илјади корисници има само една трансакциска грешка целиот тој налог ни се враќа за дополнителна обработка и корекција. Овие и слични проблеми во делот на ДДВ ќе промовираме во нареден период, кога ќе промовираме и една новина во делот на Мој ДДВ која ќе се однесува на самиот систем, рече Лукаревска.

Директорката испрати апел до граѓаните да ги проверат трансакциските сметки и да извршат потребните корекции, но и доколку ја сменат банка да се погрижат да ја внесат новата трансакциската сметка во системот.