Кока-Кола преминува на шишиња од рециклирана пластика


САД – Американскиот производител на газирани пијалаци Кока-Кола денеска соопшти дека на неговиот најголем пазар-САД ќе почне со употреба на шишиња целосно направени од рециклирана пластика. Со оваа иницијатива, Кока-Кола би ја намалила употребата на нерециклирана пластика за 20 проценти во Северна Америка во споредба со 2018 година. Со префрлување на шишиња кои би биле целосно изработени од рециклирана […]

Истрагата за хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант води кон пилотска грешка


САД – Пилотска грешка е најверојатно причината за хеликоптерската несреќа во која минатата година загина кошаркарската НБА ѕвезда Коби Брајант, соопштија денеска американските истражители. Во извештајот за несреќата во која на 26 јануари 2020 година загинаа девет лица се наведува дека пилотот на хеликоптерот, најверојатно, ги прекршил федералните стандарди за време на летот и, исто така, најверојатно ја загубил ориентацијата управувајќи со […]

Шахпаска: Со петтиот пакет мерки ќе се олесни плаќањето долгови на граѓаните


Министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска  појасни денес дека  на законското решение недела да биде ден за неделен одмор  како Министерство за труд и социјална политика работеле изминатите три месеци. „Преку бројни средби, дебати, состаноци, разговаравме со синдикатите како претставници на работниците, коморите, организацијата на работодавачи, всушност со сите засегнати чинители во општеството, сериозно […]

Мицкоски блефира со изборите


ЕРОЛ РИЗАОВ  Шансите на опозицијата да дојде на власт не се во брзи избори, туку во тоа дали ќе учествува во остварувањето на државните стратегиски интереси и приоритети со критики за нивно побрзо остварување   Многу е добро што конечно ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ги прифаќаат како веродостојни извештаите на угледните меѓународни институции за состојбите […]

Првото независно радио во Унгарија престанува со работа


Унгарија– Првата независна радиостаница во Унгарија ќе престане да емитува програма откако изгуби жалба во Апелацискиот суд за одземање на лиценцата поради кршење на правилата. Шефот на Клубрадио, Андраш Арато ја оцени одлуката на судот како „срамна и кукавичка“. – Тоа предизвикува нова загриженост во врска со слободата на медиумите во Унгарија. Ќе поднесеме жалба […]

Белгија со вакцината на АстраЗенека ќе имунизира луѓе на возраст под 55 години


Белгија– Белгија месецов ќе искористи 443.000 дози вакцини на АстраЗенека против коронавирусот за вакцинирање на лица помлади од 55 години. Ова ќе се направи поради недостиг на податоци за ефикасноста на вакцината кај постарите лица. За време на вакцинацијата, приоритет ќе имаат здравствените работници и луѓето во домовите за стари лица, како и хронично болните и полициските службеници ангажирани на […]

Макрон прифати да учествува на самитот Брдо-Бриони


Словенија– Францускиот претседател Емануел Макрон официјално ја прифатил поканата за учество на самитот „Процес Брдо-Бриони“, што оваа пролет ќе го организираат словенечките и хрватските претседатели во Словенија, соопшти кабинетот на словенечкиот претседател. Според Кабинетот, Макрон покажал голем интерес за таа иницијатива за Западен Балкан, како и дека очекува „отворен и корисен дијалог“ и создавање порака […]

Борел возврати на критиките: Полесно ќе беше да седам во канцеларија


Белгија – Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, попладнево се соочи со гневот на европратениците поради неговата посета на Москва минатата недела, тој прифати некои од забелешките, но смета дека одлуката за посета на Русија останува оправдана, јавува дописничката на МИА од Брисел. Борел минатата недела ја посети официјално Москва и одржа прес […]

Џенерал Моторс го продолжува прекинот на производството до 15 март


Џенерал моторс ќе го продолжи прекинот на производството во три фабрики во Северна Америка најмалку до средината на март поради глобалниот недостиг на чипови, додека производството на возила во преостанатите два погона ќе биде само делумно, соопшти денеска компанијата. Фабриките каде производството е прекинато се наоѓаат во Ферфакс во Канзас, во канадскиот град Ингерс кај Онтарио и во Сан […]

ФФМ закажа претседателски избори за 14 март


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го утврди денеска датумот за одржување на Генералното изборно собрание, соопштувајќи дека претседателските избори ќе се одржат на 14 март во Скопје. Терминот за одржување на изборното собрание е обелоденет ден по средбата на претседателот на ФФМ Муамед Сејдини со првиот човек на Европската фудбалска асоцијација ((УЕФА) Александар Чеферин. ФФМ, по вчерашната […]

Д Викенд на Супербоулот носеше сако на Живанши, рачно шиен 250 часа


САД- Канадската суперѕвезда Д  Викенд на полувремето на Супербоулот не импонираше само со настапот туку и со изгледот. Роден како Абел Тесфаје, на неверојатниот 12 минутен перформанс, (на кој настапуваат најголемите ѕвезди), на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Тампа, Флорида, носеше светкаво црвено сако од висока мода, дизајнирано од креативниот директор на Живанши, Метју Вилијамс. Според […]

Во Србија повеќе од 2.000 новозаразени, починаа 15


  Во Србија во последното деноноќие има уште 2.014 новозаразени со корона вирусот, а починаа 15 пациенти. Во последните 24 часа тестирни се уште 12.830 лица, додека вкупнит број изнесува 2.716.553. Во Србија во болница се лекуваат 3.814 пациенти, од кои на респиратор се 129. Вкупниот број починати изнесува 4.154 лица.

Германија го зголемува буџетот за купување вакцини против Ковид-19


 Германската Влада планира да стави на располагање дополнителни 6,2 милијарди евра за набавка на вакцина против Ковид-19 на европско ниво, се вели во писмо на германското Министерство за финансии до парламентарниот комитет за буџет. Дополнителните трошоци се резултат на купувањето кое Европската комисија веќе го направи, преговорите со други производители на вакцини и независните германски преговори со одделни компании, се вели […]

Британија со заострени мерки за патниците од други земји, за непочитување можен е и затвор


Од следната недела властите во Велика Британија ќе воведат построга гранична контрола со цел да се спречи ширењето на новите варијанти на корона вирусот, барајќи хотелски карантин за луѓе кои доаѓаат во земјата. Властите се заканија – доколку не се почитуваат мерките можна е и затворска казна до 10 години. Министерот за здравство Мет Хенкок […]

Нови 486 случаи со Ковид-19, починаа деветмина


  Во последните 24 часа се направени 2.863 тестирања, а регистрирани се 476 нови случаи на Ковид-19 во: -Скопје 221 -Прилеп 31 -Кавадарци 31 -Охрид 24 -Велес 23 -Куманово 20 -Тетово 12 -Битола 11 -Делчево 9 -Струмица 8 -Кочани 8 -Гевгелија 8 -Неготино 8 -Ресен 8 -Крива Паланка 7 -Гостивар 6 -Кичево 6 -Штип 5 […]

Ескалираа протестите во Мјанмар


Полицијата во Мјанмар одговори на протестите со зголемено насилство, користејќи водени топови, гумени куршуми и боева муниција во обид да ги задуши демонстрациите по минатонеделниот воен удар. Една жена е во критична состојба, јавија светските медиуми. Десетици илјади незадоволни граѓани излегоа на улиците во знак на протест против забраната за митинзи и воениот удар. Последните […]

ЕУ е загрижена поради системската измама при јавните набавки во Унгарија


Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и препорача на Унгарија да го реформира законодавството во областа на јавните набавки поради спречување на системската измама. Тоа треба да се случи пред да бидат обезбедени милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата, се наведува во внатрешен документ во кој имале увид западни медиуми. […]

Перформанс „9“ – порака од уметниците за здравје, мир и благосостојба


Македонски писатели, ликовни уметници, спортисти, универзитетски професори, актери и други уметници денеска во клубот „9“ во Скопје учествуваа во перформанс во кој преку симболиката на бројот 9 испратија заедничка молитва за благосостојба и позитивни мисли за подобар свет, мир и здравје. Перформансот го отвори авторот Гоце Ристовски, кој во своето обраќање зборуваше за симболиката на […]

Ковид мерките за продавниците стануваат законска обврска


Предлог-законот за дополнување на Законот за трговија со кој правно се регулираат мерките за превенција од КОВИД во продавниците на мало, денеска го помина првото читање пред собраниската Комисија за економски прашања. Членовите на Комисијата го прифатија и единствениот амандман, поднесен од пратеничката Лидија Петковска, кој пред да биде ставен на гласање, беше изменет. -Мерките […]

Илјадници возачи во Германија останаа заробени во снегот, некои и над 16 часа


Германија– Илјадници возачи се заглавени во Германија како резултат на најобилните снежни врнежи во последните неколку години, што предизвика хаос во транспортот. Обилниот снег предизвика прекин на сообраќајот на автопатот А2 кај градот Билефелд во Северна Рајна-Вестфалија. Некои возачи останаа заробени во снегот по најмалку 16 часа, пишуваат локалните медиуми. Застојот е предизвикан од камиони […]