ЕСМ ќе ги претстави плановите и процесот на енергетска транзиција


Процесот на „енергетска транзиција“, кој подразбира премин од конвенционалните извори, како централи на јаглен или друг вид на фосилно гориво, во производство од обновливи извори денеска ќе го претстави АД ЕСМ. Со цел да се обезбеди стабилноста на електроенергетскиот систем во земјава, целиот процес, како што најавуваат од ЕСМ, ќе  се одвива постепено. На претставувањето […]

Стартува пријавувањето за вакцини против Ковид-19


Интернет страницата vakcinacija.mk преку која граѓаните ќе можат да се пријават за вакцинација против Ковид-19, треба да профункционира од денеска. -Секој сам ќе може да се пријави, а системот ќе биде тој кој ќе генерира кои се приоритетни, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче. Освен по електронски пат со регистрација на интернет-страницата за вакцинација, […]

Дурмиши: На Балканот има пет милиони парчиња оружје во рацете на граѓаните, ИСИС се обидува да го искористи


Албанскиот експерт по безбедносни прашања, Арјан Дурмиши, гостувајќи во дебатна емисија на телевизијата „Њуз 24“ изјави дека на Балканот има пет милиони парчиња оружја во рацете на граѓаните. Според него, овој факт се обидува да го искористат одредени криминални организации, како што е терористичката ИД. – Сакам да нагласам дека во одредени контексти како што […]

Променливо облачно со засилен јужен ветер


Времето претпладне ќе биде променливо облачно, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен јужен ветер. Кон крајот на денот во северозападните делови ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 18 степени […]

Џафери му ја врати на Мицкоски граѓанската иницијатива за поништување на пописот поради „Северна“


Претседателот на Собранието Талат Џафери му ја врати граѓанската иницијатива за собирање потписи за поништување на Законот за попис на населението на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како подносител на истата. Во дописот од Џафери до Мицкоски се вели дека му ја враќа граѓанската иницијатива поради тоа што не е доставена до надлежниот орган Собрание […]

Ин мемориам: Зоран Трпески, човекот кој заради Македонска банка ја жртвуваше кариерата во светот на финансиите


Првиот човек на некогашна Македонска банка, во време кога банката се трансформираше од словенечката Љубљанска банка во банка со домашен капитал, почина ненадејно деновиве Важеше за еден од најдобрите банкари кај нас и за човек пред кого стои блескава кариера во светот на финансиите – се додека неговата амбиција да ја купи банката со која […]

Во последната седмица се зголемил и бројот на нови инфекции и бројот на починати


Иако состојбата со ширењето на корона вирусот во Македонија е генерално стабилна, бројките од последната седмица сепак пожауваат оти тие одат нагоре – и на новите инфекции и на починатите. Во анализата на Институтот за јавно здравје за периодот од 1 до 7 февруари стои дека биле регистрирани 2.120 нови позитивни случаи, што изнесува зголемување […]

Со речиси 2 милиона евра ќе се заменат времените објекти на Здравствен дом Скопје


За замена на времените објекти од амбулантско-поликлиничка дејност на Здравствен дом Скопје за 2021 година се предвидени 118.000.000 денари, додека за 2022 година 94.400.000 денари, одлучи Владата на денешната седница. Како што соопшти владината прес-служба, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за повеќегодишна јавна набавка на градежни работи, за замена на времените објекти, бараки на […]

Апелација ја преиначи пресудата за сообраќајката кај „Млечен“, сопругата на загинатиот задоволна


Апелацискиот суд во Скопје ја преиначил пресудата за сообраќајката кај „Млечниот ресторан“ во Скопје во октомври 2018 година и наместо условна казна одлучи виновникот да добие две години затвор и две години забрана за управување возило. Информацијата на социјалните мрежи ја потврди сопругата на Гоце Димитриевски, Наташа, која во сообраќајката го загоби сопугот и нивното […]

Пановски: Летоска ќе одиме на езеро, морето е врзано со граници


  Д-р. Никола Пановски уште еднаш го искажа својот став дека на отворено нема потреба од носење маски. – Да се носат маски на отворено, отсекогаш сум бил против. Како рекоа кога ја воведоа мерката, сите и секаде, за потоа да речат дека не важи тоа за на нива. Јас усм седел во ресторан, во […]

Неколку лица се ранети при пукање во болница во САД


Едно лице отворило оган во клиника во американскиот град Бафало и ранило неколку лица. Пукањето се случило денес на клиниката Алина, која се наоѓа на околу 64 километри северозападно од Минеаполис во американската држава Минесота, соопшти полицијата на Бафало за АП. One person in custody after a shooting at an Allina Clinic in Buffalo, Minnesota. […]

Од први јули ќе се издаваат пасоши со „Северна“


Од 1 јули годинава ќе започне издавањето на новите патни исправи на државјаните на земјава со новото уставно име, предвидува меѓу другото Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Македонија, кој помина денеска во прво читање на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу […]

Маричиќ: Прочистувањето во правосудството ќе трае, но создадени се сите предуслови за резултати


Прочистувањето во правосудството ќе трае, нема да се заврши преку ноќ, но создадени се сите предуслови за да имаме резултати. Битката не е завршена, но тргнати сме на вистински пат. Јас ќе бидам задоволен со правда сите случаи на СЈО да имаат завршница, изјави вечерва министерот за правда, Бојан Маричиќ. -Секако дека има правда, но […]

Принцезата Јуџин од Јорк роди син, деветти правнук на кралицата Елизабета


Англија– Принцезата Јуџин (30), ќерка на принцот Ендрју и Сара Фергусон, и деветта во редот на тронот, по сестра си Беатрис, и нејзиниот сопруг, менаџер за брендови во Казамигос, Џек Бруксбанк го поздравија своето прво дете, машко бебе. Бебето е родено денес, потврди Бакингемската палата. „Кралицата, војводата од Единбург, војводата од Јорк, Сара, војвотката од […]

Формула 1 неделава одлучува за воведување спринт трки


Раководството на Формула 1 в четврток ќе го разгледува предлогот за промени во системот на квалификации и воведување спринт трки со цел да се внесе дополнителна возбуда во натпреварувањето и да се привлечат поголем број гледачи. Предлогот предвидува петочни квалификации, а ден подоцна кратки спринт трки во должина од 100 километри без ограничувања во однос на гумите и горивото. Слични иницијативи за воведување спринт трки во минатото не добија поддршка, но ситуацијата е сменета, пренесуваат светските медиуми, […]

Заев ги поддржа средношколците да се најде компромис за матурата


Како одговорна Влада инвестираме во младите луѓе и водиме грижа за квалитетно образование и понатамошен напредок. Свесни сме дека во време на корона кризата е потребно да излеземе во пресрет и низ дијалог да изнајдеме компромисни решенија, рече премиерот Зоран Заев при средбата со претставниците на Сојузот на средношколци во Владата. На средбата, информираат од […]

Сондата на Обединетите Арапски Емирати стаса на Марс


ОАЕ– Првата сонда на Обединетите Арапски Емирати стигна до Марс и успешно влезе во нејзината орбита по седуммесечно патување, што овозможува да испраќа податоци за атмосферата и климата на таа планета. Таа мисија ги прави ОАЕ петтата вселенска агенција што успеа да стигне до црвената планета. Сондата  Хоуп (Надеж) беше лансирана во јули 2020 година […]

Атина во строг карантин до 28 февруари


Грција – Од задутре, четврток до 28 февруари ќе има зголемени рестриктивни мерки во Атика. Ова значи дека се затвора секаков вид малопродажба, а сите нивоа на образование ќе работат на далечина, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во видео пораката што вечерва ја упати до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина. Мерките за областа Атика, […]

Во Албанија рекордни 1.239 новозаразени, меѓу нив и министерот за одбрана


Албанија– Во Албанија во последното деноноќие регистриран е нов негативен рекорд на заразени со Ковид-19, но и на пoчинати лица, како последица на опасниот вирус. Според Министертвото за здравство и социјална заштита од направените 4.562 тестирања, позтивни на врусот се 1.239 што е 27 отсто од тестираните. Меѓу новозаразените е и министрот за одбрана Нико […]

За што всушност станува збор во втората постапка за импичмент на Трамп?


Во американскиот Сенат започнува втората постапка за отповикување на Доналд Трамп од функцијата. За првпат во историјата на САД ваков процес се води против поранешен претседател. За што се товари тој? Какво е обвинението против Донaлд Трамп? Всушност, сето требаше да биде само формалност: Конгресот на САД се состана на 6 јануари за да го […]