Во последната седмица се зголемил и бројот на нови инфекции и бројот на починати


Фото: Б. Грданоски

Иако состојбата со ширењето на корона вирусот во Македонија е генерално стабилна, бројките од последната седмица сепак пожауваат оти тие одат нагоре – и на новите инфекции и на починатите. Во анализата на Институтот за јавно здравје за периодот од 1 до 7 февруари стои дека биле регистрирани 2.120 нови позитивни случаи, што изнесува зголемување од 4,1 отсто во однос на претходната недела.

Во истиот период биле пријавеи 66 смртни слуачи што претставува повеќе за 3,1 отсто во однос на претходната недела.

Позитивниот податок е дека во истиот тој период  многу се зголемил бројот на оздравени пациенти со два негативни теста – вкупно 3.322 лица што е повеќе за 11,6 отсто во однос на претходната недела.

 

Број на заболени според недели од почетокот на епидемијата

Друг загрижувачки податок е што инциденцата на заболени сѐ уште е висока. Според пресекот за последните 14 дена, инциденцата на ниво на државата е дури 200,8 отсто на 100.000 жители. Во Скопје, каде што и понатаму има нјамногу заболени секој ден, инциденцата за 14 дена изнесува 322,5 отсто. Но бројките од последните седум дена покажуваат дека таа е намалена на 163,7 отсто.

Бројките од последните денови покажуваат дека брзо растат новите случаи на инфекции во Кавадарци и Охрид. Можеби е тоа поврзано со британскиот сој на Ковид-19, кој се шири многу побрзо. Кавадарци и Охрид сега имаат најмногу активни случаи после Скопје. Во главниот град има 3.256 активни случаи, додека во Охрид 368, а во Кавадарци 360. Дури потоа се оние познати жаришта Куманово и Тетово, со 255 и 235 заболени лица.

Ако се земат предвид категоризацијата на ризикот и ситуацијата Македонија и натаму е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), според индикаторите на СЗО. (Н.В.)