Пановски: Летоска ќе одиме на езеро, морето е врзано со граници


 

Д-р. Никола Пановски уште еднаш го искажа својот став дека на отворено нема потреба од носење маски.

– Да се носат маски на отворено, отсекогаш сум бил против. Како рекоа кога ја воведоа мерката, сите и секаде, за потоа да речат дека не важи тоа за на нива. Јас усм седел во ресторан, во кафуле надвор, на отворено. Кога грее сонце, кога воздухот е чист, ако седиме на доволно растојание, нема потреба да се носат маски. И пак ќе седам – вели Пановски во „Само вистина“.

Тој додава дека зголемувањето на бројот на заразени се случи во октомври, ноември, кога почнавме да се собираме по дома, поради лошото време.

– Видете, покрај носењето маски, многу е важно проветреноста на просторијата. Во авионите 12 пати се менува воздухот, па гледате дека никаде не се заразиле патници кои се превезувале со авиони – рече Пановски.

Тој смета дека летово ќе одиме на одмор, како што одевме и лани.

– Лани одевме на езеро, се собиравме по плашите и ништо драстично не се случи. И годинава ќе биде така. За море, малку е поинаку, затоа што морето е врзано со граници. Лани се одеше Турција, веројатно тоа ќе се случи и годинава – додава Пановски.