Во Хрватска нови 283 заразени, починаа 26 пацинети


  Во последните 24 часа во Хрватска се забележни нови 283 случаи на зараза со корона вирусот, а тестирани биле 6.878 лица. Бројот на активни случаи изнесува 2.329. Меѓу нив 1.082 пациенти се на болничко лекување, а од нив 93 се на репсиратор. До денеска вкупно се тестирани 1.237.686 лица. Во послденото деноноќие починаа 26 […]

Голема полициска акција во Италија, уапсени 160 лица


 Од утрово, во голема акција на италијанската полиција, 160 лица вмешани во криминал завршија во истражен затвор, пренесуваат италијанските медиуми. Акцијата била спроведена на целата национална територија, а уапсените припаѓале на разни криминални организации, вклучително и на мафијата, кои учествувале во набавка на големо и дистрибуција на дрога. Членовите на калабриската криминална организација „Ндрангета“, кои […]

Мицкоски: Пописот е вулгаризиран пред да почне


Пописот е вулгаризиран во очите на јавноста уште пред да почне, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар во врска со различните ставови на директорот на Заводот за статистика и неговиот заменик во врска со одделни прашања содржани во пописниот формулар. „Јас предупредив дека сето тоа ќе се случува. Од првиот момент […]

Град Скопје: Законите важат и за Апасиев


Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“. -Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса. Пратеникот паркирал […]

Сашко Коцев прогласен за најдобар актер на филмски фестивал во Бејрут


Актерот Сашко Коцев е избран за најдобар глумец на Фестивалот Beirut Shorts International Film Festival, кој се одржа во Бејрут, Либан. Тој е и избран во категоријата за најдобар глумец во интернационален краток филм, а наградата е за филмот „Налепница“ на Георги Унковски. Филмот „Налепница“ неодамна беше избран за најдобар краток филм на 18. издание […]

Премиерот Заев на самитот на Инцијативата 17+1


Премиерот Зоран Заев денеска учествуваше во работата на самитот на Кина и земјите од Централна и Источна Европа 17+1, што се одржа преку онлајн видео конференциска врска. Во свечениот дел од самитот, претседателот на Народна Република Кина, Ши Џинпинг, ги поздрави и им посака успешна работа на шефовите на држави и влади вклучени во иницијативата […]

Во сообраќајки повредени двајца пешаци


Вп две одделни сообраќајни незгди во Скопје и во Делчево, со автомобили се удрени двајца пешаци, а тие со повреди се пренесени во болница. Во понеделникот, во2 7.40 часот на крстосница од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов” и улица 9-ти Мај”, М.С.(39) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “фолксваген” со скопски регистарски ознаки удрил во Л.К.(67) […]

Научниците на СЗО не открија големи нови работи во Вухан


Неверојатно е вирусот да тргнал од лабораторија во Кина, соопштија истражителите на СЗО во Вухан. Првиот регистриран случај во Вухан не е поврзан со пазарот Хуанан   Исклучително неверојатно е коронавирусот да почнал по инцидент во лабораторија во Кина, изјавија денеска истражители на Светската здравствена организација, кои веќе неколку дена се обидуваат да го расветлат […]

Аеродромот Скопје го доби признанието „Гласот на клиентот“ од Меѓународниот совет на аеродроми


Меѓународниот Аеродром Скопје е добитник на признание од Меѓународниот совет на аеродроми наречено „Гласот на клиентот“, со кое им се оддава признание на аеродромите што вложиле и покажале значајни напори во собирање повратни информации од патниците преку програмата за Квалитет на аеродромските услуги, а со цел подобро да ги разберат нивните клиенти за време на […]

МОН не ја коментира најавата за тужба од мајката на „штипскиот Питагора“


Министерството за образование и наука нема да коментира судски постапки, велат од МОН за „Слободен печат“, откако мајката на „штипскиот Питагора“, Никица Давкова изјави дека ќе поднесе тужба против МОН. Давкова најави тужба против МОН откако оттаму одбија да му доделат парична награда за нејзиниот син кој освои прва награда на натпревар по математика за […]

Од утре почнува запишувањето за вакцинација


Од утре се пушта сајтот за пријавување за вакцинација, најави денеска министерот Венко Филипче по обиколката на поликлиниката Бит Пазар каде се сместени фрижидерите планирани за складирање на вакцините на кинески „Синофарм“ кои веќе се порачани и се очекуваат да пристигнат со авионски транспорт до крајот на месецот. -Ќе може да се пријави буквално секој […]

Харадинај: Косово и Албанија ќе имаат еден претседател


Лидерот на Алијансата за иднината на Косово и кандидат за претседател на Косово, Рамуш Харадинај, кој пред неколку дена изјави дека ако до 2025 година Косово не биде дел од НАТО, тој ќе побара референдум за обединување со Албанија, во екслузивно интервју за албанската Ора њуз телевизија даде детали за заедничката унија Косово – Албанија. […]

За вакцинација се пријавиле 4.000 здравствени работници


Дневниот капацитет за вакцинирање е 880 лица во сите поликлиники во здравствениот дом во Скопје и дополнителни 500 во пунктот во Клиничкиот центар во Скопје, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче. – Имавме работен состанок за тоа како практично ќе се спроведува процесот на вакцинација. Оној план кој го направивме е оперативен, согласно бројот […]

Филипче: Засега нема индикација дека треба да има заострување на мерките


 Засега нема индикација дека треба да има заострување на мерките. И понатаму се прават интензивни анализи на типот на вирусот, детектирана е таа варијатна на британскиот сој на вирусот, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека вчера имал средба со британската амбасадорка, размениле искуства во однос на тоа како почнал овој силен бран […]

Видео: Прес-конференција на директорката на УЈП, Сања Лукаревска и директорката на ДИТ, Јована Тренчевска


Проследете ја прес-конференцијата на директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и директорката на Државниот инспекторат за труд Јована Тренчевска.

Едно евро доволно за почнување бизнис, предвидуваат измените на Законот за трговски друштва


Секој што има идеа за водење бизнис, ќе може за само едно евро да основа друштво со ограничена одговорност. Ова го предвидува Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за трговски друштва што денеска го помина првото читање пред собраниската Комисија за економски прашања. Според предлог-измените, за микро и малите фирми тие ќе бидат […]

Иран почна вакцинација против Ковид-19


Иран денеска почна кампања за вакцинација на населението против коронавирусот. – Почнавме национална вакцинација против Ковид-19, истакна иранскиот претседател Хасан Рохани, кој преку видео-конференција учествуваше на церемонијата организирана во болница во Техеран. Пред почетокот на вакцинацијата Рохани им оддаде почит на здравствените работници кои ги загубија своите животи во борбата против коронавирусот. Првиот контингент на […]

„КЛМ“ го изведе првиот патнички лет со одржливо синтетичко гориво во историјата


Авиокомпанијата „КЛМ“, во соработка со „Шел“ и холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство, го реализираше првиот комерцијален патнички лет со одржлив синтетички керозин. На патничкиот лет на КЛМ од Амстердам до Мадрид, се користело мешавина од 500 литри одржлив синтетички керозин, произведена од „Шел“ во неговиот центар за развој во Амстердам. Горивото се произведува врз […]

Средношколците на средба со Заев, попрво ќе кампуваат отколку да фатат книга


 Претставници на Сојузот на средношколци предводени од претседателот Бленди Ходаи денеска во 16 часот ќе бидат примени од премиерот Зоран Заев, откако вчера пратија писмо до Кабинетот на претседателот на Владата со барање за средба за да разговараат за државната матура. Во писмото до премиерот тие побара средба на која ќе ги изнесат нивните две […]

Владата го дообјаснува пописот на дијаспората по разногласието од ДЗС


 Попишувањето на лицата државјани на Северна Македонија кои во периодот на спроведување на пописот  живеат или престојуваат во странство ќе се врши по пат на самопопишување, односно саморегистрација преку онлајн-апликација достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика (ДЗС), во периодот од 1 март до 21 април 2021 година, соопшти Владата. – Овие граѓани влегуваат […]