И случајот ,,Шпански скали” почна одново


Поради истекување на 90 дена од последното одржано рочиште денешното судење за предметот „Шпански скали” почна одново. Прво обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, на повторните воведни зборови рече дека не се чуствува виновен и дека докрај не му е јасно обвинението. Слични изјави дадоа и другите обвинети кој меѓудругото посочија дека […]

Организацијата на работодавачи бара построги критериуми за добивање државна помош


Да се воведат построги и посоодветни критериуми за претпријатијата кои ќе конкурираат за државна помош, бара Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) и апелира петтиот пакет неодложно да се донесе, да се прилагодат критериумите за пристап до заемите за ликвидност, како и да продолжи кофинансирањето на инвестициските активности на фирмите. Најновото истражување на ОРМ спроведено […]

Во Словенија поради Ковид-19 починаа уште 19 пациенти


Во Словенија во последните 24 часа на корона вирус тестирани се 11.253 лица, од кои 357 биле позитивни на висуот. Во истиот период починаа уште 19 пациенти, пренесе ТВ Словенија. Во моментот, активни се 14.437 случаи. На болничко лекување се 945 пациенти, од кои 162 на интензивна нега. Дозволена работа на продавниците до 400 метри […]

Финансиските директори очекуваат зголемување на невработеноста и раст на БДП помал од 0,5 отсто


Вкупно 57 отсто од финансиските директори во Северна Македонија очекуваат раст на стапката на невработеност и сметаат дека годината која е пред нас не е вистинско време за преземање поголеми ризици, 14 отсто се оптимисти во однос на финансиските изгледи во 2021-ва, а 57 проценти не очекуваат големи промени. Исто така, 57 отсто од финансиските директори […]

Атина пред целосен и строг карантин


Мојата препорака до комисијата ќе биде една куса, строга хоризонтална мерка, односно локдаун, веројатно како минатиот март, рече министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, говорејќи утрово за телевизијата „Open“, задржувајќи се посебно на областа Атика, додека, пак, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис свика вонреден состанок за да се оцени епидемиолошката ситуација во земјата, јави дописничката […]

Уапсени полициски службеници поврзани со криминалната група на Вељко Беливук


По вчерашната најава на Советот за национална безбедност со кој претседаваше претседател Александар Вучиќ, за санкционирање на оние лица од редовите на државата, кои соработувале, помагале или им давале информации на криминалната група на Вељко Беливук (Веља Невоља), синоќа српската полиција уапси двајца полициски службеници, од кои едниот е поранешен началник на Одделот за сузбивање […]

Програма за намалување на аерозагадувањето меѓу точките на редовната владина седница


Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 44-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните. На денешната седница пред министрите на Владата ќе се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за инвестициски фондови. На предлог на Министерството за финансии на оваа седница на дневен […]

Во Бугарија пак расте бројот на нови случаи и починати


Бројките од корона вирусот во Бугарија па одат нагоре. Во последните 24 часа, регистрирани се 1.115 нови случаи на корона вирус во извршени 11.637 тестови. Од тестирањата 4.574 тестови биле со PCR метод и 7.063 со брзи антигени. Ова значи дека позитивните резултати се 9,58% од сите извршени тестови. Бројката на починати се искачи на […]

Рокот за доставување на договорите за студентска стипендија истекува в петок


Сите студенти кои стекнале право на користење студентска стипендија во учебната 2020/2021 година преку редовниот и дополнително објавениот конкурс, најдоцна до петок, 12 февруари 2021, треба да го достават договорот до Министерството за образование и наука. Потребно е  да испечатат и пополнат три примероци од договорот за соодветната стипендија и заедно со копија од трансакциска […]

Снежното невреме предизвика хаос на автопатите во Германија


Невремето со големи снежни вренежи предизвика хаос на патиштата низ Германија, а на автопатот А2 бројни возачи ја поминаа цела ноќ во своите возила. На А2 кај Билефелд, по сообраќајка, се формира колона долга повеќе десетици километри, која ги парализира возилата повеќе од 16 часа. Автопатот беше затоврен во двата правци, откако камиони се излизгаа. […]

Денеска самит на Кина со европските партнери, нема најава кој ќе учествува од Македонија


Неполни дваесетина дена по инаугурацијата на Џо Бајден за американски претседател и неговите најави дека ќе застане поцврсто против Кина, Пекинг го објави организирањето на самитот познат како „17+1“ од иницијативата „Појас и пат“ со своите европски партнери. Меѓу нив е и Македонија. Првично, самитот требаше да се одржи лани во април, но беше одложен […]

Светлосниот „React/or“ ги потсети скопјани на стариот сјај на Пошта (ВИДЕО)


Изминатиот викенд заврши светлосната инсталација “React/or”, која изминатиот месец и половина беше поставена на фасадата на шалтерната сала на Македонска пошта. Инсталацијата е авторско дело на светлосниот дизајнер Мартин Димитријев и е во рамки на европскиот ROCK проект, во соработка со Младински културен центар – МКЦ, Град Скопје и АД „Пошта на Северна Македонија”.

Штајнмајер ја налути Украина


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер ја разлути Украина со изјавите за дипломатската вредност на гасоводот Северен поток 2, преку кој треба да се доставува руски гас во Европа. Украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник за германската новинска агенција ДПА изјави дека „сомнителните историски аргументи“ на Штајнмајер во Украина предизвикале „чудење и индигнација“. Претходно, Штајнмајер во интервју […]

Кина прави самити со Источна , тргува со Западна Европа


По откажувањето минатата година поради пандемијата, состаноците Кина-Централна и Источна Европа се враќаат, иако во видео формат. Неколку часа пред состанокот на највисоко ниво на групата „17 + 1“, во која е вклучена и Макеоднија, не беше сигурно дали ќе се одржи, а очекувањата се многу различни од оние во 2018 или 2019 година. Иницијативата […]

Хакери се обиделе да ја затрујат водата за пиење во Флорида


Хакери упаднале во системот за снабдување со вода во градот Олдсмар во американската сојузна држава Флорида и се обиделе да ја затруат водата, соопшти локалната полиција. Хакерите го зголемиле количеството на содијум-хидроксид, што се додава во водата во мали количини поради регулирање на киселоста, но е опасен над дозволеното ниво. Хакерскиот напад бил на време […]

Фејсбук ја засилува кампањата против дезинформациите за вакцините


Фејсбук повторно ја менува својата политика и најави неколку мерки за борба против дезинформациите за вакцините, вклучително и отежнато пронаоѓање на налози на Инстаграм, со кои се обесхрабруваат луѓето да се вакцинираат. Фејсбук вчера соопшти дека ќе ги интензивира напорите за отстранување на лажните тврдења на својата платформа и на Инстаграм за Ковид-19, за вакцините […]

Суарез го постигна 16. лигашки гол и го повтори резултатот од минатата сезона (видео)


Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез ги постигна двата гола за неговиот тим во синоќешниот натпревар (2:2) со Селта од 22. коло во Примера. Триесет и четиригодишниот Уругваец го постигна својот 16-ти лигашки гол по само 20 одиграни натпревари на Атлетико сезонава. Суарез исто толку погодоци имаше за цела сезона 2019/20 кога настапуваше за Барселона. […]

Бесими: Петиот сет на мерки е за ревитализација и развој на економијата


Мерките од петтиот сет предвидуваат грантови за остварени позитивни економски резултати, финансиска поддршка на извозот, значително зголемен пристап до кредити и ликвидни средства преку фондови – односно низа мерки кои ќе ја поддржат развојната компонента и генерирање на раст, пишува во неговата колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој посочува дека новиот сет на мерки, […]

„Амазон“ го почнува својот најголем проект за обновлива енергија


Американската компанија „Амазон“ постигна договор за набавка на 380 мегавати енергија од „Холандсе курст норд“ – ветерна електрана на крајбрежјето на Холандија. Ветерната електрана ја раководи „Кросвинд”, конзорциум на „Ројал дач шел“ и „Eнeкa“ и сопственост на јапонскиот „Мицубиши“. Според „Амазон“, овој проект наречен „Амазон-Шел ХКН“, е нивниот „најголем проект за обновлива енергија“ на едно […]

Доаѓа ли крајот на атомската енергетика?


Во моментов во 32 земји во светот има 413 нуклеарни реактори, но, според извештајот на Светската нуклеарна индустрија, во 2019 година нуклеарната енергија опфаќаше само 10 проценти од светските потреби за електрична енергија. Ова учество беше највисоко во 1996 година, кога изнесуваше 17,5 проценти. Повеќето реактори се изградени во Европа, САД, поранешниот Советски сојуз и […]