Австриецот Шварц светски првак во алпска комбинација


Италија– Австриецот Марко Шварц ја освои денеска титулата во алпска комбинација на Светското првенство во скијање што се одржува во италијанскиот зимски центар Кортина д “Ампецо. Шварц (25) до својата прва светска титула во кариерата стигна со најдобро возење во слалом, дисциплината во која е доминантен во Светскиот куп. -Супервелеслаломот беше многу интересен и заврши подобро отколку што се надевав, додека […]

Недела да биде ден за одмор – тема на состанокот на Шахпаска со Синдикатот на Клинички центар


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оддржа онлајн состанок со претставници на Синдикатот на Клинички центар, на кој се разговараше за законското решение недела да биде ден за неделен одмор. Од страна на Синдикатот, како што соопшти Министерството, биле посочени предлог решенија кои би одговарале на здравството како особено комплексна дејност каде […]

Објавена „Бела книга“ за наводните масовни репресии против Бугарите и бугарскиот јазик во Македонија


Во Софија денес беше презентирана таканаречената „Бела книга за јазичниот спор меѓу Република Северна Македонија и Бугарија“ која треба да се преведе на неколку јазици и да се шири во светот за да ја засили бугарската пропаганда во однос на нашата држава и да ги убеди земјите во Европа во вистинитоста на аргументите околу бугарскиот […]

Пандемијата не беше пречка – Полска лани го зголеми извозот за 2,8 отсто


Полскиот извоз се зголеми во пандемиската 2020 година, поттикнат од зголемените испораки до соседна Германија, најголемата економија во еврозоната, покажаа податоците на заводот за статистика ГУС објавени во понеделникот. Полскиот извоз се зголеми за 2,8 проценти во 2020 година, на 1,052 милијарди злоти. Изразено во евра, тој беше речиси непроменет во споредба со 2019 година […]

Фатен Азербејџанец баран со потерница


Денеска, во 11.50 часот во Скопје полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- Отсек за меѓународни потраги го приведоа Б.А. (47) од Азербејџан, по распишана меѓународна потерница од Интерпол Баку, Азербејџан, кој се барал за издржување на казна затвор во времетраење од 12 години. Секторот за меѓународна полициска соработка продолжува со активностите за приведување […]

УЕФА ја претстави новата топка на Лигата на шампиони


 Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денеска ја претстави топката со која ќе се играат завршните натпревари од актуелната сезона во Лигата на шампиони (ЛШ), образложувајќи дека новиот дизајн го симболизира одбележувањето на дведеценискиот јубилеј од првото појавување во јавноста на „ѕвездената топка“. Изработена како и досега од германскиот производител на спортска опрема „Адидас, на новата топка […]

СТО доби нов генерален директор – Нигеријката Нгози Окоњо-Ивеала, дипломирала на Харвард, докторирала на МИТ


Светската трговска организација (СТО) денеска ја назначи Нигеријката Нгози Окоњо-Ивеала за нов генерален директор на таа институција. Тоа е првпат жена, но и Африканка, која е на таа функција. По неколкумесечно блокирање на процесот од страна на претходната американска администрација, претседателот на САД Џо Бајден ја отстрани главната пречка за назначување на Нгози Окоњо-Ивеала на […]

Ковид-19: ЕУ ги омекнува правилата за авиотранспортот


Европската Унија денеска одобри ревидирани флексибилни правила за авионскиот сектор кој е еден од најпогодените од пандемијата, за да се намалат загубите и последиците врз животната средина, јави дописничката на МИА од Брисел. Советот на ЕУ одобри продолжување на дозволите за летање на авиокомпаниите. Во редовни услови, компаниите мораат да реализираат најмалку 80 отсто од […]

Во светот од коронавирус починаа 2,4 милиони луѓе


Два милиона и 400.543 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека 108 милиони и 785.960 беа заразени. Од официјалниот број заразени, 66 милиони и 547.800 лица се сметаат за излекувани.   Како што пренесуваат странските агенции, бројот на официјално заразени не го одразува реалниот број на заразени, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им […]

ГП Евзони во среда и четврток ќе биде затворен поради штрајк на грчките цариници


Поради штрајк на грчките цариници, граничниот премин Евзони од 05:00 часот на 17 февруари до 08:00 часот на 18 февруари 2021 година ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи по добиената информација од колегите од Република Грција.   Исто така, информираат дека товарниот сообраќај на граничните премини Деве […]

Над 46 илјади граѓани се пријавиле за вакцинирање преку онлајн апликацијата, а 13.511 преку матичните лекари


Вкупно 46.023 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против Ковид-19 преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“. Преку матичните лекари пријавени се 13.511 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство. Веб страницата беше пуштена минатата недела, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе […]

Албанската министерка за образование Евис Куши е позитивна на Ковид-19


Албанската министерка за обрзование, спорт и млади, Евис Куши, како што самата објави на својот профил на Фејсбук, е позитивна на коронавирусот, наведувајќи дека се наоѓа во самозлоација и оти работните обврски ќе ги обавува од дома. „По тестирањето за Ковид-19, ве известувам дека имав позитивен резултат. Во моментов сум во карантин, следејќи ги сите […]

Заразени уште 1.331 во Србија, починаа 15 луѓе


  Според последните информации, во Србија во последните 24 часа потврдени се уште 1.331 случаи на заразени со Ковид-19, а починаа 15 лица. Вкупно досега во Србија од корона вирус заболеле 422.210, а починале 4.245‬. Процентот на смртност е 1,01 отсто. Досега се тестирани 2.775.719 гараѓани, а 5.550 во последните 24 часа. ВО болница се […]

Албин Курти вели дека почнуваат со реформи, дијалогот со Србија е на шестото или седмото место


Кандидатот за иден премиер вели дека дијалогот со Србија е второстепен, но од Брисел веднаш изјавија дека тој треба да биде на врвот од агендата   Лидерот на движењето Самоопределување и кандидат за премиер на Косово, Албин Курти, изјави дека победата на неговата партија на предвремените парламентарни избори е можност за започнување на реформите што […]

Полициски службеници извлекоа шест лица завеани во Прилепско


Полициски службеници во соработка со пожарникари денеска извлекоа шест лица од прилепското село Вепрчан, кои поради снежни наноси не можеле да излезат од селото од 13.02.2021, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска околу 12:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка […]

Пандемијата ги „затвори“ градежниците дома – лани пад од 42,7 отсто на извршената работа во странство


Во периодот јануари‒декември 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 211,9 милиони денари, што е за 31,1 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според податоците на ДЗС, во текот на 2020-та градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во […]

Д-р Пановски: Треба да се вакцинираат повеќе од 2.500 луѓе дневно


 Никола Пановски смета дека Македонија тешко дека ќе го постигне истиот капацитет на вакцинирани, односно дека ќе биде потребно во земјава дневно да се вакцинираат по 5 илјади граѓани. „Треба да сме свесни дека има луѓе над 70 години кои не сакаат да се вакцинираат. Моите пресметки се дека со 2.500 вакцини дневно, ќе оди […]

Oткупот и продажбата на земјоделски производи помали за 22,4 отсто


Вкупно 6.118.213.000 денари изнесува откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2020 година што е намалување за 22,4 отсто во однос на истиот период во 2019 година. Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 26,8 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи […]

Синдикалната минимална кошничка во јануари 33.650 денари


Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 денари. Како што соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), од елементите што ја сочинуваат кошничката, на исхрана и пијалаци отпаѓаат 14.021,96 денари, на домување 10.817,34, на хигиена 2.375,68, на превоз 2.483,93, на облека и обувки 2.157,25, на култура 1.067,86, додека на одржување на здравје […]

Регистрирани само 51 нови случаи со Ковид-19, девет починати и 308 оздравени пациенти


Во последните 24 часа се направени 755 тестирања, а регистрирани се 51 нов случаj со Ковид-19, што изнесува само 6,7 отсто. Малиот број на тестирања веројатно се должи и на многу лошото време и снегот во текот на вчерашниот ден. Новите инфекции според градови: Скопје – 25, Прилеп – 9, Кавадарци – 7, Струмица и […]